derrain
артилерец
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 364
- Поени од реакции
- 205
одлично напишано, само како поправка, Дин своеволно го напуште бородот поради несогласувањата со бордот за новиот стадион. Негова замисла беше да се преселиме на Вембли и да го делиме со некој од другите лондондски клубој.
Не сум сигурен... тој бил и тоа како за изградба на нов стадион, сфаќајки ја вредноста, не само комерцијалната, на едно модерно здание и неговиот влог во иднината.
Јас како што имам читано,Дин не се согласувал со Хил Вуд за носењето на Кронке за газда(ако предходно двајцата биле за Кронке) и затоа тој го напушта бордот и ги продава своите акции на Усманов.Хил Вуд успеал да ги натепра Н.Смит и Физман да ги продадат своите акции на Кронке.
Таа верзија е делумно точна. Всушност Дин го претставува Кронке на тогашниот борд, како можен инвеститор, и притискал тој да го преземе клубот. Но малку подоцна, најверојатно откако го сфатил системот на работа на Сајлент Стен (дека нема да дава пари за засилувања), се предомислува и го опструира преземањето на клубот давајќи му поджка на Усманов. Тогаш започнува вистинската борба и целиот борд се обединува против него, па тој е принуден да се повлече. За да направи против тежа му ги продава акциите на Усманов. Во никој случај Дин самиот несакал да си даде оставка, затоа што мислел дека е возможно да се плаќаат масивните рати а во исто време клубот да биде способен да носи скапи засилувања, а единствена опција за тоа бил Усманов. Целата оваа мешаница е задржана во тајност колку што било возможно, и не се сомневам дека директорите истуриле еден куп пари за да не протечат информации во медиумите, со цел да не се наруши имиџот на клубот.
Е сега мислењата за овој последен потег на Дин се поделени, едни сметаат дека бил во право а други не. Жртвувавме многу сезони за да се изградат здрави основи за иднината на клубот, но самоодржливиот модел се покажува успешен, ако последните информации, дека клубот сега има доволно пари за трошење се точни, тогаш веќе од следното лето може да гледаме еден друг Арсенал.
Final note:
Добро бе луѓе, еден кикс на Шчежни и жив го одравме... а претходните две утакмици!!! Примил ефтин гол бре. А Мануел, а Флапихендски... Се сложувам дека ни треба бекап кипер, но Шчежни не треба да биде тргнат од гол. Му треба само некој да го притисне малце.