Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Кокелин си гази сите 3 утакмици што ги игра, му требаат натпревари ама може да биде нешто поише од шупелка од него. Одлично ја чита играта, подобар е од Фламини секако.

Санти е исто одличен последниов месец.
 
Досадна утакмица, рутинска победа.

Кокелан е позитивно зимско изненадување, у секој случај е подобар од Фламини (засега)

Тео е добар, само му требаат малце утакмици да се разигра.
 
Кокелан може беше добар денес, ама зелен е у тиквата...
Требаше да добие прв жолт кога го нагази за зглоб Брејди (мислам) таму негде на средина на прво и втор жолт за стартот со две нозе...
Оваа утакмица стварно беше ок, ама шупелка е у тиквата ебате...
Него може даде гол, ама Алексис требаше далеку порано да биде заменет.
Волкот слабо за негови стандарди, а солидно изигра Кембел.
 
Волкот ќе биде "слаб" уште некој период, не очекувајте ништо од него луѓе, се враќа после тешка повреда му треба време.

Иначе кок можеше и директен црвен да добие :D
 
Незнам дали е само до мене,али посигурна ми е одбранава со Оспина на гол.За Кокелин нема збор дека е подобар од Фламини во секоја смисла, многу убаво ја чита играта,затвора, да продолжи вака мислам ќе си седат на клупа и Фламини и Артета.
 
Добро е што нема изгубено од брзината Волкот а инаку сигурен сум дека ке почне да шиба голови, денес влезе во 3-4 шанси,со тек на време ке почне да ги користи.Казорла како се ближи Озил до враќање се подобар и подобар незнам што ке прави Венгер кога ке биде фит турчинот,пасот за Волкот за таа шансата:drk:.Кокелан лајк а њу сајнинг.
 
Незнам дали е само до мене,али посигурна ми е одбранава со Оспина на гол.За Кокелин нема збор дека е подобар од Фламини во секоја смисла, многу убаво ја чита играта,затвора, да продолжи вака мислам ќе си седат на клупа и Фламини и Артета.

Па и не беше одбраната многу тестирана за да одлучиме дали Оспина е подобар, според мене не е ама еве може Венгер ќе му даде шанса.
 
Требаше повеќе да го форсираат Волкот за да се опушти, уште игра ко стегнат и во страв. Според мене требаше да го пушти уште со турците во ЛШ да поигра малку и да се опушти, ама тоа е муабет „да беше баба машко“.

Кокелан треба да го средат малку психолошки зашто многу избрзува со реакциите. Добар е последниве утакмици, ама со вакво однесување на терен кај и да е ќе го стегнат со директен црвен па ќе заигра пак на велигден.

Пер не можам веќе да го гледам. Ми беше еден од омилените играчи од оваа генерација, ама веќе не можам да го гледам. Прво не знае да се постави, го мрзи нога да пушти, исфрла топки ко третолигаш, бавен е ептен и што е најбитно не дава ни знак дека сака да се поправи.

Росицки, Казорла, Санчез, Кембел и Монреал одиграа солидно. Санчез понекогаш претерува кога ја држи топката и дрибла без потреба, ама па неговиот придонес во играта е несомнено најголем. Монреал за мене е послаб играч од Гибс, ама солиден е по левата страна.

Чемберс не го ни видов на теренот денес. Колку добро почна, дури и за играч на месецот беше прогласен на почеток, за да постане играч кој нема никаков придонес. Порано идеше и во офанзива, нафрлаше топки од страна, помагаше на средина, помагаше назад... сега да си излезе од теренот нема да има разлика воопшто.

И да, со Оспина на голот почнав да не се тресам на секое приближување кон 16-никот. Војче последниве утакмици ги упропасти.
 
Линекер потврди дека му бил понуден одмор од утакмицава на Алексис и одбил.
Така да можете да престанете со критиките кога не ја знаете целата приказна.
 
Чемберс не го ни видов на теренот денес. Колку добро почна, дури и за играч на месецот беше прогласен на почеток, за да постане играч кој нема никаков придонес. Порано идеше и во офанзива, нафрлаше топки од страна, помагаше на средина, помагаше назад... сега да си излезе од теренот нема да има разлика воопшто.
Стопер играше денес, шо сакаш ти да игра дупли пасови напред со Алексис ?!
Тогаш кога одел у напад играл десен бек...
Супер си изигра Чејмберс денес, мада имаше една лоша интервенција со глава во прво полувреме па мораше да реагира Пер и малце заспано реагираше кога Белерин ја пресече топката кон Сагбо или Алуко.
Мене малце ме нервираше шо скоро цело време подаваше према Оспина, ама битно добро изигра денес.
 
Тоа да, но на сите нафрлувања сигурно реагираше.Сеа вистински тест ќе му биде против некоја копачка екипа,али заслужува шанса.
 
Јас од играта бев задоволен до 30-мин после тоа многу грешки правеа.
Алексис се наметна како главен во играта но мора да се најде некој што ке му каже дека на моменти многу ја тупи неможам да го гледам веке.
Мертесакер конечно даде гол со таа негова глава,за џабе е толку висок.
Кембел многу ми се свигаше што на моменти се вракаше назад инаку за во напад му требаат натпревари,имаше неколку добри шанси што мораше да ги искористи.
Волкот беше добар се гледа дека уште има страв ама ке закрепне верувам во него само нека почне да го пушта по 40 мин во наредни 3-4 утакмици.

А ме интересира нешто како проценивте дека Оспина е добар кога денеска не му шутнаа ни еднаш?

Кокелин ѕвер само треба некој да го научи дека несмее да прави повеке од 1 глупост на натпревар и дека клизања со 2 нози е забрането.

Ајде сега само нека се падне некоја лесна екипа и по можност да ја играме дома :)
 
Секоја чест за Санчез, кој е, не знам. Атлета. Секоја му чест. Мислам дека Оспина мора да добие шанса, и во Премиер Лига за да знаеме на што сме. Барем да оформиме мислење за него, било добро или лошо. Она што е позитивно е дека Волкот е супербрз и дека не изгубил од чувството за гол. Влезе во 2 - 100% шанси што е одлично за Нас, иако не погоди. Тоа е. Важно не го изгубил чувството за гол туку само му треба играње. Мечеви. А нив сигурно ќе ги добие, а со тоа и чувството за гол ќе му се врати. Верувам во него.

Кокелан уште игра незрело и никако во тој дел да напредува. И порано кога добиваше шанса секогаш знаеше да ја упропасти. Но, ајде, ете 3 меча се малку, иако делува подобар од претходно. Сепак, Фламини мислам треба да биди прв избор во овој ростер на играчи на Венгер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom