Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Аха, значи на Тиаго бил пасот. Браво, браво, гледам и дефанзивно се залага. Значи сега имаме опции колку сакаш и буквално за секоја тактичка варијанта... На Пеп останува ова се да го вкомпонира и да ги држи сите среќни и задоволни. Мислам дека нема играч на земјава што не би сакал да игра за нас, па макар и значело дека наместо да изигра 70 натпревари во сезоната изиграл 40.

Инаку водиме 3:1 на полувреме со Гладбах и Тиаго го постигна првенецот.
 
Од Штарке дресов е ебење. Мора да земам таков.
 
Охохохохохххохооооо Робен со ќелавицата. Ама какво нафрлување само од Рибс, како го најде измеѓу овие од Гладбах :pipi:

EDIT

За 120 минути 9 гола без ни да се трудат озбилно.

Петтиов гол пак :drk:
 
Едно полувреме ќе изгледаш и :eek::eek::eek:.Секој натпревар различна тактика а играат како "да се подмачкани".Страшно!:eek:

:cuc::cuc::cuc:

Сезонава во бундес минимум 110 гола a сезоната се отвара со петарда против Гладбах,нормално, да им вратат за тоа што правеа проблеми последниве две години во меѓусебните дуели.



Освен чиста доминација следнава сезона,друго не можам да очекувам.:свиркам:

Дортмунд :pipi:

282860.jpg
 
Страшни се.
Рибери и Робен се многу опасна комбинација, да го додадеме и Милер кој нонстоп трча и се открива у пм колку само се јаки. Плус Крос, Гетце, Тиаго, Манџо, Швајни било кој од овие да искомбинира ќе имаме убиствен напад. Некако ми делуеше дека немаше никој стриктна позиција туку се менуваа,сепак играта беше добра.

Некако ми делува одбраната слабо на контри. Против добро организирани тимови во одбрана како Челзи што ќе е под Мурињо, Реал и Дортмунд незнам дали ќе е добро тоа.
Сепак без Швајни,Мартинез, Данте и Ноер игравме можеби и затоа ми делуваа слабо во одбрана.
 
Контенто почетничка грешка направи. Поклон пеналче. Немораше да клизне.
 
Не ги гледав двата натпревара против Хамбург и Гладбах ама како што гледам хајлајтс Тиаго многу добро одиграл можеби и најдобро. Значи Тиаго покрај Швајнштајгер и Рибери е сигурно дека ќе играат како стартери во поголемиот дел од сезоната. Мислам на средината и офанзивата. За Мартинез не знам што планира Пеп дали како стопер или ДМ. Ќе видимe.
 
Денешниот петти гол беше ремек дело.(y)Додуша сите беа кој од кој.

Не ги гледав двете први полувремиња вчера и денес па не не можам да кажам што како за Рибери,но тоа што го видов во тие 60 минути е страшно.Како се уфрла неприметно,секоја чест.Сезонава > мин 35асистенции+ голови ..

Читав нешто вчера дека Рибери не играл толку добро на новата позиција но штознам мене ми се допаѓа.Отвара многу простор и ги ремети противнициве.
Исто доста брзо ги почнаа подготовките,во полна пареа е динамото.
Дортмунд се бунеа па ги сменија полуфиналните двојки,инаку ќе го јадеа немиен(Еднаш се спасија,вториот пат Вајдефенфелер ги спаси:icon_mrgr: ).



Се гледа раката-мозокот на Пеп во овие натпревари.Толку брзо играат на моменти а сепак директни и прецизни пасови што ги излудуваат одбранбените играчи.Пресингот е многу страшен,играчи на лагер колку му душа сака ако некој даде душа:cautious: .

Ми се допаѓа како се бранат на прекини,исто замените му се навремени.Се уште е рано да се каже што како,но овие два натпревари беа нехумани.Реално е годинава да се очекува 100 поени во БЛ.:cool:

Кога ќе ми текне деке Гетце не го видовме се уште :giggle:,Басти,Мартинез итн.


969558_651149318245928_2101436592_n.jpg



:свиркам:
 
Денес Рибери си играше на старата позиција лево а вчера играше во средина, али рече Пеп ќе испробува позиции ете и Лам играше во средина денес како и да е пошто во БЛ сме многу јаки а и денес ги утепавме на пресинг уште на нивна половина не им даваат топка да изнесат тешко дека ќе видиме ДМ играч во БЛ најчесто ќе играме вака претпоставувам
-----------------Швајни
----------Тиаго---------Крос
Геце------------------------------Рибери
-----------------Милер

а со ротација и со одмор на Швајни да речеме може и уште поофанзивна формација
----------------Тиаго
--------Крос-------------Геце
Робен-------------------------Рибери
---------------Милер

у вторава формација Тиаго и Крос може да се мењаат и денеска во второто полувреме се сменија односно Крос се спушти ко последен играч од средина а Тиаго отиде понапред на неговото место.


Како и да е сите овиее формации се самоубиство против јаки тимови во ЛШ односно против добри контрашки тимови како Реал и Дортмунд така да во ЛШ ќе мора да си игра Мартинез ДМ
 
Немаме друг играч како Густаво, ни треба типичен копач ќе има утакмици нема да оди тоа тика-така whatever срањето, ќе треба да се браниме и на контри да играме... Одличен играч и нејќам да си оди, а и не верувам дека и Пеп сака да го продаде. Е сега ако е луд да оди да игра во fucking Волфсбург нека оди. Слушнав дека у Манчестер се отвориле места за 1,2,3 или 4 играчи од негов тип.:icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom