Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е момци, лепотанов можеше да ја реши, до некаде фер резултат, не требаше да го вади чичо Озил единствен во тимот што знае да задржи топка, израмнувањево мирисаше у последни 20 минути....
Тоа е тоа, добар фудбал гледав, задоволен во глобала.Али мора да го исчистиме тимов од Артета, Гибс, Фламини.....
 
Убаво си кажа коментаторчето на СК, Венгер е крив. Се брани од 70 мин.
 
Фламини повеќе не смее да стапне на теренот на потешка утакмица, па денеска цела утакмица ја играа без него... Џоел детето моментално вреде да играе пред Волкот и пред Чамбо, каков осет има страшна работа има да учат и двајцата од него, заслужува детето нов договор, кога ќе се врати Алексис, Волкот и Чамбо на клупа.
 
Мене ми е преку куров од вечни таленти како Чембрлејн. Буквално трча а не знае на каде, да му ебам тоа пилешкиот мозок. Кембел вреди повеќе и од Волкот и Чембрлејн заедно. Да и ебам тоа исфорсираните англичани.
Каков е бе тој Арсенал што не може топка да задржи, да и ебам бранењето цело полувреме. Тоа не е Арсенал.

Кокелин сине врати се!
 
Мене ми е преку куров од вечни таленти како Чембрлејн. Буквално трча а не знае на каде, да му ебам тоа пилешкиот мозок. Кембел вреди повеќе и од Волкот и Чембрлејн заедно. Да и ебам тоа исфорсираните англичани.
Каков е бе тој Арсенал што не може топка да задржи, да и ебам бранењето цело полувреме. Тоа не е Арсенал.

Казорла сине врати се!

fixed
 
Доста солидни резултати извадивме, ако се земе во предвид дека Санчез е повреден еден месец и играме без првотимското дуо од Санти и Кокелан.
Ама мене ме мачи прашањето што ќе беше овие 10тина утакмици ако имавме во средината некој играч за замена кој може да диктира темпо, а не потрошените Фламини и Артета.
Искрено се радувам на враќањето на Росицки, осеќам ќе ни биде многу важен играч во вториот дел од сезоната, досега тоа го има покажано многу пати наназад, само место помош во борба за 4то место, сега ќе биде за титула(дај боже :semolam:).Може има 33 години, ама трча ко 25 год да има, ич не е истрошен.:)
 
Последно уредено:
Се на се, вака со ладна глава да резимирам, не дека бод на Енфилд е лош, особен како почнавме мислев ќе не удават како пилиња денес, ама ете ги искористивме нивните грешки, се затворивме рано, и одевме на сценарио да се одбраниме, често ни успева, понекогаш не, еве со Ливерпул двапати не ебе таа тактика во 90-та минута, тоа најмногу боли, да израмнеа некаде во 60-та 70-та немаше до толку да ми биде криво.

Кембел ја изигра утакмицата на животот, детето искина, се играше, напаѓач, везњак, одбрамбен, десено, лево секаде, браво за него.

Жиру се извади за промашувањето со прекраесен погодок, може не е класа ама врши работа, и тоа ептен врши работа, секој што би го критикувал за вечерашново издание треба да се преиспита малце зошто гледа фудбал.

Тео од друга страна нема изиграно добра утакмица не памтам од кога, денеска беше мизерен, мислам дека два гола паднаа по негови изгубени топки.

Ај да ги видиме стоките сеа у недела, скоро неосвоив терен за нас, но може па поради тоа што го сменија малце пристапот и играат фудбал ќе биде полесно (џабе се залажувам, ќе биде ептен тешко, ако напнат како Саутемптон или како Ливерпул денес црно ни се пише)

А да, овој Нени потпишал за клубот, дури може и во недела да игра, барем според Венгер.
 
Абе не ме зaебaвaј сoлиден резултaт билo oвa зoштo Кoкелaн и Алексис не ни игрaле...
Не јa глеaв пaжљивo утaкмицaвa aмa првите 15тинa минути ни беa кaтaстрoфa. Сo сите 11 бевме вo нaш 16етник...
Пa шo aкo не ни игрaле 2цa првoтимци, oвoј тoплo-лaднo Ливерпул требaше и сo втoр сoстaв дa гo тепaме. Нa истиoв изгoвoр ќе се вaдиме и нa нерешенa сo Јунaјтед ?
Единственa светлa тoчкa беше тoј штo нaјмнoгу гo критикувaв, Кембел, другите зa никaде. Ај зoштo не јa глеaв внимaтелнo пoпрaвете ме aкo грешaм aмa Oзил тек кoa гo извaди видoв декa бил нa терен...
И oвa шo спoмнa гзпaпир зa Венгер е у прaвo. Сaмиoт oн имa кaжaнo мислaм декa резултaтoт 2-0 бил oпaсен зoштo 1 гoл нa прoтивникoт гo врaќaл вo игрa и неизвеснa ќе билa утaкмицaтa, a нa 2-3 и нaшa кoнтрoлa нa теренoт oн се пoвлече и се брaнеше 25 минути...

Јa сум oпaснo рaзoчaрaн. Гo тепaме Сити, a не мoжеме oвие ни нa Емирaти ни нa Енфилд дa ги тепaме...

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Ептен бевме малери и во двата дуела со нив сезонава, така ни заминаа четири бодови. Ама тоа е.
 
На почетокот мислев дека ќе се повтори дебаклот од пред 2 години, но одлично се справивме со пресингот после израмнувачкиот гол. Одличен бод мора да се признае, Сити го јадеше со 4 голови и тоа на свој терен. Не е лесно да се игра против пресингот на Клоп. И да, Кембел од натпревар во натпревар покажува се подобри игри, си заслужува место во првиот тим. Добро реков уште на почетокот дека од него ќе излезе "новиот Кокелан".
 
Ја гледам табелата, си мислев дека Стоук се некаде на средина или во долниот дел, ама овие биле четири бода од четврто место
 
Ја гледам табелата, си мислев дека Стоук се некаде на средина или во долниот дел, ама овие биле четири бода од четврто место
Многу компактна екипа испаднаа Стоук, нападот посебно им е многу добар, може купуваат таленти кои не го достигнале успехот кој им го предвидувале на времето, но сепак квалитетот е тука, се покажаа како многу добри појачувања.
И не ми е јасно зошто беа тие заебанции кога ги купија Бојан,Арнаутович,Афелај, па Севиља ностоп работи на тој прицип, им ја оживува кариерата на таквите играчи и тоа и донесе страшен успех во Лига Европа.
 
Да не се тешиме,нерешеново боли многу.Боли затоа што ни израмнија во 90та минута и боли затоа што ако не не изебаа у 90та ќе им бегавме 5 бода на Сити.
 
Еве една анализа според мене каде згрешивме.

Првиот гол, грешка на Тео, ниту еден од паметните и јаки играчи не изнесуваат топка така после корнер, он се направи паметен и тргна да дрибла. Од кога ја изгуби се знаеше дека ќе примиме гол, затоа играчите се изместени од позиција и настанува збрка не се знае кој кого да чува.

Вториот гол според мене е грешка на Ремзи. Што мајка бараше на 30-35 метри од гол кога топката беше во нивни нозе. Ете затоа игра Казорла на таа позиција кога е здрав.

Стратегијата не беше нешто лоша, ама лошто се браневме. Ливепул да беа малце поасален тим може и ќе ја свртеа утакмицата.Мислам дека требаше да продолжиме да притискаме за уште еден гол од кога го постигнавме 3тиот. Нивната одбрана беше катастрофа. Според мене не згреши Венгер што се бранеше од 70мин туку замените ги згреши. Окс не требаше да влегува, незнам што му е ама ептен дрво станува. Слаб е во дефанзива, и кога тргнува напред како некоја кокошка без глава е. Па на таа контрата што ја имаше, која страна и да ја одбереше да тргне ќе го поминеше играчот ама талентот сакаше низ него да помине.
Начо вчера го искина Ајб,не му даде да мрдне.
Озил мислам дека можеше подобро. Ремзи беше така-така Жиру и Кембел искинаа. Волкот беше ептен слаб, игра 2 натпревари и после 10 го нема.
Фламини труп. Заради него чекам едвај да го потпишат Ел Нени, нема теоретски шанси да биде полош од Фламини.

За наредна се надевам Алексис ќе биде спремен. Со него сме ептен друга екипа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom