Има нешто што може да се совлада само преку пресметка на резултатите... тотално ОФ топик одам сега..
Доколку вака како што почна сезонава, заврши... РвП во првата сезона во Јунајтед, не само што е најдобар стрелец за сега, но веќе ќе има титула

Бендтнер, каменот на камењата, во Јуве што одвај секој 3т меч добива шанса, и по колку кола сеуште еден гол нема постигнато, ќе запише зад своето име во стилот на Пепе Реина за Шпанска репрезентација...барем една , а можно е и две титули во Италија..
Минатата сезона колку ли само играчи во Сити што отидоа, си освоија..
Исто е и со Цеск во Барса, а сега веќе и првотимски статус си држи цела сезона, додека и Сонг ќе освои титула што.. ништо посебно не пружа таму, односно не добива премногу на значење во првиот тим...
Ебуе веќе една освои, можно е и втора да е на повидок.Воедно, цело време е прв тим како и најбитен играч им е во тимот... заедно со уште 1/2 други.
Робин, постигнува погодок од слободен удар, имаше мала помош...но каде беа погодоците задниве 3/4 сезони од слободни? Па од 150 гола, само 1 до 2 дали беа од слободен, сега оп од никаде вади во 93та за најбитниот меч можеби на сезоната...во мигови кога тотално беа изгубени.
Пред се , се извинувам што одам оф-топик, само морав малку да го споделам ова иритирачко нешто со вас, неможев во себе да го “тофтам“ веќе ...
Ги имаме Санти , Росицки, Вилшер и Артета... доколку се најде место за сите овие 4ца во првиот тим да играат, а да не го гледам челото , Аршавин и секако Ремзи во средина ( само по крило може да се прифати).. добиваме не совладлива средина!
Со брзината на Окс/Волкот било кој од нив и да е на крилна позиција... добиваме експресност која додека е Росицки во тимот, се максимизира за разлика од кога не е тој во тимот...тогаш сме на минимум со спринтните акции.
Диаби, сонувам како и секогаш за мојот омилен дм што сме го имале (со Сонг) во тимов, да се врати како на почетоков на сезонава, но и без него со овие што ги наведов погоре... доколку се сите спремни... имаме 10/10.