Anti Wenger fans коментар ???
Не сум Анти Венгер, иако коментирам. Ама не сум ни волку забеган за да верувам во тоа. Точно е дека Арсенал не троши многу на трансфери како МанЈу, Сити, Челзи па и Ливерпул. Ама не е тоа поентата, тие бројки се извадени откако ќе се пребијат приходи ирасходи, односно продавања на играчи и купени. Ние многу продаваме, и на крај искача дека сме свртеле добар бизнис, а уствари ни отишле играчи.
Дали знаеш на кое место сме по плати на играчи? Веднаш позади Манчестер Јунајтед, и тоа не за многу. Знаеш ли колку на плати годишно трошат Тотенхем, Евертон, ВБА или што знам, дупло помалку од нас, а сите се добри тимови и горе на табела.
Јас не велам да се смени Венгер, мислам дека е добар менаџер (иако тактички нешто не штима во последно време), само треба некој да му изврши притисок за некои работи, траснфери, политика околу плати и слично. На пример, читам дека не сака да му понуди на Сања подолг договор од една година, а на Росицки му даде повеќе, на Скилачи му даде повеќе, на Артета иако тука беа со годините, околу 30. Скилачи и повеќе. Сања според мене е ептен добар десен бек, еден од подобрите и не треба да го пуштиме. Џенкс има потенцијал, ама му треба малку време.