Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурно венгер знае што е рецептот а ти незнаиш во тоа сум сто посто сигурен а дека фале играч како кембел фале слична таква замена гледам во самба :)
 
http://www.arsenal.com/news/news-archive/wenger-my-team-is-not-defensively-weak

Венгер вика дека дефанзивата не ни била слаба точка, па се слуша ли што збори. Ако Венгер лаже статистиката не лаже. Во последните три сезони Арсенал има најмногу голови примено од сите топ четири тима (43 - оваа сезона, 41- минатата, 37 - предминатата.) што е за некаде 8-10 гола повеќе за разлика од шампионот, и има најмал број натпревари со Clean Sheets во последните три сезони (во таа табела не е ни меѓу 4 најдобри - оваа година е дури на 7 место а пред арсенал се едне ливерпул фулам и сандерленд). Исто така статистички гледано имаме и многу лоша форма на домашен терен (нешто што е задолжително ако сакаш да си шампион). Во врска со нападот од заминувањето на Анри немаме топ скорер ниту една сезона (нешто што е уште една одлика на шампионски тим), нешто како Бербатов оваа сезона или Дрогба минатата со речиси 30 гола сам им ја донесе титулата на својот тим.

Не верувам дека Венгер не чита статистика ама за друг пат нека се обиде малку подобро да лаже, и она што го гледам скриено во оваа изјава е дека со враќањето на Вермален можно е да не купи воопшто ниту еден одбранбен играч???? WTF???
Иако Вермален е добар играч сепак статистиката и за минатата сезона (во која играше Вермален) во поглед на дефанзивата не е ни од далеку добра за освојување на титула.
Бодовите се добиваат со добар напад но се чуваат со уште подобра одбрана - тоа е рецептот за освојување на титула (сите знаеме премногу натпревари каде во добиени натпревари сме губеле витални бодови)
Според мене за нас во англиската премиер лига ни треба физички јак играч кој со заминувањето на Сол Кембел никогаш не беше вистински надоместен!!

И кога бевме шампиони, годините наназад кажувааат дека одбраната никогаш не ни била најјака... И тогаш примавме повеќе голови од 2ро или 3то пласираната екипа, но дававме по 10ина голови повеќе... Но, тоа е... :)
 
Легендата на Арсенал, Патрик Виера се пензионираше од играње фудбал. Последниот капитен кој освоил пехар со Арсенал во ФА купот во 2005. После неговото заминување Арсенал не беше истиот тим како порано.
 
Сигурно венгер знае што е рецептот а ти незнаиш во тоа сум сто посто сигурен а дека фале играч како кембел фале слична таква замена гледам во самба :)
ако знае тогаш зошто секоја година ни се повторува истото сценарио во одбраната
И кога бевме шампиони, годините наназад кажувааат дека одбраната никогаш не ни била најјака... И тогаш примавме повеќе голови од 2ро или 3то пласираната екипа, но дававме по 10ина голови повеќе... Но, тоа е... :)
сепак, оваа одбрана со таа тогаш се неспоредливи, а венгер не прави ништо со цел да ја подобри веќе неколку сезони наназад
 
Јас мислам ти да го замениш Венгер ке биди најдобро ти знаиш како да се справиш со одбраната на Арсенал и сигурно тогаш од 10 гола повеќе не би примиле во сезона, и не а гледај грешката за примените голови во одбраната сепак има нешто и во средниот ред каде се губат клучни топки, значи не е се до одбраната, барселона со маскерано, бускетс и абидал како централни штопери оваа сезона освоиа двојна круна.
 
сите овде со нашите коментари се правиме попаметни и поголеми менаџери од Венгер, така да тоа не е ништо ново. Значи проблем во дефанзивата постои (без разлика дали во средниот ред задолжени за дефанзива или пак во последната линија од одбраната), и Венгер не презема ништо во последниве години и сите го знаеме резултатот од тоа. (немој да ми речеш дека Косчелни и Скилачи се промените што ни се потребни, што ги презеде Венгер минатите години)
 
Легендата на Арсенал, Патрик Виера се пензионираше од играње фудбал. Последниот капитен кој освоил пехар со Арсенал во ФА купот во 2005. После неговото заминување Арсенал не беше истиот тим како порано.

Вистински лидер беше Виера.
Тоа беа времиња.
Манчестер vs Арсенал
Ферги vs Венгер
Кин vs Виеира
 
Јас мислам ти да го замениш Венгер ке биди најдобро ти знаиш како да се справиш со одбраната на Арсенал и сигурно тогаш од 10 гола повеќе не би примиле во сезона, и не а гледај грешката за примените голови во одбраната сепак има нешто и во средниот ред каде се губат клучни топки, значи не е се до одбраната, барселона со маскерано, бускетс и абидал како централни штопери оваа сезона освоиа двојна круна.
да да баш со тие 3 ца ! хахаххаха најголема глупост Пике и Пујол не играа никако нели ?
 
Па против реал играа со абидал, многу пати оваа сезона во лигата и бускетс му играше како централен штопер во едно финале играа со Маскерано како штопер пред две години со јаја туре како штопер така да според мене средниот ред е најбитен и најважен за тоа како се одвиват настаните на теренот
 
Јас мислам ти да го замениш Венгер ке биди најдобро ти знаиш како да се справиш со одбраната на Арсенал и сигурно тогаш од 10 гола повеќе не би примиле во сезона, и не а гледај грешката за примените голови во одбраната сепак има нешто и во средниот ред каде се губат клучни топки, значи не е се до одбраната, барселона со маскерано, бускетс и абидал како централни штопери оваа сезона освоиа двојна круна.

Одбраната на Барселона почнува со Меси, Виља и Педро и тоа со секој противник. Не дека играчите на Арсенал не ја бркаат топката, ама не се доволно успешни во тоа, а тука најголем проблем се средните играчи. Разликата меѓу двата тима ја прават Чави, Иниеста и Меси со тоа што губат многу помалку топки на средина.
 
Па тоа и сакам да го објаснам дека не е сета игра во одбраната, клучен е средниот ред :)
 
Одбраната на Барселона почнува со Меси, Виља и Педро и тоа со секој противник. Не дека играчите на Арсенал не ја бркаат топката, ама не се доволно успешни во тоа, а тука најголем проблем се средните играчи. Разликата меѓу двата тима ја прават Чави, Иниеста и Меси со тоа што губат многу помалку топки на средина.
Точно,и нашите не се агресивни ич !! ако примети у дуелот против барса каков пресинг ни вршеа што се губеа нашите !! Џабе не рекле нападот е најдобра одбрана !али ние неаме ни напад ни одбрана ! Само средина
 
дечки има некои новости околу траснферите и насри и фабрегас што ке се деси со нив бев на одмор и не знам кои се новостите се надевам дека не сум пропуштил многу би бил благодарен ако некој ми одговори ;)
 
Комплетиран трансферот на Jенкинсон и Жервињо, Клиши во Сити...околу Насри и Фабрегас, топло-ладно.
Насри е на подготовки со тимот во Азија, Фабрегас изоставен поради ситна повреда.
Тоа е тоа накратко. :)
 
Најново Дени на позајмица во Сао Паоло,а ние преговараме за младиот напаѓач на Коста Рика Џоел Кембел.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom