Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ја се мислам дека Вилиан има во договорот одредена минутажа што мора да ја игра. Не верувам дека Артета до толку слепо и наивно ќе верува на играч што констатно го разочарува.
Јас мислам дека ти врска немаш од фудбал и имаш договор со Артета да го браниш :aplauz:
 
Не беше за тебе имаше неколку такв изјави не само тука и на фб групата прогнози. Не ми беше наменето конкретно кон некого затоа што повеќе имаше такви.

За доверба на Артета видете Клоп на почетокот како играше кој беше далеку подокажан од Артета. Најмногу кај Артета ми се свиѓа што мислам дека успеа да ја среди соблекуалната а ако немаш добра соблекуална тогаш најдобрите фудбалери имај ги се ти е џабе. За тактичар ќе видиме нека направи тим он што го сака па ќе судим тогаш, се додека не направи тим по него не му замерам многу.
Клоп у втората негова сезона со Пул обезбеди ЛШ, да не се лажеме дека тимот му беше комплетно прочистен и скоцкан, сезонава се надевав барем на топ 6.

Строго бев против Вилиан, само не знам што гледаше Артета во него, многу јасно се познаваше дека игра за последен договор, пензија, грешката е направена, ќе трае до истек на договор.
Клубот сериозно треба да размисли за доделување на долгорочни договори на играчи постари од 31/32години, ништо арно немаме видено од вакви зделки...
На Арсенал му се потребни млади амбициозни играчи, за 20/30м трошок има еден куп опции, играчи со голем потенцијал, желни да се покажат, во идеално сценарио би го претставувале клубот со години, и да не успеат, во секој момент ќе можеме да ги продадеме за пари.

Буендија, Бенрама, Брукс, овие наредната сезона сигурно ќе бидат во Премиерлигашки клубови, се кладам дека тројкава во иднина ќе биде подобра од искусниот Вилиан кој ете исто како Озил се избори за три годишна пензија.

Друже Ливерпул не изгради шампионска екипа со прибирање играчи на стара слава
На крај од денот трансфер пазарот не се сведува на Вилиан и Кутињо, Арсенал има скаутинг мрежа, зашо не се користи ?
Венгер е криФ.
 
Клоп у втората негова сезона со Пул обезбеди ЛШ, да не се лажеме дека тимот му беше комплетно прочистен и скоцкан, сезонава се надевав барем на топ 6.
Клоп у втората негова сезона имаше предсезона :D
 
Ма каков и талент да биде, ваков лигуш не сакам во тим. Не го оправдувам Артета, напротив, требаше Салиба да добие шанса во некои од куповите, АМА што е ова бе...Секоја недела се лигави, никаков карактер.

Нема да заигра овој кај нас :)
 
Клоп у втората негова сезона со Пул обезбеди ЛШ, да не се лажеме дека тимот му беше комплетно прочистен и скоцкан, сезонава се надевав барем на топ 6.

Строго бев против Вилиан, само не знам што гледаше Артета во него, многу јасно се познаваше дека игра за последен договор, пензија, грешката е направена, ќе трае до истек на договор.
Клубот сериозно треба да размисли за доделување на долгорочни договори на играчи постари од 31/32години, ништо арно немаме видено од вакви зделки...

А знаеш ли дека Клоп имаше доста големо искуство веќе со Дортмунд? И колку пари Ливерпул даваја (даваат)? И дека Артета на помината пола сезона дојде и пандемија имаше и се се поремети. Дај малце реални да бидеме, дека има грешки има, но и факт е дека се гледа дека работи и ги надминува. Имаше бунт во соблекуална го надмина, Мурињо клоци јадеше поради такви случки. Сте се фатиле Вилиан пак Вилијан. Ок потековте и јас не го сакам еве во последно и се повеќе резерва е. Плус договорот не му го даде Артета кај е менаџерскиот тим.

Знаете лесно ни е нас овде гледаме и на крај на натпреварот да кажеме вака требаше така требаше. Глумиме Гери Невил ама се виде Невил кога седна како менаџер колку е кадарен.
 
Па ти го спомна Клоп, од аспект на играчки кадар Ливерпул бил во далеку попроблематична состојба од Арсенал моментално, сепак се избори за пласман во ЛШ, третата сезона го продаде Кутињо и почнаа да пазарат квалитетни и скапи играчи.

Мислам дека е сосема океј да очекувамe од овој состав да се избори барем за ЛЕ, да не забораваме Емери иако потфрли од пол позиција со истиве играчи без Парти, Тирни и Габриел беше на бод од ЛШ.

Прв пат го спомнувам Вилиан од летоска.
 
Ма каков и талент да биде, ваков лигуш не сакам во тим. Не го оправдувам Артета, напротив, требаше Салиба да добие шанса во некои од куповите, АМА што е ова бе...Секоја недела се лигави, никаков карактер.

Прочитајте го целото интервју, изјавата е надвор од контекст (од цел реферат, земена само една реченица). Ништо лошо немаше кажано, туку поентата му беше дека е сплет на околности (повреди, не-играње фудбал цели 6 месеци, не бил во форма за време на пријателските натпревари...), па поради тие причини не бил вклучен во тимот.
 
Денеска Салиба е трендинг на твитер хахаха

Царот снимал видео како некој соиграч го дрка и го постнал видеово хахахахахах
 
Денеска Салиба е трендинг на твитер хахаха

Царот снимал видео како некој соиграч го дрка и го постнал видеово хахахахахах
zamalev sabajle so twitovite za Laka :pos:

Inace ispadna deka staro bilo videoto od pred 2 godini, sepak interesen tajming posle intervjuto vcera...
 
https://www.arsenal.com/news/benfica-venues-confirmed-europa-league

Какви се бе овие глупости, домашна утакмица во Атина?

Зошто двете не се играат во два дена на ист стадион и чао пријатно, демек заштита од ковид а вака двата тима ќе патуваат во два града во различни држави
 
Најарссеналовски ќе биде да испаднеме на away goals на неутрални терени :D :D :D
 
Само не ми е јасно како одредена група на ''стручњаци" заклучиа дека атмосферата во соблекувалната е средена и дека пред тоа била лоша??? Сте влезиле во соблекувалната пред тоа, или пак сега и знаете каква е, имаме ли нешто подобри игри на терен?
Лани ја имавме една од најлошите сезони последните 10 години со смена на 2ца тренери и имавме 10 порази, сега на останати 15 кола до крај ние сме со 10 порази. Се засиливме со Габриел, Парти, се врати Тирни од повреда и ред други играчи, дали очекувавме искрено оваа сезона да биде подобра од ланската???
Доста го браните Артета, не знам и не можам да кажам дали ке биде добар тренер но моментално НЕ Е, Арсенал испадна преголем залак за него, можеби требаше прво да почне со послаба екипа да помине низ некои резултатски кризи и тек да напредува за до голема екипа како Арсенал. Искрено споредбите Клоп и Артета се рамни на споредба на Ролс Ројс и Застава 750.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom