Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Негде начекав дека трзна коленото на Џек. Ја побарал за жена. :D
13064667_806991482770117_1202561297901626607_o.jpg
 
Нa крaј нa Oзил кoлку aсистенции му фaлеa?

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Arsenal target Gonzalo Higuaín wants to lower his Napoli release clause from £72m to £47m (Source: Gazzetta dello Sport)

Ако има вистина во шпекулацијата, на времето можевме за 30м да го купиме. Сега ем постар ем поскап.
 
Казорла исто не е повикан за Шпанската фурија, добри вести се ова за Арсенал, ќе може да си се спрема за новата сезона како шо треба.
Подобра опција од Игуаин на пазарот нема, све се недокажани и неискусни, ама ќе не изгоре Лаурентис ...
 
Не си прaете бaјрaми нa пaметoт, кaј дaвa oвoј 40+ милиoни зa Игуaин.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Здраво после подолго време.

Од кога ги тепавме Лестер а после нив направивме кикс престанав да ги гледам утакмиците, пред тоа немав ни една испуштена утакмица.
Сезонава дефинитивно е една од поголемите катастрофи во последниве десетина години без оглед на тоа што завршивме 2ро место.

Бидејки и официјално е завршена цела лига ќе си кажам јас што сакам и што мислам дека треба за наредна сезона за да не се брукаме.

Ќе почнам од голманите.

Оспина да се продаде да се врати Шчезни, мислам дека покрај Чех ќе биде постабилен голман.

Одбрана, Белерин е супер. Мертесакер може да си оди ако сака, и да се купи еден квалитетен дефанзивец, 5 години уназад Венгер неможе да купи еден класа дефанзивец срамота.
Лев бек сакам Рикардо Родригез, ич не ме интересира колку ќе не кошта. Монреал е океј но мислам дека со овој и Санчез во добра форма по таа страна нема господ да ги запре. Гибс може слободно да си оди, бетер од Волкот е.

Средина. Тука некако многу играчи имаме и покрај тоа што Росицки,Артета и Фламини си одат.
За ДМ позицијата нека остане Кок и Ел Нени. Јас иако малце го гледав вториов, ми се гледа како да е послободен со топка, а знае и да шутне од далеку.
Казорла нека остане и годинава, се надевам нема да му падне формата после повредата од оваа сезона.
Од срединава Волкот,Ох,Гнабри тие одма нека летаат од клубот оти дрво до дрво се.
Засиливања за средина што ги сакам се Тони Крос зошто тој Џака воопшто го немам гледано. И нека докупи некој поасални играчи за резерва оти тие горе играле не играле не прават ништо добро за нас. Исто така не би било лошо и Геце некако да се вклучи во составов, одамна го сакам тој играч. Подобро кај нас од колку во Ливерпул.

Напад Кембел да си оди, Жиру мислам дека ќе остане поради тоа што Бамби е повреден и за наредна сезона. Ибрахимович е добра опција за година две, и ве молам не се вадете дека немал пари или дека бил терсен карактер. Ако Венгер е толку добар треба да знае над било кој играч да воспостави контрола. Читнав нешто дека и Лукако ќе си оди, уште една добра опција. Игуаин годинава иако се изнадава голови не го гледав искрено така да за него немам коментар. Но моја желба за во напад е Мората. Незнам зошто ама мислам дека кај нас ќе растура.

поз
 
Значи 200+ милиони за трансфери? Ај малце пореално сеа. Нити Крос ќе го зееме, нити Ибра нити Игуаин.

Кога веќе желби си кажувате, јас сакам Меси, Дибала, Варан, Агуеро и Погба.

Е сеа малце пореално, Џака може, Канте може, Лукаку зависи од цената, Мората исто.

За Мората се вртат смешни суми, ако Мората вреди 50 милиони, Жиру вреди 35 минимум.

И не ми се верува дека Монреал не ви чини, убедливо најконстантниот наш играч сезонава и веројатно најдобриот лев бек во лигата (или ај да не бидам субјективен топ 3 со Роуз и Фухкс).

Иначе не значи дека ако купиме скапи играчи ќе зееме титула, треба само да се купува паметно летово и да се "исфрли" ѓубрето.
 
Според лајковите на постот на Аце сите се согласувате Кембел да лета од клубов ?
Значи ја бев единствен кој викав дека Кембел не е за првотимец во Арсенал, дека пред него треба Гнабри да добие шанса и никој или еден можеби имаше што ме поддржи во тоа. Сите други бевте против мене и ме напаѓавте.
Не е дека плачам за тоа, гајле ми е, ама бар тука у нашиов фан клуб толку лесно се менуваат ставовите тоа чудо едно.
До неделата сите до еден кажуваа дека е катастрофална оваа сезона за Арсенал, за од недела коа се виде дека завршуваме пред Тотенхем да почнат сите да слават, ко демек тоа којзнае колкав успех е. Океј, сфаќам и најомразени ривали ни се и тие работи, ама сезонава тој „успех“ ич ама ич не ми значи.
Затоа е и таа летаргија во клубов наш, зошто и генерално мислам дека се вакви фановите на Арсенал, толку малце им е потребно за среќа и да заборават у какви гомна е клубов.


А сеа за трансфериве, се согласувам со Топче дека треба малце реални да бидеме.
Прво нешто што треба да се осигура летово се потписи на Санчез и Озил, а синојка баш прочитав негде дека Озил не е нешто многу заинтересиран за продолжување и дека ќе чека да види како ќе се одвиваат работиве во овој преоден рок.
Коа станува збор за Мората, мене уште у Реал коа беше ми се свиѓаше како игра, мада коа прочитав дека Реал за него барале 35 милиони мислев дека е преголема цена тоа за него (на крај не знам за колку го купија Јуве). Е сеа, он во Јуве се разви во ѕверка, бар од тоа шо сум го глеал и што сум зборел со другари што го следат Јуве и мислам дека дури и 50 милиони сеа би дал за него. На крај краева боље 50 милиони за него отколку за Игуаин.
 
Добро сега и вие се правите како Венгер, сакате со малце пари титула. Како што гледате тоа се случува еднаш во 100год, годинава Лестер.

Кога можат Атл.Мад да фрлаат по 40м за трансфери, зошто да не можеме и ние. За Џексон фрлија 40 и ништо не направи и го продадоа.

Ај кажете ми колку од играчите на денешниов фудбал не се преплатени ?? Дали 5 фудбалери ќе најдете такви.

Како беше реално идењето на Озил и Санчез во Арсенал, а сега не е реално Крос да дојде ?

Јас не спомнав дека Монреал е слаб, туку дека нема соодветна замена. Што сакате пак да купиме некој младинец и да се повреди Монреал па да се вадиме на тоа дека левиот бек беше повреден овој не го бива. Зошто да купуваме некое детиште кога може да се купи поголема класа на таа позиција и да бидеме уште подобри. Монреал веќе ја фака 30ката може да седи и на клупа.

Напад=50м
Средина=40м
Одбрана=40м
заедно= 130м најмногу му требаат.
Ако ги продадеш сите што ти ги наброив горе и земеш 40м(повеќе ќе бидам ама нема веза) значи трошиш 90м еве и 100м нека бидат, а имаш тим со минимум 5 класа играчи на терен. Со соодветна ротација ќе можеш да ги одмараш и да немаш повредени како годинава или предходните години.
 
Крос е реално и веројатно најдобро засилување кое би го добиле на таа позиција. Штета што нема шанса да отиде по него ради Џек/Ремзи и Кок/Ел Нени .
 
Ама зашто би си одел Крос бе луѓе? И од друга страна зашто Реал би го дал и кој би го земале како замена?

Значи Санчез и Озил ги земавме зашо беа вишок у тимот.

Разликата е во тоа што Озил и Санчез да ги земевме додека беа потребни на тимовите ќе коштаа + 10-15 милиони.

Пак ќе кажам, едно е наши желби, друго е реални трансфери. Нема теорија Крос да го земеме а не викам дека е лош трансфер :)
 
Ама зашто би си одел Крос бе луѓе? И од друга страна зашто Реал би го дал и кој би го земале како замена?

Значи Санчез и Озил ги земавме зашо беа вишок у тимот.

Разликата е во тоа што Озил и Санчез да ги земевме додека беа потребни на тимовите ќе коштаа + 10-15 милиони.

Пак ќе кажам, едно е наши желби, друго е реални трансфери. Нема теорија Крос да го земеме а не викам дека е лош трансфер :)
А од каде знаеш кој им треба на клубовите? Пред 3 години овој период знаеше ти дека Озил ќе дојде кај нас? Не му требаше на Реал? Сигурен стартер...

Појма немаме што се дешава со трансфер политиките на клубовите и што планираат, а сигурен сум дека од управава знаат повеќе од нас. Мората освен во ЛШ, го немам нешто посебно следено, ама доста е фален и би требало да е добар. Како ќе се вклопи кај нас, тоа е друга приказна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom