Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде нека не закити со титулче наредна сезона.
Алексис и Озил остануваат автоматски :roker:
Паметно само да го засилат и исчистат тимов .
Се најубоо за чичо:ojeaa:
 
Политики за тоа дека го имаме победничкиот тим за титула, годинава ќе влеземе спремни оти летото нема првенства и ќе бидат одморени играчите, ќе дојде август комјунити шилдот и ќе не врати во реалност.
 
Уште не е официјално гледам на скај пишуваат д деј е утре за Венгер, ама сепак мислам 2 години лапна.
 
Баш кога нема никакви првенства на лето, тимот спремно ја почнува сезоната. Доаѓа февруари, па се до март се упропастува целиот труд вложен во сезоната,за на крај да трчкаме пласман во ЛШ. Ајде оваа година да се надеваме на промена, дека играме во ЛЕ и нема да се брукаме. (само после Монако, не би ме чудело и овде да се избламираме).
 
Демек стариов новата сезона со нови сили.... ајмо уште 24 месеци нервози пцуење и шамарање од пропаст екипи како ливерпул, вотфорд и остали!
 
Не сум задоволен со исходот на целата работа но не е изненадување, нов договор, не верувам дека нешто значајно ќе се смени, но подобро е што остана сега, да требаше да замине тоа требаше да биде решено уште во март/април и да се припрамаме сега со нов менаџер, вака ако заминеше сега ќе беше уште полошо за наредната сезона.

Ќе го подржувам менаџерот и ќе навивам за тимот, но пак ќе кажам, не верувам дека ќе се случат некакви големи промени, ќе останеме во статус кво, зачмаени во нашата просечност, со моменти на надеж, на убава игра и добри резултати но не доволно за големите трофеи.

Би сакал многу да сум грешка и би сакал ако веќе стариот останува, она ѓубре Кронке да го продаде клубот или да му даде одврзани раце и трансфер буџет од 300 милиони евра на Венгер, па да видиме дали стварно стариот не го бива или само ни фалат ултра квалитетни играчи.
 
Порано важевме за авторитет, не е дека не се случувале киксови порано ама тимови како сандерленд, шефилд, болтон, хал, кпр, вест хем, евертон и сл. се тресеа со нас и немаа многу надежи за три поени. Денес сме на дереџе на сандерленд да им се тресиме до последна секунда, да спасуваме глава со борнмут, пациенти сме на челси, јунајтед, сити и ливерпул и веќе не` сметаат за сигурни поени дома, во европа тимови ко динамо си играат курот со нас. Едино во ФА куп ни нема рамен и стандард сме во завршницата на купот. Финансиски сме биле стабилни, ама не сме доволно стабилни да купиме некое добро засилување па се тегнеме со надежни играчи.
Нешто ми вика дека ни после две сезони нема да биде стариот шутнат, пак ќе се најде некоја причина да му се продолжи договорот.
 
Па добро реално, детево растураше во Белгија и е за оваа сума на пари, солиден трансфер, со оглед какви се цените денес. Очекувам да му се даде шанса на младичов, со оглед дека неколку пати го имам гледно во живо (на бет дур сум чекал голови :D ) не е лош. Солиден, дури и повеќе од солиден. Ова значи дека Перез ќе се враќа во Шпанија, Малага изгледа. Баш ми е криво за него, имаше блесоци, но ете... Не се снајде. Очекувам нов голман, лев бек, десен бек, заден везен, плеј и напаѓач, ако сакаме нешто да направиме следната сезона шо иди.
 
Зошто десен бек ? Ако играме новата формација Окс и Белерин ќе си се борат за место.

Шчесни во Наполи најверојатно.
 

Под претпоставка дека е точно...100милиони фунти во денешно време:busi:
Мора овој преоден рок(како и претходните 10) да се зема ако не класа шпиц,барем приближно нешто.Има доста во игра-Обамејанг,Лаказет,Бензема доколку го пуштат Реал.

 
Последно уредено:
Па добро реално, детево растураше во Белгија и е за оваа сума на пари, солиден трансфер, со оглед какви се цените денес. Очекувам да му се даде шанса на младичов, со оглед дека неколку пати го имам гледно во живо (на бет дур сум чекал голови :D ) не е лош. Солиден, дури и повеќе од солиден. Ова значи дека Перез ќе се враќа во Шпанија, Малага изгледа. Баш ми е криво за него, имаше блесоци, но ете... Не се снајде. Очекувам нов голман, лев бек, десен бек, заден везен, плеј и напаѓач, ако сакаме нешто да направиме следната сезона шо иди.
Токму така, и мене ми се бендисува трансферов. За Холдинг лани се сереше на ангро а сега некои го ценат повеќе од Мустафи. Добри се овие трансфери, за мал ризик можеш да добиеш играчиште. Можеш и Саного али јебига. Детево најдобар стрелец во Белгија на 19 години а игра во просечна екипа. Ако ништо друго за резерва и за во Мики Маус купот ке е добар.[DOUBLEPOST=1496201111][/DOUBLEPOST]

Под претпоставка дека е точно...100милиони фунти во денешно време:busi:
Мора овој преоден рок(како и претходните 10) да се зема ако не класа шпиц,барем приближно нешто.Има доста во игра-Обамејанг,Лаказет,Бензема доколку го пуштат Реал.

Таман ке се 100 милиони ако е спремен да ги потроши на еден, највеќе 2 играчи. Под услов да не киднат Озил и Алексис.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom