Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Фабрегас веќе поголем дел од фановите го видоа уште лани кое ѓубре е, останаа уште малце од тие најлојалните што мислат дека демек не сака многу и присилно отишол во Челзи, а ѓубрето си имало договор уште рано ланското лето, само Венгер е крив што премногу почит покажува према бившите играчи и не сака да зборува за тоа, иако имаше некои изјави каде индиректно посочува која беше вистината во Фабрегас-сагата лани.
 
Не го ставив на листата бидејќи ќе ме нападнеа неколку членови. Уште е рано да коментираме дали е погоден нивниот трансфер, времето ќе покаже. Не ми се верува дека Ван Гал ќе го направи играчиште. Ќе беше добро да земевме надежен играч кој покажува добар потенцијал, но Венгер преферира слободни или ефтини француски играчи (Фламини/Саного/Жиру). :D
 
Јас мислам дека заради преферирањето на Венгер, направивме стадион и заради тоа, не би требало човекот да се напаѓа. Сеа дека немаме замена за Кокелан или дека немаме никаков напаѓач, нормално немало на пазарот, квалитетен. Ете гледам погоре, така сме се договориле, да биди работата. Ќе сме се сложеле сите. Не!! На пазарот има и секогаш има, ама ако не си доволно атрактивен како клуб или ако не можеш да им понудиш услови, нема да дојдат нормално. Па ќе се опрадвуваме со тоа дека немало напаѓачи на пазарот. Слободни. За правилна сума на пари, сите се слободни. Можи двајца не се слободни, Меси и Роналдо. Ама ете, веројатно сме биле заинтересирани, директно за нив и затоа не биле слободни. Штета. Да тргнеше по некој друг Венгер, ама имал високи цели.
 
Бруките што му ги донесе Венгер на Арсенал направи да се заборави најдобриот и непобедливиот тим што некогаш бил во Англија,се ќе отиде во вода и бледо сеќавање ако не се сопре стариот и веќе непотребен Венгер.Доста беше ,време е да се предаде клубот на некој млад и амбициозен тренер кој ќе донесе свежина и нови идеи во клубот .И не се лоши фудбалерите лош е венгер што не знае да ги постави на правата и природна позиција.
 
Мартин Кион: ''Доколку бев јас на местото на Габриел, после црвениот картон прво ќе го убиев Диего Коста а потоа ќе го напуштев натпреварот и ќе заминев самиот во затвор.'' Фали еден ваков :zloo: како легендава
 
Фалат многумина такви не само еден. За вакви глупани како Коста порано никој не се плашеше и да се степа ако треба, денес никој не покажува заби.
 
Фалат многумина такви не само еден. За вакви глупани како Коста порано никој не се плашеше и да се степа ако треба, денес никој не покажува заби.
Суарез ги покажува бе :D

Шала на страна, ако некој се степа на терен никогаш повеќе нема да заигра фудбал шо се вика. Ете Суарез цело време е под суспензии...
 
Бруките што му ги донесе Венгер на Арсенал направи да се заборави најдобриот и непобедливиот тим што некогаш бил во Англија,се ќе отиде во вода и бледо сеќавање ако не се сопре стариот и веќе непотребен Венгер.Доста беше ,време е да се предаде клубот на некој млад и амбициозен тренер кој ќе донесе свежина и нови идеи во клубот .И не се лоши фудбалерите лош е венгер што не знае да ги постави на правата и природна позиција.

Види вака, за првата реченица не се слагам, освен до последните 3-4 збора. Тој тим и тој Венгер немаат споредба, сега и по 100 години. Дека треба да се донесе млад тренер, сум за. Можеби и некој неискусен, но да му биде помошник и да учи од него некој од нашите легенди. Јас се си мислам дека Пирес може да го биде, оти мислам дека има интелегенција и визија, слична како онаа на Пеп во Барса. А за третата реченица, се слагам комплетно. Не паметам кога последен пат сме погодиле измена или пак сме свртиле утакмица.

Сезонава па и дисциплината ни е 0, нешто во кое бевме најјаки. Сеа капак на се ќе биди ако изгубиме од лузерот Раниери.

Еххх ми текнува на мечот на Бриџ за полуфинале во ЛШ. Веј Бриџ ни даде гол тогаш, во 89та. Како се радваше тој стариот.
 
Мартин Кион: ''Доколку бев јас на местото на Габриел, после црвениот картон прво ќе го убиев Диего Коста а потоа ќе го напуштев натпреварот и ќе заминев самиот во затвор.'' Фали еден ваков :zloo: како легендава

Мислам дека нешто друго кажа у МОТД
 
Fresh outta Emirates. Неам зборови, храмов е стварно work of art.
20150919_095300.jpg 20150919_095358.jpg 20150919_100144.jpg 20150919_100319.jpg 20150919_100854.jpg 20150919_101358.jpg 20150919_102005.jpg Прегледај го приврзокот 129039 20150919_111203.jpg
Имам уште едно кило слики, ама ај да не спамирам :D
Иначе каков малер сум дента кога стигнав и кога си отидов се играа утакмици, не стигнав да фатам ни една (n)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom