Многу ни е тивка темава пред вака важен натпревар. Не дека е од исклучително значење во борбата за 4-то, ама победа дефинитивно би ни олеснила доста работи.
Да се обидам да го предвидам составот не знам колку е можно, ама би сакал да видам нешто вака:
Шчешни
Сања, Мертесакер, Кошиелни, Гибс/Начо (тежнеам кон Гибс)
Артета, Ремзи, Џек
Волкот, Подолски, Кацорла
На местото на Волкот може да игра и Окслејд, ама првиов секако има повеќе искуство и помирна завршница, Чембрлен секако ни е добра замена за да ги раздвижи работите.
Би сакал да се проба и Жервињо лево, да игра со Подолски и Кацорла, ама не знам како би добил место пред погоре набројаните.
Во случај да не иде, како замени очекувам да се искористат токму Окс, Жервињо и Росицки на местото на Волкот, Џек и Подолски/Сања во зависност од резултатот.
Од друга страна, Јунајтед никој не знае како ќе излезе. САФ спомнуваше да играат играчи на кои им требаат 10 настапи за медал, но имаше и изјави каде сака да оди на рекордни поени во ПЛ (Челзи го држи рекордот со 95). Јунајтед е секогаш незгодна екипа токму заради САФ, така да не се надевам на некакво попуштање, дури и да игра послаба постава.
Одиме на победа, одиме на трето место и директен настап во ЛШ, и здравје боже со некоја инвестиција летово, да бидеме поконкурентни следната година за која веќе има најави на засилувања од страна на Челски и Сити, како и Ман Ју. Тотехнем очекувам да паднат ако не обезбедат ЛШ, а Бејл ако им отиде, ќе треба да најдат некој стварно добар играч да го замени.
*РВП не го коментирам, ич не ме интересира. Ако треба и ќутек нека изеде на сметка на некој црвен откако ќе водиме 3-0 (во 80` минута

)