Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Родригез наводно ги известил дека сака да си оди, и мислам дека Арсенал е во пол позиција за негов потпис, покрај Реал и Рома. Откупната клаузула му е околу 21.5 милиони фунти за 24 годишниот лев бек.
 
Со оглед на тоа дека Реал го има Марсело, мислам дека воопшто и нема да тргнат по него. Додека Рома се реално далеку послаби од нас во секој поглед, + почнаа и да ги продаваат главните играчи нешто што ние го правевме до пред 3-4 год. Мислам дека ако стариот го сака има големи шанси да дојде кај нас, ќе играат заедно со цимерот од репрезентација.

Не ми се верува дека мојата 2годишна желба има шанси да се исполни:icon_lol::icon_lol:

Ај сега да завртиме еден друг муабет. До каде сме со продажбите на просек играчиве ??
Волкот,Ох,Гибс,Гнабри,Кембел ....
 
@KembaW хахаха. Абе од кога видов дека во еден тим како WBA неможе да се избори ни за резерва, тогаш веќе се откажав од него. Инаку додека беше кај нас малиот стварно играше добро. Венгер му го згреши клубот, а покрај онаа средина и фактот дека Венгер е заљубен во Ремзи, Ремзи ќе игра десно крило и ќе го мењава само кога ќе треба да браниме водство.
 
Да бидиме реални Тео ни под разно нема да бега. Ќе си останиме со него и ќе си чекаме да дај некоја сезона 30-40 гола. Хехехе. Окс мислам дека ќе биди вклучен во некоја размена на играчи, али мислам дека ќе се оди до последен ден со тоа, односно да не останиме непокриени во случај само да го продадеме. Моја желба Окс+пари за Марез. Мислам се знај то. И доколку дојди малиов од Волфсбург останува напаѓач и толку ќе биде од Венгер. И голман, ако евентуално заминува Оспина.
 
Зoштo дa купувaме гoлмaн кoa гo иaме Шчесни?

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Може Счесни нема да сака да се врати.

И ја сакам овој Родригез да дојде, иако таа позиција и не е толку приоритетна за засилување, но за тие пари, одлична возраст, квалитетен играч, го гледав во репрезентацијата некња.

Но и најскапите играчи во одбрана и среден ред да ги донесеме, ако не го решиме проблемот со нападот, ништо не сме направиле, оној Лукаку може да сонуваат Евертон дека ќе им го плати некој 60 милиони фунти, никогаш не ми бил нешто посебно, прецент играч.

Ако од Варди не испадне ништо, треба да пробаме со некое не толку извикано име како Јансен, Милик, Лаказет, тој ризик мора да се преземе, некој од нив може да испадне страшен играч, и така пазарот на квалитетни напаѓачи е преограничен.
 
Ck-j-MeXEAA3xhs.jpg:large
 
Шпекулации за Волкот во Ливерпул.
Друштво, колку и да не чини Волкот, колку и да е просек, колку и да е шо сака, ја не би го дал у Ливерпул.
 
Море би им го дал, продажбата на Волкот речиси сигурно ќе значи носење на нов крилен играч.
 
На Тео му е изгубено магарето скроз, не па голови да дава.
 
Ама сите против нас се распукуваат.
Лани челзи губеше од екипите кои испаднаа у чемпионшип, ама нас битно у двете утакмици не тепаше...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom