Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Јас Демикелис, им се придружувам на дечките кои се анти-Гомез. И мене почна да ми оди на нерви затоа што кај е дрво па и има целосно нефункционална фризура. А тоа што нема употребливи топки за него, крив е оној шугле Швајнштајгер. Уфффф, ми скока по нерви затоа што е бескорисен.

Швајнштајгер многу слабо игра, ме нервира и почнувам да ја губам големата почит што ја имав/м спрема него :cautious:
--- надополнето: Aug 14, 2011 6:09 PM ---
И јас очекувам многу натпревари оваа сезона да ги тепаме со 1:0 или 2:0
 
Многу поише сакам да си играме цврсто и копачки,и да си победуваме со 1:0,него ли ко со Ван Гал да играме најпрекрасно на планетава 85 минути и у 86та некоја мувла екипа како Интер да те тепа...

За убав фудбал никој фала нема да ти каже,на крај краева тоа и не е баварскиот стил на игра.

Такада нека си тера Хејнкес вака,нека се концентрираат и понатака на стабилна одбрана,и нека продолжат со контрола врз натпреварите.Доста ми е у 25 секунда гол да примаме.

Еве првиве две утакмици,освен една две интервенции што имаше Ноер,момакот практично немаше работа,што е одлично.Вчера изигравме во гости без да примиме гол што се нема случено од ратот!!

п.с.

Хајнкес може да проба по мене и со Петерсен како полушпиц или како втор шпиц позади Гомез.Доста спретно е момчето!
 
Хајнкес може да проба по мене и со Петерсен како полушпиц или како втор шпиц позади Гомез.Доста спретно е момчето!

Не бе, Петерсен нема шанси да игра полушпиц, тој си е за позицијата последен-истурен играч
--- надополнето: Aug 14, 2011 7:42 PM ---
а таа малата анти-Гомез групичка што е тука низ форумот да не џвакаат многу за Гомез, наскоро ке ви ги затне устите :sneaky:
ама џабе е, и 40 гола (само во Бундес) да даде оваа сезона кога сте неблагодарни :mad:
 
Izgleda Timo ce ni otidne citam Anzhi bile vo pregovori za da go zemaa ako otidne togas ce se ceka nekoa novo zasiluvanje
 

Старо е :Р

Супер. Јас сум за.

Дислајк. Да го имаш Тимо позади Густаво и за секој случај за централна ако треба злато вреди. И не верувам дека ќе земеме замена а и да земеме нема да има ист квалитет како Тимо. Ако сакаш титули ти требаат бар 14-15 играчи во поле кои конкурираат сериозно за место во прва и Тимо тука супер пасува.

Мислиш Густаво цела сезона на исто ниво ќе изигра без да му падне форма?
 
Старо е :Р

Дислајк. Да го имаш Тимо позади Густаво и за секој случај за централна ако треба злато вреди. И не верувам дека ќе земеме замена а и да земеме нема да има ист квалитет како Тимо. Ако сакаш титули ти требаат бар 14-15 играчи во поле кои конкурираат сериозно за место во прва и Тимо тука супер пасува.

Мислиш Густаво цела сезона на исто ниво ќе изигра без да му падне форма?

Сооглед на тоа дека ќе играме доста копачки сезонава,и те како ни треба Тимо!! На својата позиција е екстра класа!! Во ЛШ против Барса Манчестер Реал сигурно нема Самба да играме,и веројатно ќе има Хајнкес фомации и со Тимо и Густаво и само со Швајни како слободен плеј на средината! Такада ни треба таков играч!

Среда со Цирих! Робен се враќа.Очекувам без примен гол на домашен,повторно цврста игра и победа од 2:0!
 
Се сложувам со Баварец и Ченто, Тимо мора да остане уште една сезона, сега има 32 год. наредно лето му истекува договорот и тогаш нека си оди

Освен ако го купат мојот омилен играч за таа позиција Даниеле Де Роси :cool:
 
Цирих имаат добар напаѓач, Адмир Мемеди, 20 год. има, роден во Гостивар, во јуни дебитирал за Швајцарија, некои сте слушнале сигурно за него, и нашите го бараа да игра за македонската репрезентација ама ништо од тоа :cautious:
 
Тимо е стуб и ќе биде многу потребен во важни натпревари од ЛШ ко ќе се игра на резултат...
 
Оли Кан се јави во медиумите со критика да Швајни, Лам и новава генерација генерално. Пред 7-8 години во една тапа сезона, после еден пораз, на новинарско прашање „Што му фали на Баерн сезонава?“ Оли одговори: „Муда. Ни фалат Муда“.

Нешто во тој стил му е и коментарот за Лам и Швајни. Важи и за репрезентација и за Баерн. Немаат муда да бидат лидери на терен, да викнат и во соблекувална кога треба и да оценат кога да дадат некоја таква изјава како оваа на Оли за да го разбудат тимот.

Мислам дека се согласувам со Кан. Нешто Швајни денес се буни читам во ТЗ ама џабе - рамна хиерархија жими г‘зов. Треба лидер, треба некоја будала ко Ефе и Кан, што сите го почитуваат и ќутат кога ќе отвори уста...
 
Вечер тој ке се распука :sneaky:

Mario-Gomez.png
 
Цирих имаат добар напаѓач, Адмир Мемеди, 20 год. има, роден во Гостивар, во јуни дебитирал за Швајцарија, некои сте слушнале сигурно за него, и нашите го бараа да игра за македонската репрезентација ама ништо од тоа :cautious:

И уште еден имаат Адријан Никци исто така роден тука некаде..!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom