А сте го глеале Гнабри или онака само да се збори ?
Гнабри у првиот настап за Арсенал, против Свонси даде гол и имаше после тоа ако не се лажам уште неколку добри утакмици. Беше долго време повреден и сигурно му е опадната формата, ама од Кембел е сигурно подобар.
Во ВБА и Берахино грее клупа како шо можам да приметам, значи и Берахино е тапа играч ?
Шо е тоа добро шо го покажал Кембел па шо заслужил да игра ете пред Гнабри ?
За волејот против Норич шо го утна заслужил ?
Ај со Сандерленд не ја глеав баш многу убаво утакмицата и не можам да кажам дали играл добро цела утакмица или само голот му бил светол момент, за у средата изигра добро и не можам да кажам ништо лошо за средата, ама дечкото е многу многу многу спор, ете у таа ситуацијата кај пречката на Фламини имаше огромна предност а дефанзивецот на Олимпијакот испак го стигна, и не е само таа ситуација имало и многу други ситуации кај што неговата брзина ни ги усерувала акциите.
Ако ги споредуваме играчите по тоа кокава минутажа добиваат кога се на позајмица и Кембел не знам дали баш се изнаигра во Виљареал.
Не се некоја голема разлика со Гнабри, ама кај Гнабри глеам поголем потенцијал него кај Кембел.
И нигде не реков дека Гнабри го гледам како првотимец, ама во оваа ситуација во која што сме сега попрво би го играл него отколку Кембел.