Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Баерн им платија 40 милиони на федерацијата кога го договорија трансферот на Мартинез,а потоа федерацијата тие пари им ги префрли на Билбао за загубата на играчот.Тоа беше легален начин да не се платат такси и слични работи.Е сега истото може да се случи и со Тиаго,Барса не ни треба да ја прашуваат ако навистина имаат намера да го купат.

uWd0I4pdEl5chiHERUYB.gif


Me reading this and hoping to not find anything official as I don't want him here.
:pos:

Jaqen H'ghar

Би требало таа формација да ја користи и се сложувам дека одбраната ќе биде ужас.Лам и Алаба ќе одат многу понапред(Дани Алвес и Алба,Адриано) а Швајни ќе треба да се враќа поназад како Бускец. Тогаш останува само еден класичен одбранбен играч + двајца ДМ.Поголема глупост не можам да замислам.

Минатава сезона имаа неверојатен успех во поглед на примените голови,сега ќе го користи Хави Мартинез кој нема да биде задоволен со новата позиција а и не може да се навикне на одбрана скоро сигурно.hint Маскерано.
Кога ќе е најважно ќе киксне,а Хави малку е брзоплет,дефинитивно не е за во одбрана.Данте и Боатенг вистински бедем се во одбраната,немам поима зашто некој би сакал да го растури тој тандем.
Боатенг првата полусезона ја одигра феноменално но потегот против Бате му ја намали минутажата.Што да кажам за финалето во ЛШ? Фантастичен перформанс,можеби и најдобриот меч во сезоната за него.Затоа не можам да разберам,зашто тој би бил резерва на Хави кој не може ни одприлика добро да изигра како него на таа позиција ?

Хави Мартинез е класичен ДМ,не е ни за малку понапред ни за поназад.Најдобриот играч во светот на оваа позиција.:cuc: Швајни иако игра како ДМ,тој повеќе го крои патот на топката и ја осигурува играта со течни и прецизни пасови,со смиреност и умешност.Јуп дефинитивно успеа да го подигне овој тандем на едно високо ниво.

Милер или Робен е прашање кој ќе игра во првиот тим ? Јас не можам да се одлучам за ниедниот.

Итн...

Со доаѓањето на Тиаго само добиваме во тоа што Пеп ќе си го навлажни куренцето,а од друга страна тројца стандардни играчи ќе бидат резерви.Тоа би биле Боатенг/Данте,Манџукич,Крос/Милер/Робен.

На Крос и Густаво во 2015 им истекуваат договорите,еден ќе замине сигурно.Јас не би сакал никој,но потезите на Пеп во Барса му беа ригорозни и му се исплатеа.Очајни трансфери правеше тоа мора да се признае,но го вадеше максимумот од моменталните играчи.Зашто тоа не сака да го направи и во Баерн ?

Барса е минато во поглед на непобедливост,и неговата тактика беше убедливо поразена/надиграна .Дали е свесен дека тики таката е веќе прочитана сказна ?

Исто сезонава морам да напоменам дека минимум 11 играчи ќе бидат резерви..Кои јунаци ќе бидат тие кои ќе сакаат да бидат дубоки резерви ?

Ете им шанса на Манчестер за Густаво,ако сакаат да земат јак играч на позиција "копач".:rolleyes:

И за крај,
In Javi Martinez, they have stability, in Bastian Schweinsteiger calm and in Toni Kroos class. Thiago, while a good player and an €18 million bargain, brings nothing new to the table.
 
Јас мислам дека вака би изгледала формацијата:
4-1-2-2-1 (изведено од 4-1-4-1)
Form.PNG

Напред: 6 играчи - 3 позиции
Средина: 5 играчи - 3 позиции
Одбрана: 8 играчи - 4 позиции
Гол: 2 играчи - 1 позиција

Младите ќе играат по потреба, ако има слободно место или поволен резултат. Исто и за Пизаро.
Цел концепт претставен вака, по мое изгледа одлично. Како и да е, ова е само мислење.
 
Jackdraw

Јас оваа формација + тактика,би ја прифатил веднаш со тоа што Швајни би го повлекол поназад.Но,факт е дека Пеп ќе ја смени тактиката а и на Тиаго му гарантира дека ќе игра,бидејќи нели тој играл пет позиции.Јас се убив мислејќи не можам да сфатам кои се тие пет позиции..:unsure:
 
Jackdraw

Јас оваа формација + тактика,би ја прифатил веднаш.Но,факт е дека Пеп ќе ја смени тактиката а и на Тиаго му гарантира дека ќе игра,бидејќи нели тој играл пет позиции.Јас се убив мислејќи не можам да сфатам кои се тие пет позиции..:unsure:

3 до 5 мислам дека кажа Пеп. Имаш средина, имаш зад напаѓачот, лево крило и кој знае може и шпиц има играно некогаш по потреба во младинските категории во Барса. :) Не дека во Баерн ќе игра на 5 позиции, ама во секој случај ќе игра, бидејќи баш заради тоа си оди Тиаго од Барса, дека сака да игра и да се бори за место во тимот на Шпанија за претстојното СП. :)
 
6ката е најдобра позиција за Швајни, на други позиции неможе да биде толку корисен како сега.
 
3 до 5 мислам дека кажа Пеп. Имаш средина, имаш зад напаѓачот, лево крило и кој знае може и шпиц има играно некогаш по потреба во младинските категории во Барса. :) Не дека во Баерн ќе игра на 5 позиции, ама во секој случај ќе игра, бидејќи баш заради тоа си оди Тиаго од Барса, дека сака да игра и да се бори за место во тимот на Шпанија за претстојното СП. :)

Баерн ќе го разигрува Тиаго за светското,а некој од германците кои се прв состав и во клубот и репрезентацијата ќе треба да седат на клупа доста време.Изгледа многу сурово ? :cautious:

Е сега за позициите на Тиаго тоа е чист non sense.Тој го бива за CM и AMC.За напаѓач не викам не,штом Пеп вика дека Манџукич би бил добар играч во одбрана а Шаќири лев бек се е можно.Going mad at the moment.:icon_mrgr: За Шпанците играше полу-шпиц а Коке и Иљараменди играа на позициите кај што играат Мартинез и Швајни.

А со Дел Боске на клупа,нека не размислува на играње во првата постава.Се знае кои играчи ќе играат.Стариот не е познат по менување на ирачите.


И кој го ебе лигушот,Баерн II почнаа во лигата.Од 4-та минута со голот на Фишер водат 1-0,против Хејмштетен на гости.Годинава е нивна сезона,само им се потребни Грин,Хојбјерг,Вајраух и Шмитц.:cool:
--- надополнето: 13 јули 2013 во 14:22 ---
6ката е најдобра позиција за Швајни, на други позиции неможе да биде толку корисен како сега.

Тој мора поназад да игра,не ќе можат да ја извлечат топката инаку.Тоа годинава се виде кога не играше Швајни босот.Триста проблеми излегоа со отсуството негово.
 
Спорт пишува дека цената ќе биде 22м. Очигледно е дека Тиаго не сака да продолжи во Барца. Доколку не прифати Барца продажба, минимално што би чинел трансферот на Тиаго е 26м евра.

1373668797380.jpg
 
Спорт пишува дека цената ќе биде 22м. Очигледно е дека Тиаго не сака да продолжи во Барца. Доколку не прифати Барца продажба, минимално што би чинел трансферот на Тиаго е 26м евра.

1373668797380.jpg

Штом за Мартинез ја платија само клаузата,зашто тоа не би било во случајов и со Тиаго
?
 
Штом за Мартинез ја платија само клаузата,зашто тоа не би било во случајов и со Тиаго
?

За Мартинез ја платија цената која беше во каузулата (не ја активира без согласност на Атлетик). Доколку некој во Шпанија купи играч така без согласност од клубот во кој е (аквизиција а не трансфер) должен е да плати 44% данок.
 
За Мартинез ја платија цената која беше во каузулата (не ја активира без согласност на Атлетик). Доколку некој во Шпанија купи играч така без согласност од клубот во кој е (аквизиција а не трансфер) должен е да плати 44% данок.

Јас се мислам дека Билбао не ја прифати никогаш понудата,туку дека Баерн ја заврши работата без да бидат прашани тие.Му префрлија пари на Мартинез,тој до федерацијата а потоа федерацијата тие пари ги префрлила на сметка на Билбао,за загубата на играчот.И со Лизаразу беше истата ситуација кога го купија од Билбао.Ја платија сумата наведена во клаузата.
Сакаа да ги тужат Билбао на Баерн,но ништо од тоа изгледа .

Ете и Љоренте не го даваа тие,така да сигурен сум дека никогаш Билбао не ја прифати понудата.
 
На Љоренте му заврши договорот мислам. Атлетик не прифати да го продаде лани за 15м евра (од инат) и сега си отиде без пари во Јуве.
Слично на тоа што Дортмунд сега го прави со Левандовски ако не и исто.

Еве имаш сега слична ситуација со Иљараменди. Клаузулата беше 30м евра и Сосиедад е многу тежок на преговори. Така да Реал им понуди нешто ситно над клаузулата 33м евра и тие прифатија. Доколку се инатеа можеше Реал да плати 30м за нив и 12м данок на државата и така ќе изгубеа и двата тима.

(оваа ситуација не е 100% сигурна бидејќи има некои кавги поради цифрите)
 
Јас не се замарам многу, Пеп има слобода нека проба што сака. Иам доверба у него, и финтата кај нас е што ако нешто тргне наопаку со формациите, ги ставаш Робен и Рибери во игра, Милер у средината на трчка као кученце, и им викаш do your stuff!!! И завршена работа.

Моите најверојатни формации, барем против не толку јаките екипи ќе играме вака.


-Лам-Мартинез-Данте-Алаба-​
-Швајни-​
-Милер-Тиаго-Крос-Рибери-​
-Гетце-​
-Лам-Мартинез-Данте-Алаба-​
-Швајни-​
-Милер-Гетце-Крос-Рибери-​
-Манџукиќ-​
Ако се сеќавате Германија играше 4-1-4-1 против Бразил во Штутгард, кога пред Швајни играа Крос и Гетце заедно и растураа.(y) У овие формации, и Робен ќе добива шанса, Шаќири сигурно ќе го менува Рибери.​
Сезоната е долга, Пеп ќе имплементира пресинг тактика како таа на Барса у 2009, многу физички напорен систем за играчите. Ќе ротираме со што играчите ќе бидат посвежи и ќе ги намалиме шансите за повреди поради напор како она на Крос на крајот на сезоната лани. Младите играчи не треба многу физички да се форсираат како Гетце шо играше у Дортмунд секоја ебана утакмица од 18 години.​
Е сеа колку оваа формација ќе е добра, посебно против некои јаки екипи незнам. Мартинез може да игра ДМ и Швајни и Крос пред него, што би било слично како лани. Факт е дека е опасна формација, но у Барса функционираше поради поседот што го имаа и пресингот што го играа. Ние ги имаме и двете работи и треба да ги усовршиме. Јас едвај чекам да почне сезоната, како што кажав пред некоку месеци, нова ера почнува. :)
 
Изјава на Тијаго:
Thiago: "Ich will zu Bayern"
Тијаго: Јас сакам во Баерн.


München - Pep Guardiola hat mehr als deutlich gemacht, dass er unbedingt Thiago Alcantara verpflichten will. Dem Spieler geht es genauso: "Ich will zu Bayern", soll der 22-Jährige gestern dem FC Barcelona mitgeteilt haben.
http://www.tz-online.de/sport/fc-bayern/thiqago-alcantara-will-unbedingt-zu-bayern-3004413.html


Епа работава е повеќе од готова.Ај да видиме што ќе биде понатаму.
 
Хејмштетен 0:6 Баерн II :oops:
Вечер и Дортмунд да ги ѕирнеме до кај се. :свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom