Не е можеби право време да пишам ова, бидејќи денес дечкиве прегазија, но Хинкапие не ми е човек за Арсенал. Квалитетот со кој што располага не е доволен за во Арсенал, особено ако се земе цената од 52 милиони, а гледам дека е прва замена, т.е. играч кој е во план да може да ги покрие сите 4 деанзивни позиции. Мосќера кога играше на почеток на сезона ми беше феноменален, воопшто немав приметено дека не игра Салиба (мислам тој беше тогаш отсутен). Додека Хинкапие убедливо е послаб офанзивно во секој аспект, кога е како бек, воопшто не функционира комуникацијата со крилото како другиве бекови што функционираат, на корни лошо се снаоѓа, кога истрчува во контра лошо се снаоѓа, дефанзивно не е лош да најдеме некоја грешкa, ама па нема нешто што може да понуди повеќе од било кој друг, а во скоро се е полош. Не знам мој впечаток само, може и погрешен.
Патем милина е да гледам ballers во клубов како Тросард и Жезус, премногу осет за фудбал имаат и двајцава, технички се одлични. И Езе би го додал тука, само што штета што не може да игра, бидејќи Одегард повторно се повампири. Мислам дека секој тим кој не пробува да игра бункер со нас вака ќе заврши.
П.С. Испаѓа Габриел е највлијателен играч во тимот, излезе таму и одма примивме гол, а претходно уште еден сигурен гол спаси Раја од гол линија. Пред голов што го даде, не памтам кога последен пат наш играч даде гол после корнер, ако не рачунаме автоголови.