ако не се лажам Папа Демба Сисе или како и да се викаше игра во Фрајбург....може токму тој е причината за тоа што Франц бил присутен таму
Франц моментално нема никаква улога во Баерн што би му дала моќ да преговара за играчи и трансфери. таков е случајот веќе 10тина години. И кога беше претседател (сега Ули го наследи) беше во церемониална улога.
а луѓето кои се прашуваат за одлуки,кажаа уште одамна дека нема трансфери.
За денешнава утакмица...
Ми се допадна ентузијазмот и еланот на Рибс. Дечкото игра како препороден и се надевам повредите ќе го поштедат.
Милер стандардно топ,мој man of the match
мило ми е што Гомез ги доби головите што му се потребни за самодоверба и дека ќе продолжи да решета. И навистина не го разбирам ругањето на Гомез од страна на членовите на фанклубот. Прочитав дека се губел на голем натпревари во ЛШ. Па кој му го даде првиот гол на Јуве кога ги распарчивме во Торино. Со чив гол го тепавме Интер во милано? гомез му даде на Интер уште еден го во Минхен. Мината година кога Робс беше повреден Марио го носеше тимот на грб.сетете се колку пати победивме со негови голови?
Дечкото се труди,максимално е посветен, не наведнува глава и работи за тимот.Јас го ценам тоа.И верувам дека и на големата сцена,ЛШ, ќе биде истотака ефикасен како што е во Бундеслигата.
Јуп добро ротира и ги одмара клучните играчи. Би сакал да го видам Усами повеќе во игра,за да видиме дали дечкото е кадарен за Баерн. И да ротацијата е добра,но не би сакал Ван Бајтен да го гледам пртотив трозабец од Џеко,Тевез и Агуеро. Боатенг и Бадс FTW
Се на се,тимот добро изгледа,особено е подобрена одбраната. Јас лично би сакал Јуп да им даде инструкции на Лам и Рафиња уште повеќе да бидат офанзивни,бидејки знаеме дека Рибс и Робс сечат внатрешно,па бековите би ја создавале ширината. ова се разбира со послаби противници.
Едит : околу дискисијата за Геце или Ројс... Јас би сакал да го земеме Марио,но и двајцата се добри решенија за Баерн,со тоа што Ројс е далеку поостварлива опција.
него сакав да ви поставам една така амбициозна претпоставка,со ова прашање? кој играч на Реал во поблисково минато, останав во Мадрид,повеќе од да речеме 5 години?
Малку авантуристички од моја страна,јас ќе речам дека ќе нема потреба нит од Гете нит од Ројс. Озил ќе биде 26годишен и таман да го замени Робен. Пред да почнеме да се смееме и да дојдат мадридисти да ме прават луд, треба да земеме во обзир дека во Реал сите се со кратко ниво на трпение,и никој не останува долго,почнувајки од претседател.кој се мења на 3 години,до тренери и играчи. Значи тука збориме за дечките што се откажаа од еден Робен и Снајдер, и безброј топ играчи пред нив,само за да го земат новиот најпопуларен играч во светот. Јас лично нема да се изненадам ако се најде некоја глуперда во Реал и за едно 3 години да рече,Озил не ни треба нек брка работа. и тука доаѓаме ние во игра.
има логика муабетов или пукам во празно? Можеби е смешно,но размислете...