Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Како што разбрав поради комплицирани безбедносни мерки и поради тоа што уефа налага кореографијата да се постави во петок навивачите на Дортмунд се откажале од правење кореографија додека навивачите на Баерн сеуште бркаат работа и бараат помош за во петок и најверојатно ќе има кореографија од страна на навивачите на Баерн

http://newsletter.clubnr12.de/

https://twitter.com/honigstein/status/336593599120691200

https://twitter.com/honigstein/status/336399592134430720
 
Да, фановите на Дортмунд собраа 21.000 ЕУР за кореографијата ама кажаа, дека поради правилата на УЕФА сите пари би иделе за таа кореографија и можеби повеќе. Има многу глупи правила, некој редови да не бидат опфатени итн. што е многу глупо. Штета сепак ако нема да има кореографија на фановите на Дортмунд, можеби нешто ситно ќе има сепак ама сигурно не тоа што беше планирано.
 
tumblr_mn31heI0o61qboytzo2_500.gif
 
24-те рекорда на Јуп Хајнкес и на Баерн Минхен во сезоната 2012/13 во Бундеслигата

- Најмногу освоени бодови: 91
- Најголема разлика од второпласираниот: 25
- Најрано освојување на титулата: 28. коло
- Лидер на табелата сите 34 кола
- Најмногу победи во сезона: 29
- Најдолга победничка серија: 14
- Најмал број порази: 1
- Најмалку примени голови: 18
- Најголем број на натпревари без примен гол: 21
- Најмалку по еден постигнат гол на натпревар
- Најдолгата продуктивна серија (вклучувајќи ја и сезоната 2011/12): 36 натпревари по ред
- Најголема разлика во постигнати и примени голови: плус 80
- Најмногу победи на гости: 15
- Најмалку порази на гости: 0
- Најмногу бодови освоени на гостувањата: 47
- Најдолгата победнича серија на гости: 9
- Најмалку примени голови на гости: 7
- Најдобра гол разлика во првиот дел од сезоната: плус 37
- Најмалку примени голови во првиот дел од сезоната: 7
- Најмалку примени голови на гости во првиот дел од сезоната: 1
- Првите пет натпревари од сезоната без примен гол
- Најдобриот старт во сезоната: 8 победи
- Најдобар втор дел од сезоната: 49 бодови
- Најдобар старт на вториот дел од сезоната: 14 победи
 
Ние не можеме да се однесуваме како Реал Мадрид и Баерн кои не размислуваат за даноците и ги препуштаат проблемите на следните генерации“ - вели Клоп во пресрет на големата германска пресметка во финалето од Лигата на шампионите, откривајќи дека пред да оди во Бортмунд бил желба и на Баерн.

Што збори овој бе ?
--- надополнето: 21 мај 2013 во 13:50 ---
Nils Petersen Signs A Permanent Deal With Werder Bremen !
 
Wannabe Мурињо. Неуспешни обиди за препукување пред важен натпревар.
Последно време само нешто за финансии збори..Врти лево,врти десно и контра Баерн све.:)
Ама за кои даноци збори не ми е јасно ?
Баерн долги години нема веќе проблем,не се за како Дортмунд го зедоа тогаш најскапиот играч во Бундеслига Аморозо и пропаднаа.
 
btw имаше една заебанција, Терштеген попи 4 парчиња од Баерн, па можи сега комотно да оди во Барса. :D
 
Што збори овој бе ?
--- надополнето: 21 мај 2013 во 13:50 ---
Лош превод, види оригиналот во темата на Дортмунд.

It could not be our way to do things like Real and Bayern and not think about taxes – and let the next generation pick up our problems.

Не можеме да правиме работи како Баерн и Реал и да не мислими на даноците - и да ја оставиме следната генерација да се справи со нашите проблеми.

Нели има разлика во преводот, не вика дека Баерн и Реал правеле мучки со даноците и ги препуштувале проблемите на следната генерација, туку Дортмунд не може да не мисли на даноците, Баерн и Реал можат оти се многу побогати. А последната реченица е дека Дортмунд не смее да и остави на идната генерација проблеми. Не вика дека Баерн и Реал го прават тоа.
 
btw имаше една заебанција, Терштеген попи 4 парчиња од Баерн, па можи сега комотно да оди во Барса. :D
Така му иде,ама кој ги гледал двата натпревари знае дека Тер Штеген спаси 7-8 гола минимум.Посебно првиот натпревар,тоа беше страшно што бранеше.:eek:
 
Така му иде,ама кој ги гледал двата натпревари знае дека Тер Штеген спаси 7-8 гола минимум.Посебно првиот натпревар,тоа беше страшно што бранеше.:eek:
Така си е. :)
 
Лош превод, види оригиналот во темата на Дортмунд.

It could not be our way to do things like Real and Bayern and not think about taxes – and let the next generation pick up our problems.

Не можеме да правиме работи како Баерн и Реал и да не мислими на даноците - и да ја оставиме следната генерација да се справи со нашите проблеми.

Нели има разлика во преводот, не вика дека Баерн и Реал правеле мучки со даноците и ги препуштувале проблемите на следната генерација, туку Дортмунд не може да не мисли на даноците, Баерн и Реал можат оти се многу побогати. А последната реченица е дека Дортмунд не смее да и остави на идната генерација проблеми. Не вика дека Баерн и Реал го прават тоа.
Два три збора промашиле или намерно ги изоставиле и сосема друго значење му дава.
Го прочитав оригиналот и (y).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom