Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Позајмица вредна 14/15м, пари кои може да ги вложеме во замена десен бек да речеме, Белерин стално се повредува и формата му е неконстантна.
 
14/15м Елнени тип на играч и пак нема да ви чини. Башка ете ви го Соарес ако толку сакате замени.
Разбирам хејтот кон Киа, ама нека не те ослепува од фактот дека ако вратиме барем 30% 'ливерпулски' Кутињо, ќе биде огромен упгрејд.
Автоматски споено мислење:

Oк, малце е 30, нека биде 50%
 
Артета ако го гледа како идеален играч во неговата филозофија, зошто да не му верувам? Од еден Мустафи направи играчиште. Најмалку уште 4 сезони му остануваат за да игра во добра форма, доволно време Смит Роу и Вилок да се развијат како играчи на долгорочен план.

Нека ви текне Фабрегас на која возраст отиде во Челси, а им беше клучен играч првите години и главен кривец за титулите.
 
Каастрофа потег на долг период и не е се само парите за позејмица од 14/15м плус 11/12 за плата 25м+ ако изигра добра сезона барса сигурно би барала околу 80м ако не изигра пак бадијала порошени пари.
Подобро да се иде на некој како Грилиш кој би бил некаде нешто околу 40м плус плата во нормални граници отколку преплатени и преценети бразилци.
 
Чекај, стварно мислиш дека Грилиш вреди 40м плус плата?? И ако бразилциве се преценети, што да кажеме за англичаните?
 
Ок а ти стварно мислиш дека Кутињо вреди 80м и 11/12 м плата наспроти Грилиш 40м и 5/6 м плата :)
Грилиш го дадов како пр можи исто тука да се спомнат Ван Дер Бек , Хусем Ауар од Лион играчи кои се млади и малку им фали да станат одлични играчи за највисоки дострели со нормална почетна плата и ако не се снајде ке можиш да го родадеш за солидна сума а ако се погоди и посака да замини по 4,5 години ке можиш да го продадеш за солидна сума. Додека играчи како Кутињо, Озил,Бејл,Санчез и ред др кој земаат огромна плата а се во лоша форма кој нормален би платил добра сума плус огромна плата за вакви играчи.
Реално Озил моментално и бесплатно да го нудиме некаде никој нема да го прифати поради огромните примања не е проблемот да му се даде нему висока плата ќе се створи и незадоволство кај др играчи во клубот.
 
Артета ако го гледа како идеален играч во неговата филозофија, зошто да не му верувам? Од еден Мустафи направи играчиште. Најмалку уште 4 сезони му остануваат за да игра во добра форма, доволно време Смит Роу и Вилок да се развијат како играчи на долгорочен план.

Нека ви текне Фабрегас на која возраст отиде во Челси, а им беше клучен играч првите години и главен кривец за титулите.
Мустафи никогаш не може да биде играчиште!

На муабетот за Кутињо дека не ни требал зошто не се снашол во Барса и во Баерн, треба малце реални да бидеме дека Барса и Баерн се борат за титули на 3 фронта, ние се бориме за влез во ЛШ и еве 3та сезона (ако не се лажам) нема да успееме во тоа, така да, да бидеме реални...
Башка и Санчез играше страшно во Арсенал, а во Јунајтед и Интер нигде го нема. Поентата ми е дека ако се намести играта за да се истакнат неговите квалитети, тоа што бил пропаднат трансфер во Барса и во Баерн ќе биде небитно како ланскиот снег.
 
На муабетот за Кутињо дека не ни требал зошто не се снашол во Барса и во Баерн,
Мисперцепција е дека не се има снајдено во Баерн, од тоа малку што го имам гледано и од муабет на баварците на форум.
 
Ок а ти стварно мислиш дека Кутињо вреди 80м и 11/12 м плата наспроти Грилиш 40м и 5/6 м плата :)
Грилиш го дадов како пр можи исто тука да се спомнат Ван Дер Бек , Хусем Ауар од Лион играчи кои се млади и малку им фали да станат одлични играчи за највисоки дострели со нормална почетна плата и ако не се снајде ке можиш да го родадеш за солидна сума а ако се погоди и посака да замини по 4,5 години ке можиш да го продадеш за солидна сума. Додека играчи како Кутињо, Озил,Бејл,Санчез и ред др кој земаат огромна плата а се во лоша форма кој нормален би платил добра сума плус огромна плата за вакви играчи.
Реално Озил моментално и бесплатно да го нудиме некаде никој нема да го прифати поради огромните примања не е проблемот да му се даде нему висока плата ќе се створи и незадоволство кај др играчи во клубот.

Нигде не реков колку вреди или треба да вреди Кутињо. За твоиве млади што ги наброја ниту еден на денешниов пазар (освен ако не се промени нешто драстично поради пандемијава па да паднат цените) не вреди под 50 милиона. Тоа нормална почетна плата е смешно, на Мустафи почетна плата му е 100к, за тебе тоа нормална е? Сите овие што ги наброја ако мислиш дека еден од нив ќе бара под 100к се лажеш и тоа убаво. Тоа дека се млади, 3-4 години се помлади од Кутињо, Кутињо е 27, што во фудбалски свет тоа е прајм и најдобрите години. 100 пати се напоменува дека Арсенал немаат пари, ако планираш дека уште едно лето на рати ќе го одиме и за тоа гадно се лажеш. Уште ги плаќаме Пепе и Тирни. Кога почнаа сите шпекулации за трансфери, сегде се шпекулираше, т.е не ни се шпекулираше, Орнстин имаше објавено дека во маркетот сме по ДМ и ЦД, значи по некоја логика ако фрлаат Арсенал пари, ќе фрлат на некоја од овие две позиции, ако очекуваш ти да фрлаат и по АМ оти глеам набројуваш dream signings, пак гадно се лажеш. Кутињо ни иде ко кец на десетка, позајмица од 14м за една година да помогне да не внесе во ЛШ и после се реални твоиве избори. За платата, многу ретко во фудбалов еден тим плаќа 100% од платата на играчот, посебно ако веќе плаќаш 14м за позајмица тогаш би било очаен потег од Арсенал да плаќаат и 100% плата (ама и така би го земал Кутињо без око да ми трепне). Според мене побитни позиции се АМ и ДМ од ЦД оти средината ни е повраќаници.
 
За колку мислиш дека ќе ги продадат моментално еве прво Грилиш посебно ако Вила испадни нема шанса да иде над 50м јас би типувал измеѓу 40/45 максимум, за ВДБ исто пред коронава се спомнуваше сума од 50 м во Р.Мадрид и МЈ сигурно со ситуацијава ќе падни 5/10 м исто и за Ауар Лион е во финансиски проблеми и ретко кој би понудил повеќе од 50 за било кој од овие ама ќе видиме дали јас ги потценувам со сумиве или ти ги преценуваш :)
Што се однесува за Кутињо повеќето бразилци пајм им е 24,25г ретко кој игра добро кога ке дојди околу 30.
Исто муабетот дека ќе се платат 14м за позејмица а притоа Барса ке плаќа дел од платата ми нема логика ако е така зосто не биде 10м за позејмица и цела плата и пак идеме на сума од околу 25 м според мене фрлени во бунар. Тоа дека Кутињо ќе дојди и ќе не внеси во LS малку потешко кај нас многу др позиции не функционираа за да бидиме сала во игра за LS.
И тоа дека не не ни треба АМ туку ДМ па кој АМ го имаме освен Озил кој е катастрофа Џака повеќе ми е ДМ него АМ исти и Тореира па донекаде и Гендузи кај нас повеќе ни фалат играчи што знаат да креираат игра отколку ДМ нормално ни треба и ЦД ама тоа е др муабет.
А играчиве што ги спомнав беа во конотација дека Кутињо е АМ па затоа набројав др на таа позиија како сто велиш ти dream signings:)
 
Да бе, осигурени сме на позиција ЦД со великаните Мустафи, Аристотел и Давид Луиз.

Мех, ако се сите здрави, едино Луиз од овие можеби ќе игра.

Салиба ќе игра сигурно (ако не се поебе со некоја повреда), со Луиз или Мари.
Чемберс ќе биде у комбинација сигурно само он игра на десната страна од одбраната (исто како Салиба).

Доста интересна опција може да биде и со тројца во одбраната, Чемберс десно, Салиба средина и Мари лево.

Во тој случај Белерин и Сака ќе газат како крилни бекови и ќе спијат напред, затоа што Џака ќе може да се уфрли пак како лев бек, а Чемберс да иде како десен.
Автоматски споено мислење:

Белерин - Чемберс - Салиба - Мари - Сака
Тореира/Парти - Џака
Кутињо
Пепе - Ауба

not bad :D
 
Се враќаме на терените со гостување против Сити на 17јуни, од памтивек ги немаме тепано, последна слатка победа со Санти и Кок у среден ред :love:

David Luiz and his future: "I already spoke with Vieira (Benfica's president) about the return. It will happen if the president allows me and the fans want me to come back."
 
Последно уредено:
УУУУ Дембеле, млад Лаказет. Ако е вистина воа тогаш официјал Оба и Лака си одат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom