Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Тамам утре сабајле трансферот се официјализира и спремен против Ливерпул. :ROFLMAO:
 
Џет легд ќе биде, затоа ќе им го пуштиме само у второ :D
 
Kaрим во авион за накај Лондон :cool: таман за хет трик утре
 
Заебавајте се вие ама не е на арно работата мислев ова лето конечно ќе се појачаме со напаѓач ако нема тоа бар да земеа конкуренција на Кок. Утре од Озил не очекувајте нишо оти го имам на Фантази :D
 
Вие ко да не го слушате Венгер изглеа, па сте запнале за Бензема па Бензема.
Убаво си кажа он на пресот, кога сакаш да купиш некој играч кој е под договор одиш прво кај газдата на клубот, и ако тој ти рече дека играчот не е во ниеден случај на продажба тука завршува целата приказна.
А да се купи некој колку да се купи, такво нешто нема да видите (или ќе се купи играч кој е подобар од тој што го имаме пр. Жиру и е негова надградена верзија, или нема да се купи, ако играчот е на слично ниво на Жиру, тогаш не си го подобрил тимот воопшто)
 
Кога Венгер признал дека преговараат со некој играч? Секогаш дава изјави за да го скрене вниманието. Само не ми е јасно зошто секој трансфер период чека до дедлајнот за да се засили. Ќе имаме вкупно 4 натпревари изиграно до тој рок.
 
Како може да преговара со некој играч ако клубот тој играч не сака да го продаде?
 
Како може да преговара со некој играч ако клубот тој играч не сака да го продаде?
Буквално ме свати, но еве ќе ти одговорам. Случајот на Сонг каков беше? Исто така пред 2 години ова време Реал убаво си кажаа дека Озил не им е на продажба па видовме после една недела што се случи (а претходно ниедна шпекулација не прочитав дека се поврзува со Арсенал). Ако тимот признае дека си го продава играчот тоа е лошо за преговорите со другиот клуб.
 
Но во овој случај не кажува тимот на играчот, туку тимот кој сака да го купи играчот.
 
Може Венгер муља за да не му го чапнат пред нос Мурињо или Пелегрини.
 
Ајмо Арсенал вечерва да ги средите овие од Ливерпул многу нешто се дигна мора да ги приземјите :pos: и да им покажете каде им је местото ...
 
Буквално ме свати, но еве ќе ти одговорам. Случајот на Сонг каков беше? Исто така пред 2 години ова време Реал убаво си кажаа дека Озил не им е на продажба па видовме после една недела што се случи (а претходно ниедна шпекулација не прочитав дека се поврзува со Арсенал). Ако тимот признае дека си го продава играчот тоа е лошо за преговорите со другиот клуб.
да не го зедоа Бејл тоа лето ништо од Озил ќе беше работата
 
За вечер очекувам ваква постава:
Чех
Белерин Пер Кош Монреал
Кок
Ремзи/Ох Казорла Озил Санчез
Жиру

Кај нив вечер можно е да не игра Хендерсон, ама сепак мислам дека на вака битен меч ќе го ризикуваат. Исто така изгледа и Лалана им е повреден.

Вечер мора победа за да се кренат малце, и да тепаат се до мечот со Челзи, но сепак утакмица по утакмица да се оди мислам дека е најдобро. Лани кога беа сконцентрирани само на наредниот противник беа најдобри и не направија никакви глупости и киксови.
 
Нема веќе логика да играат сите заедно- Санти, Озил и Ремзи. Тео и Санчез на крила, Жиру напред, Озил и Санти со Кок во средниот ред, Ремзи и Окс како џокери од клупа.

Не знам само дали Дебуши да игра пред Белерин.

Бев на одмор и не ја гледав со Палас, така да уште ми стојат сликите од мизеријата со В.Хем, не знам колку реално играта ни била подобрена во втората утакмица.

Мораме дербијата на домашен терен да ги добиваме, Ливерпул е тим што може да се победи, но само ако сериозно се пристапи.
 
Секогаш би го избрал Белерин пред Дебуши.

Ај ваљда вечерва ќе стартува Тео и ќе даде некој гол, оти го иам и на фантази :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom