Прво Даунинг и Керол мора да е издвојат како луѓе што се прославија во Ливерпул. Од трансферите со поголеми суми, во поголемите клубови, во категоријата утнати би ги ставил Браво во Сити, Сисоко во Тотенхем, Балотели во Ливерпул од пред неколку сезони, Шнајдерлин во Јунајтед, Швајни во Јунајтед, ди Марија исто... Ова е само за последниве неколку години, ако правиме 10 до 15 години уназад цела страна ќе е листата, а водечки би бил Челси убедливо. Најпогоден трансфер според мене е Канте, другите во голем број се утнати или не ги оправдале очекувањата. Би го ставил и Озил во оваа втората категорија, рака на срце, одлична визија и техника, паметен играч можеби и препаметен, ама тотален полжав на теренот без брзина. Не ги сфаќам некои фудбалери кога ќе видат дека имаат слабости кондиција или слично, па ќе земам за тие пари што ги примам ќе трчам маратони ако треба. Секој играч треба да се надградува и да ги подобри своите лоши страни, Озил не го прави тоа. А за Габриел страшно борбен играч е, добро чувство за старт има, дава се од себе, имал лоши утакмици, ама 80% од тимот има повеќе лоши натпревари отколку добри сезонава, па и минатата, Габриел последен на листа за кривење ми е мене.

+Секако и Алексис погоден трансфер, негова желба е мислам да е лидер во тимот, нешто што не можеше во Барса, а и тоа и како може во Арсенал, тој стил му одговара, и тука ја фати најдобрата форма со шансата за игра која и не ја добиваше многу во Барса. Затоа и мислам дека ќе остане, бидејќи не му се битни парите колку што му е битно да е предводник на тимот и да игра.