Муабетиве за Пер дека е добар играч и дека не би бил Габриел подобар од него се страшни...
Пер е добар, Жиру е добар, овој е добар, оној е добар.
Па ако се сите добри тогаш шо седиме без титула 10 години ?
Сите добри играчи, а ние 2 години се палиме на ФА куп и требаше да дочекаме ваква лоша сезона на другите клубови за да почнеме да се надеваме на ПЛ и Венгер за да каже „еј абе оваа сезона може и ќе ја освоиме“.
Не ми требаат добри играчи, ми требаат играчи како Алексис, Озил, Чех, Кош. Еве и Белерин и Кок се на добар пат да влезат у ова друштво на Алексис, Озил, Чех и Кош.
На прсти се броеле грешките на Пер. Па ради Пер лани со монако примивме 1-2 гола. Значи само на една утакмица имаше 2-3 грешки.
Жиру добро игра на последниве утакмици или ај да кажам добро игра последниов месец, ама магично не стана ворлд клас.