Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
http://timesofindia.indiatimes.com/...season-says-Hamilton/articleshow/16426873.cms
И Хамилтон е фан на Арсенал (y)
--- надополнето: 17 септември 2012 во 00:21 ---
ibe9CRy4sqdp85.gif

:cuc:
 
И Хамилтон и Ешли Јанг се фанови на Арсенал, заедно оделе во школо и играле фудбал за Стивениџ, Ешли кажа дека Хамилтон играл средина и сакал да игра за Арсенал ама друго му искочило на патот.
 
Надвор од Скопје бев у саботата и не можев да ја следам утакмицата. Ми се оствари желбата за среден ред со Кокелин - Артета - Казорла, како изигра Кокелин?
Исто како ни беше распореден нападот, Подолски шпиц или со Жервињо како лажен шпиц?
Како и да беше, одлично функционираше.
Исто читам Ремзи бил одличен.
 
Надвор од Скопје бев у саботата и не можев да ја следам утакмицата. Ми се оствари желбата за среден ред со Кокелин - Артета - Казорла, како изигра Кокелин?
Исто како ни беше распореден нападот, Подолски шпиц или со Жервињо како лажен шпиц?
Како и да беше, одлично функционираше.
Исто читам Ремзи бил одличен.

Добар Кокелин, 1-2 пати ја изгуби на средина во ризична зона ама се врати си ја поправи грешката, пресече уште неколку контри, се труди момчето многу :)
Жервињо лажен шпиц во напад, Ремзи влезе 3 допира со топка имаше мислам дека 2 шанси напраи 100% за гол
Пасови по средина фрштеа, немаа акција напраена саутемтон, голот на опасна грешка на Војо. Казорла и Подолски као цел живот да играат заедно имаа опасни дупли пасови мајмуни ги напраиа нивниве дефанзивци. Одбраната одлична, Гибс пак врв утакмица изигра, трча и напред се враќа покрива отвара..
Имаш поназад линк од цела утакмица да ја симнеш мислам дека :)
 
Еве му утре уште една шанса на Вито да покаже дека малку е трет голман за него. Гледам Војче демек повреден :unsure:, и Фабиански исто, па ќе видиме како ќе се покаже Вито утре...Војче после европксото неможам да го препознаам, му посакувам да си ја врати формата.....
 
Се повеќе ми личи дека продажбата на Сонг беше корисна и од финансиски и од играчки аспект.
Артета е подисциплиниран и технички надмоќен во споредба со Сонг, Кокелин е надежен талент на кој ќе му се укажат доста шанси сезонава, средниот ред ни е одличен, одозгора имаме уште 4-5 доста добри играчи на тие позиции кои ќе ротираат кога распоредот ќе згусне.
 
Утре 20:45 започнуваме со ЛШ.
Прв тест: Monpellier Herault Sport Club

Прваците на Франција годинава нималку не личат на прваци. Како што вели и Венгер, чудо е како освоија титула лани. Моментално го држат ниското 16то место со 3 порази и само една победа. Не можам да замислам ништо друго освен победа на овој меч.
Меѓу 18темина се враќа Дијаби( наместото на Аршавин) и за прв пат како резервен голман ќе биде вклучен Џејмс Шеј. Повеќе инфо тука http://www.arsenal.com/news/news-archive/arsenal-name-18-man-squad-for-monpellier-game

И покрај тоа што ова би требало да е релативно лесен тест, сепак многу е важно тимот правилно да го искористи натпреваров како подготовка пред неделното дерби со Сити. Доколку Дијаби е целосно подготвен за натпреваров, добро би било да биде вклучен од старт, да не се дозволи подолго одсуство од првиот тим, а со тоа и губење на флуидноста на средниот ред.
Жиру назад во Монпеље. Не е баш во форма, дали поради големиот притисок, дали толку му се квалитетите рано е да пресудиме. Но ако некогаш било време да збрца гол, тоа ќе е утре. Мора повеќе да се воигра со тимот, да добие на самодоверба, ќе биде и те како потребен во недела. Да бидеме реални, лажната 9ка како со Саутемптон тешко дека ќе помине против силната и цврста одбрана и дефанзивен среден ред на Сити. Ќе ни требаат повеќе мускули во нападот.
Мислам и дека може да се направи промена во стоперскиот тандем. Секоја чест за одиграното на Пер до сега, ама брзите напаѓачи на Сити по малце ме плашат. Може да се искористи натпреваров за ре-воигрување на Кош со Верминаторот.
Би го одморил Гибс ( да осети и Сантос малце акција сезонава) исто и АОЧ. Жервињо според традицијата би требало да одигра веќе наредниот натпревар сосема просечно:)( знам дека го хејтам по малце), така да може Волчко да улета.
Сума сумарум, еве го тимот кој јас би го поставил( јасно ќе е дека Венгер ќе има сосема друга замисла:)):

-------------------------Маноне----------------------------------

--Карл-------Кошчиелни---Вермален-----Сантос-----

--------------------Артета---Дијаби------------------------

--Волкот-------------Казорла-------------Подолски---

-------------------------Жиру----------------------------------

Од постов некој ќе помисли дека со Сити играме утре, али јбг, кога не ги сметам Монпеље за некоја посериозна закана. Слободно пукнете си ја 2че утре.;)
 
Мертесакер може да се носи со брзи напаѓачи.
Супер беше против Суарез, а се сеќавам дека ги пикна во џеб Меси и Тевез на Светското 2010-та.
 
Мора да се победи утре, мислам дека нема да биде многу тешко за тоа. Треба да се искористи неискуството на Монпеје во ЛШ и да се стигне до првите бодови, но не смееме ни да ги потцениме. Според мене точен резултат 0-2 со Жиру стрелец на еден гол :D
 
ОК си е тоа. Не ги оспорувам квалитетите на Пер нималку. Само мислам дека Кошчиелни е подеднакво квалитетен како германецов, но е поподвижен и побрз што ќе биде од корист во дуел на земја со играчи од типот на Тевез, Силва, Насри. Али можеби и е попаметно да не го размрдуваме тандемот кој досега одлично функционира.
 
не го хејтајте жервињо бе топ играч е , освен кога е себичен а често е себичен и треба венгер да му врзе 2-3 шамара и да го направи играчиште и така

ако некој се прашува кај е скилачи ја го најдов се подмладил чоекот
http://www.arsenal.com/match-menu/173436/reserves/arsenal-res-v-norwich-res?tab=preview

:D
 
Мене денес сите што ме прашаа што да ја пишат на ливче им викам 2-2 & 3+. :icon_lol:
Се надевам дека конечно Жиру ќе постигне погодок, мислам дека тоа ќе ми направи најголем мерак.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom