Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Реално тимот е печен за топ 6 и блиска борба за топ 4. Плус ФА КУП сезонава.
Пепе мислам дека конечно ќе проработи, најмалце 15+ гола и Асиатенции во ПЛ очекувам од него. Сака, Еср, Мартинели и Одегаард очекувам да блеснат напред и Локонга со Парти да ја зајакнат средината дефанзивно доста. Без некој притисок вака млад тим полн со таленти може да изненади опасно. Уште десен бек асален да се земе. :)
За блиска борба со топ4 не би рекол, сепак, премногу сме далеку од четворката напред и тоа неописливо далеку. Ја се шо сакам и очекувам од тимов сезонава е да видам борба на терен и да покажат некаков барем потенцијал за амбициозен тим и се разбира, ЕЛ. Во првото коло ништо од овоа не видовме, само добивме флешбек од првата полусезона лани.
 
Се сложувам. Под блиска борба мислев многу мала разлика бодовно од 3то-4то место. Реалноста е таа, топ 6 за сезонава. Се над тоа би било одличен успех со моменталниот тим.
Доволно ќе е јака борбеност и јака желба за покажување кај играчите. :)

Јас немам ништо против дечкото, ама многу пари се фрлаат за него. Не велам дека ќе биде лош, ама во Германија можеа да најдат многу подобар втор голман за помали пари. На пример Флориан Милер од Штутгарт е одлично решение за во иднина. Перспективен голман кој можат да го донесат за помала сума.
Истиот став го имам со тебе брат. Не само во Германија, секаде ќе најдеа слична опција за помали пари. Само штом му фрлике мерак на Ремсдејл и не е толку лоша сумата (јбг, енглез).
 
Не сум сигурен дека Парти, Локонга, Одегард и ЕСР ќе можат да играат сите заедно во први 11.

Губиме на пробивност по крилата така, Пепе (оној Пепе од крај на прошла сезона) мора да стартува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom