Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Можно е Арша да ни беше малерот :), он си отиде почнаа петерди да пукаат.....
Штета за Верма и Росицки ако не играаат со Ливерпул.....:(
 
Ова е тој арсенал за кого навивам , ова е тој тим што сакам да го гледам ,секоја чест на момците , ова е играта што треба да ја прикажуваат секој натпревар и конечно ми дадоа мотив да пишам на форумов после толку време , браво ганери само напред :) (некој 2-2 ја типуваше :P :) )

5PURS LONDON IS RED :)))
 
.. дојде време, да ти е страв да се радуваш. Но како и да е, секоја чест до момците и прикажаната игра. Душа ми исполнија!

Arsenal+v+Tottenham+Hotspur+Premier+League+n0rxS_E2nDOl.jpg
 
Искочив од дома на 0-2 со невидена нервоза во мене. Се враќам, гледам 5-2 сме тепале.. 100% подобрување на расположение :D

Бравоооо! Ме изненади колку јако изигра Сања, како ли само улета при третиот гол коа даде пас за Росицки пфф..
Сите изиграа супер, за РВП неам зборови, дечкото и покрај тоа што денес немаше среќа, 2 опасни топки покрај гол имаше и една статива, успеа да даде супер асистенција и гол.. КЛАСА!

Само вака да продолжиме!!!
Go Go Gunners!
 
Можно е Арша да ни беше малерот :), он си отиде почнаа петерди да пукаат.....
Штета за Рвп и Росицки ако не играаат со Ливерпул.....:(
РВП ќе игра, како што сум информиран, картоните се ресетираат по 31 декември...
 
Не знам само зошто, Венгер рече дека Росицки и Вермален сигурно, нема да играат во среда, кога во среда немаме меч. Сабота играме со Ливерпул, или пак можеби мислеше само за враќање на тренинг, не знам. Ќе има инфо кон средината на неделата, но мислам дека е можно да се вратат назад во тимот.

Иначе, да, Моцарт покажа дека е жив, повторно, но него му недостига само константност, класата ја има, уште од Дортмунд.
 
Секоја чест, секоја чест, ваква игра немам видено од Арсенал од мнооогу одавна и ме радува фактот дека сеуште е тука некаде, затскриена, позади морал или замор или инат незнам, али сеуште е тука. Многу значи ова за нас, првенствено од резултатска гледна точка бидејки ги растуривме, а како второ од гледна точка на ЛШ (влез за 2013). Посакувам вака до крај на сезонава да изиграме.

п.с. Единствено нешто што ми ја мати радоста во овој момент е дека после секоја ваква победа се намалува до виртуелна нула интересот на А.В. и одборот за нови играчи.
 
Супер победа
Ако ме држи добро меморијата мислам дека ова е вториот меч во кој играа Сонг-Артета-Росицки заедно,првиот беше против Блекбурн тепавме 7-1 сега 5-1 :)
Волкот е звер кога одбрана игра со висока офсајд замка,но кога седи пред 16ник поарно да не игра.
 
5ка е оценка за која секој ученик се бори цела година, а Тотенхем и Челзи ги добиваат за 90 мин... :P
Ми го исполнија срцево, ваква игра да имаме до крајот и 3то место нема да ни избега... напред ганерии :)
 
5ка е оценка за која секој ученик се бори цела година, а Тотенхем и Челзи ги добиваат за 90 мин... :P
Ми го исполнија срцево, ваква игра да имаме до крајот и 3то место нема да ни избега... напред ганерии :)

Арсенал ?
 
Само едно големо браво!
Нејкам ептен да ги воздигнам , па наредна петарда на нас :)
Ќе ги воздигнам во ваздух доколку ги минат Миланчо :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom