Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Луин во моментов 100м не го вадат од Евертон. а и мислам дека на Артета не му одговара крупен шпиц, иако нему и Мбапе да му го донесат нема да му одговара...
Исак мислиш на тој од Вотфорд?
Незнам што гледаш во него, такви има со лопата да ги риниш, ете го Нкетија чист просек..
И пак по милионити пат, не е проблемот во Обамејнг и Лаказет, класа играчи се и двајцата проблемот е во тој неписмениот на клупа.
На која основа Лаказет е класа играч ?
Нема мрднато од 15голови во ПЛ, го донесовме како надградување на Жиру, ама ништо подобар не испадна, моментално вториот би бил подобар фит за системов шо го форсира Артета.

Квалитетите на Обамејанг не лежат на крило, не се прослави таму, имаме еден од најдобрите шпицеви и го користе погрешно и очекува различни резултати, не ми е чудно зашо толку пропаднато и демотивирано изгледа играчот.
 
Најдобар стрелец у ПЛ зема од крило.
Автоматски споено мислење:

А и да, лани цела сезона промашуваше зицери ама позицијата му е промашена изгледа затоа
 
Последно уредено:
Додека не го разоткрија екипите тај пристап, од тогаш е сведен на трошки, без шанси, без шутеви.
Играта во системот му е сведена на пробај центаршут, подај ја на Тирни за исто, чувај посед со подавање назад, и покривај играч назад, гледај не сакам да вадам изговори за Обамејанг, ама многу е лесно да се исфрустрираш на фудбал доколку не се погодени овие клучни детали, играчов е шпиц, ако не му се допаѓа како игра таму воопшто не треба да биде во прва постава.

Патем не знам како би се осеќал кога Нкетија и Балоган имаат приоритет на твојта првична позиција ....
 
Не спорам, секој играч промашува, ама колку честа појава беше цели утакмици поминуваа без упатен удар кон голот од Обамејанг.

Креација на шанси ќе биде проблем пак, ако не се смени нешто..
 
На која основа Лаказет е класа играч ?
Нема мрднато од 15голови во ПЛ, го донесовме како надградување на Жиру, ама ништо подобар не испадна, моментално вториот би бил подобар фит за системов шо го форсира Артета.

Квалитетите на Обамејанг не лежат на крило, не се прослави таму, имаме еден од најдобрите шпицеви и го користе погрешно и очекува различни резултати, не ми е чудно зашо толку пропаднато и демотивирано изгледа играчот.
Кој е тој систем на Артета?
Лаказет во било кој друг тим е играч од 20+ голови по сезона, кај Артета и Анри не би дал 20.
Што се однесува до Обамејанг излишно е да се зборува, бројките последниве 7-8 години зборуваат сами по себе, само идиот може да бара да се продаде Обамејанг а на клупа го имаш Артета...
Автоматски споено мислење:

Не го вбројувај Обамејанг у добрите играчи. Едноставно нема желба кај него за игра, го иам видено на доста утакмици тоа, си трчка, го боли курот. Така што за еден куп работи можеме да најдеме вина кај Артета, ама мислам не и за Обамејанг.
Сериозен си?
 
Па имавме други системи бе, играше под Венгер и Емери, не мрдна повеќе од 15 голови.
Доволно говори тоа што две сезони сакаме да го продадеме а никој нејќе да го земе ...

Иначе Жиру би одговарал на ова што Артета сака да го практикува, добар главучар, знае да симне топка и да разигра :icon_mrgr:
 
Автоматски споено мислење:

Сериозен си?
Да, беше добар пред да го потпише новиот договор, сега како со 10 играчи да играме кога е он во игра. Башка капитен е, шо Артета треба да го мотивира него нешто посебно?
Види го Сака како игра, види го Обамејанг. На двајцата Артета им е тренер.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Лаказет е сличен профил на играч како Фирмино, треба да знае да го искористи некој не е се во головите ама ако треба да биде главен голгетер сигурно може и тоа. Зарем Нкетија е подобар играч?
Артета се најде на позиција за која не е дораснат, едноставно нема капацитет да води клуб со амбиции, е проблемот е што Арсенал е се повеќе клуб без амбиции па изгледа и ќе си одговараат
Автоматски споено мислење:

Да, беше добар пред да го потпише новиот договор, сега како со 10 играчи да играме кога е он во игра. Башка капитен е, шо Артета треба да го мотивира него нешто посебно?
Види го Сака како игра, види го Обамејанг. На двајцата Артета им е тренер.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
Како можеш да очекуваш од Обамејанг да биде креативец?
Па чоекот е еден од најубиствените напаѓачи последниве 7-8 години, кај к.р да даде гол кога 2 шанси по утакмица не можат да му креираат, го става да игра лев винг бек, повеќе е назад од колку во шестнаесетник, го убива во поим, цела самодоверба му ја уништи. Ја незнам што гледате најискрено
 
Добро е барем Норвежанецот не го преплатија. Туку не знам зошто запнале за Ремсдејл, еве Челзи го донесе Бетинели како слободен кој исто така е солиден. Не се троши толкава сума за голман кој ќе грее клупа.Инаку овој факт шокира:

5655765545.png
 
Самодовербата му ја уништил бе... сеа ќе го мислам навечер дали ради самодовербата фалшира коа рапува...

Ако треба на некоја стара слава да го величиме и да паѓаме у несвест, океј, ама ако ги споредиш неговите игри пред и после потпишувањето на новиот договор разликата е бог и шеширџија. Тогаш на некоја друга позиција да не играше па што имаше поголема желба и жар у него?
Па пре би го продал Обамејанг него Лаказет. Лаказет се труди (бар таков впечаток ми има оставено), навлекува 2ца на него, знае да проигра, овој се влече по терен.
Па и уште бил поише назад него у шеснаесетник, пази богати...
 
Со Одегард може многу да профитира сега Обамејанг. Лани Одегард му пушташе неколку топки ама Обамејанг некако не ги сеќаваше, се надевам ќе се уиграат. Работава е сега кој ќе се жртвува? Се мислам Пепе.

Обамејанг
ЕСР Одегард Сака
Локонга ( ако не земеме друг) Парти
Тирни Габриел Вајт Чејмберс ( ако не земеме друг)
Лено/Рамсдејл

Реално гледано тимов не смее да помисли да е под топ 6.

Добро е барем Норвежанецот не го преплатија. Туку не знам зошто запнале за Ремсдејл, еве Челзи го донесе Бетинели како слободен кој исто така е солиден. Не се троши толкава сума за голман кој ќе грее клупа.Инаку овој факт шокира:

Прегледај го приврзокот 304141
Ноер од Шалке отиде во Баерн ако не се лажам, а јасно ни е Баерн како собира таленти од германија.
Пикфорд после 1 сезона во Сандрленд отиде во Евертон за 28.5 милиони.
Ремсдејл има 2 сезони во ПЛ, каде што бил океј голман со оглед на тоа што имал катастрофа одбрана пред него.
Е сеа тука земи ја во предвид и инфлацијата исто.

И јас не сум баш убеден дека сега требаше замена за Лено да се носи, но со оглед на околностите и не е до толку катастрофална заменава. Сепак Англичанец е а е и премногу млад за голман, може ќе стане класа шот стопер ако и има Вајт- Габриел пред него. :)

Со Одегард може многу да профитира сега Обамејанг. Лани Одегард му пушташе неколку топки ама Обамејанг некако не ги сеќаваше, се надевам ќе се уиграат. Работава е сега кој ќе се жртвува? Се мислам Пепе.

Обамејанг
ЕСР Одегард Сака
Локонга ( ако не земеме друг) Парти
Тирни Габриел Вајт Чејмберс ( ако не земеме друг)
Лено/Рамсдејл

Реално гледано тимов не смее да помисли да е под топ 6.

Реално тимот е печен за топ 6 и блиска борба за топ 4. Плус ФА КУП сезонава.
Пепе мислам дека конечно ќе проработи, најмалце 15+ гола и Асиатенции во ПЛ очекувам од него. Сака, Еср, Мартинели и Одегаард очекувам да блеснат напред и Локонга со Парти да ја зајакнат средината дефанзивно доста. Без некој притисок вака млад тим полн со таленти може да изненади опасно. Уште десен бек асален да се земе. :)
 
Ноер од Шалке отиде во Баерн ако не се лажам, а јасно ни е Баерн како собира таленти од германија.
Пикфорд после 1 сезона во Сандрленд отиде во Евертон за 28.5 милиони.
Ремсдејл има 2 сезони во ПЛ, каде што бил океј голман со оглед на тоа што имал катастрофа одбрана пред него.
Е сеа тука земи ја во предвид и инфлацијата исто.

И јас не сум баш убеден дека сега требаше замена за Лено да се носи, но со оглед на околностите и не е до толку катастрофална заменава. Сепак Англичанец е а е и премногу млад за голман, може ќе стане класа шот стопер ако и има Вајт- Габриел пред него. :)

Јас немам ништо против дечкото, ама многу пари се фрлаат за него. Не велам дека ќе биде лош, ама во Германија можеа да најдат многу подобар втор голман за помали пари. На пример Флориан Милер од Штутгарт е одлично решение за во иднина. Перспективен голман кој можат да го донесат за помала сума.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom