Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа шо Ремзи и Озил рано заминаа на клупа треба да биде порака за нив да си ја поправат играта и да ме и изиграваат многу ѕвезди.

Тоа што и Артета замина на клупа само потврдува дека е нула, оваа утамица покажа, ужас, ќе славам денот кога циганскиот „капитен“ ќе си замине од клубот.

Лани мислев дека одбраната ми е подобрена, освен на оние 3-4 ужасни утакмици добро изгледаше, сега на секоја утакмица примаме голови, ниту Мертесакер ниту Косилени не играат на ниво.
 
Да де да Подолски го пушти шупак тежок чичо....Кембел нека грее клупа.....
Ремзи слаб, Артета дебил, Озил дрвце, противнициве го изораа теренот, нашиве си трчкаат лагано...
И дај нека мења нешто чичо досаден е со формацијава, жими се.....
 
Проблемот е 4-1-4-1 формацијата што ја форсира Венгер сезонава.Се гушат Џек и Ремзи, а Артета не може ДМФ да игра, нема агресивност и физички предиспозии.
Не знам само колку пати на натпреваров кога ќе изгувиме топка назад има само 3ца играчи(Пер,Кош и Артета) додека 5/6(бековите,крилата,Џек и Ремзи) се напред отидени и абер немаат да се вратат да покријат.Има една огрома дупка во средината, кога треба да се изнесе топката од одбрана нема кој од средината да ја прими или некој ке прими топка и нема никакви опции, ни ја сечат,полуконтра,гол.
Ете тоа беше цел натпревар, цела вина оди на Венгер за поразов.
 
Да ги оценам играчите од 1 до 10:
Шчезни - 5 (најдобар од наша страна)
Белерин-2
Косчелни-4
Пер- 0,5
Гибс-3
Артета- 0,1
Вилшер-3
Ремзи-0,5
Санчез-3
Велбек-2
Озил- 0,001
И замените: Окс- 3,Подолски - не чепна топка , Санти- 2
 
22 спрема 4 удари кон гол на нашиве....Браво браво....:гомце::гомце::гомце:
И Венгер се праи психолог , да не смени некој на полувреме, да не им ги повреди егата на ѕвездиве. Море седни ги на клупа на полувреме, пушти ги Окс и Кембел барем ќе трчаат ако ништо друго, овие прва постава беа за жалење.....
 
Ова е болно више да се гледа. Нема никакви идеи, ниту шанси, ниту разиграност, милион изгубени топки. Војо што не спаси од дебакл, ама со ваква игра буквално никој неможеме да победиме. Доста беше јадење ку*от, редно е да се превземе и смени нешто. Следна утакмица нека се одморат неколку играчи, првенстевно Озил, нека не скапуват разиграни и добри играчи на клупа...
 
Тактика и Венгер:facepalm:
Веќе на живци ми иде.Поеднодимензионален и предвидлив тренер не постои моментално во фудбалот...а уште 3 години треба да го трпиме.
 
.. Подолски сиротиот, гарант не ни мислел дека ќе заигра, па ни штитниците незнаеше кај ги оставил, па мораше на Озил да му ги земе. :ROFLMAO:
Комедии беше, ја да бев Венгер ќе му речев ај иди побарај ги у соблекувална и ќе го турев Кембел :D
 
.. Подолски сиротиот, гарант не ни мислел дека ќе заигра, па ни штитниците незнаеше кај ги оставил, па мораше на Озил да му ги земе. :ROFLMAO:
Нешто сериозно се случува, Венгер не го внесе на овие 7 утакмици повеќе од 20 минути се вкупно а очајно требаа измени цело време на лево крило. Не знам како човекот може да остане позитивен на такви лајна.. Греота е
 
Нешто сериозно се случува, Венгер не го внесе на овие 7 утакмици повеќе од 20 минути се вкупно а очајно требаа измени цело време на лево крило. Не знам како човекот може да остане позитивен на такви лајна.. Греота е
Друже доста бе со тоа греота е....Да речеш греота е Кембел да грее клупа ќе те разберам али вака не ја бива.....Полди може уште на зима да си иде што е до мене.....
 
А веќе не ни играме добро, никаде ја нема ни течната игра, ни пасовите ни брзината, како шо кажавте и погоре, еднодимензионален, спор и неуигран тим.

И лани беше така, дури и кога победувамве, се беше некако на сила, на чист квалитет на играчите спрема противнициите (зборам за утакмиците со послаби противници, за појаките видовме како поминавме).

Венгер се губи у модерниот фудбал и тоа јако, а и тимот е целосно неизбалансиран, еден куп напаѓачки играчи од средниот ред кои никако не можат да играат заедно, и премалку напаѓачи, вистински крила и дефанзивци.
 
.. ако и оваа сезона се бориме за четврто место и елиминација уште во 1/8 финале ЛШ, да ти ебам животот монотон. :place:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom