Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не се секирам за Обамејнаг, ќе се врати он, еве го и Лака, го отпишавме сите, најдобар стрелец ни е, сега прашање е дали тоа треба да значи нов договор и за него или не?
Јас брат се секирам. После шанста во 80-та што ја промаши ако примети не му се играше веќе, стоеше во место, се понашаше ноншалатно. Мене тоа ми кажува дека он е егоист и дека игра само за гол да даде. Го нема менталитетот на Лаказет.
 
Нема врска, се трудеше, два пати за влакно не стигна на центаршутеви, се измори и се изнервира на крај, гарантирам да свирнеа пенал за нас, ќе му дадеше на Лака да шутира за хетрик.
 
Последно уредено:
Таман си е вака, имаме две (на хартија) лесни утакмици дома, мора да ги добиеме ако сакаме да фатиме приклучок со горниот дел.

Во прилог ни иде сезонава што ниту една екипа не е конзистентна така да ако се стабилизираме малце и влеземе во добра серија ќе се врткаме околу топ 6 сигурно.
 
Лигава е тесна по бодови како никогаш. Смешка е да се радуваме на топ 6, али па реалноста кажува нешто друго, а тоа е дека топ 6 ни е премија сезонава. Како и да е, нека продолжи серијава па да се надеваме на чудо :)
 
7/10 перформанс за тие што пратат, како Џорџ Бирд.
Мари исто играл лошо во у21, Мустафи награден со минутажа во прв состав, на која основа овие играчи заслужија шанса пред Салиба ?

Дискутабилно е дали Холдинг е подобар од Салиба, постојано е во прва постава, барем Салиба да изиграше 3/4 утакмици, да се покажеше очајно, наспроти тоа цела фудбалска јавност збореше дека е еден од најдобрите таленти од Франција, ама ете Артета пресуди дека не го бива .......
Нејќам да го слушнам муабетот дека не е спремен и слични глупи изговори, доволно е да погледнам што прави Роџерс со млади талентирани играчи како Фофана.

Збореше за идентитет, ментор му беше Венгер, мислев Артета стварно го разбира Арсенал, под негово водство секој требаше да добие реална шанса, планот да се изгради костур од млади амбициозни фудбалери од академијата со комбинација на искуство ама не собирај ѓубрето на Киа, Челзи, пензионери и непотизам

Нека изгурат сезонава Артета и Еду, да си припремат куферите, нејќам да замислам уште еден летен трансфер период посебно со вториот.

Не знам зашо не го вратат со улога во управа.
“If I’m needed, I will help them, but I don’t expect that, no,” Wenger told NBC Sports.
Ама му го плесна у фаца на гланцпапир секоа чест!!!!
Инаку во договорот на Салиба имало клазула од 5м за дебатирање во дрес на Арсенал...
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:
Пред една недела пишав дека реални шанси имаме во Европа да играме и наредна година, а добив хаха реакции. Сега секој втор пост се однесува на тоа, а не знам зошто не ви е смешно. :icon_mrgr:
Ама му го плесна у фаца на гланцпапир секоа чест!!!!
Инаку во договорот на Салиба имало клазула од 5м за дебатирање во дрес на Арсенал...
Зошто го платија 30м, ако им е дојдено до тие 5м?
 
Пред една недела пишав дека реални шанси имаме во Европа да играме и наредна година, а добив хаха реакции. Сега секој втор пост се однесува на тоа, а не знам зошто не ви е смешно. :icon_mrgr:

Зошто го платија 30м, ако им е дојдено до тие 5м?
Оти во бордот моментално има еден куп индијанци, ама полека еден по еден ќе се истребат сите. А да веќе еден што беше задолжен и главен во злелките на Салиба и Пепе не е во тимот.
 
После незнам колку време изгледав една утакмица со ќејф.
Ова сакам да го гледам зашо на ова сум навикнат и заради ова навивам за нив поќе од 20 години.
ве читам колку можам околу Артета мислам дека тој е најмалиот проблем овде реално ниту имаше можност да го изградит тимот како шо требит и сакат морат со ова ѓубрево шо го имат да се снајдвит некако и шо побргу го исчистит поубо за сите
Мустафи,Сократис,Соарес,Колошинац,Вилијан,Елнени,Чемберс и најголемиов канцер во екипава Озил све е ова за аут. Џака и овој Пепе двајцава без мозок останале ил не небитно мојт некоја корист да имат од нив а овие Нкетиа,Вилок и Нелсон или позајмица или и тие во пакет овие ме потсеќет на Сендерос,Денилсон,Гибс,Волкот и остала таква багра шо се шлепаше со години како времето негово допрва идет и никогаш недојде ист штоф се и овие. Најкриво ми е Мартинез шо го пуштија наше дете шо имаше потенцијал се надевам еден ден ке го видам во бројот 1 на голот пак.
 
https://www.transfermarkt.com/fc-arsenal/vertragsende/verein/11/vertragsendeJahr/2021

https://www.transfermarkt.com/fc-arsenal/vertragsende/verein/11/vertragsendeJahr/2022

Ги гледам играчите што им истекуваат договорите наредните две години и нема дилема дека овие на кои им истекува договорот летото 2021-ва секако мора да заминат, ниеден не смее да се задржи, по можност да пробаме уште во јануари ама не е страшно и да не успееме, во јуни немаат каде, мора да ја фатат вратата.

Себаљос ми е топло-ладно играч, и освен ако Реал не се согласат за некоја сума до 15-20 милиони, се повеќе од тоа не вреди и нека си остане таму.

За играчите кои им истекува договорот 2022-ра- Чемберс, Колашинац и Елнени сум да заминат без размислување. Нкетиа мене лично не ми се допаѓа, ми делува дека не е баш талент за Арсенал и мислам дека треба да се продаде уште во јануари или во јуни.

Останува Лаказет, играчот во топ форма моментално, тука не сум сигурен која е правилната одлука, ако му се дава нов договор или ако се продава тоа мора да се направи ова лето, но не знам дали овие партии што сега ги пружа заслужуваат нов договор??
 
Меси може во секое време за беспари да се договори (му истекува во јуни договорот). Познати сме по потпишување на ветерани како Вилиам, Чех, Луиз... не знам зошто не се обидат на правото место овој пат.
 
Ako pomine edna sezona vo celzi togas mozime da se vklucime vo trka za negov potpis:icon_lol:
 
Од Челзи би го земал Мејсон Маут. Може и крило, може и 10ка да игра.
Сега, се разбира Челзи не би го продал, а и ако го продаде ќе биде за некоја огин цена, ама дечкото како добро би ни легнал...
 
А една размена да направиме со МЈ ВДБ за Пепе за двата клуба би бил добар потег нас ни треба креативец а нив десно крило :D
До сега брзо исто бев за размена на Лака за Јович има фудбал во Јович само треба да се поработи со него ама со оглед дека крена форма малку Лака ретко кој би го заменил.Исто гледам слабо му оди оваа сезона на Адама Траоре да се проба замена со Пепе би било добро за двете страни.
 
Дури и на ФМ да си се наместиш како менаџер на двата клуба овие трансфери нема да ги напраиш :D
 
Дури и на ФМ да си се наместиш како менаџер на двата клуба овие трансфери нема да ги напраиш :D
Абе што му фали Ван Дер Бег е 6 замена моментално од средните играчи во МЈ Пепе е измислен за кај нив моментално на десната страна а и не мислам за перманентен трансфер позејмици до лето зависно како ќе се покажат после можи и за перманентно да се разговара.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom