Да кажам нешто во врска со Озил и критиките кон него. Озил не треба да е имун на критики, но не треба ние фановите на Арсенал да претеруваме со истите, ова особено важи за домашните навивачи во Лондон. Минува низ тежок период и публиката мора да биде со него, кога публиката се свртува кон свој играч ништо добро не носи. Ова го зборувам оти минатите недели, а особено синоќа се изначитав на интернет (низ повеќе странски медиуми и форуми) одвратни и гнасни работи што повеќе прилегаат ривалски навивачи да ги напишат а на фанови на Арсенал. Да, гневот од синоќа беше голем, и ние и тој знае дека заеба голема работа, но клучни пенали промашувале и многу други играчи од врвна класа, не треба да набројувам, сигрно ќе ви текнат неколку одма.
Англиските медиуми исто сносат голем дел од вината, буквално секој втор ден сите таблоиди се преполни со критики, нереални анализи и срамни текстови за Арсенал и особено за Озил. Затоа барем ние навивачите треба да го поштедиме од тоа. Медиумите знаеле многу пати така да заебат многу кариери на играчи, Фернандо Торес е еден таков пример, да не беше целиот тој притисок од медиумите прашање е дали ќе беше толку лош во Челзи.
Озил има само 25 години, и прва сезона во Англија, не можеме да претпоставиме што може да биде со него во наредните три сезони, затоа Венгер внимателен со него и има трпение. Оти што би добил Арсенал од целиот овој линч против еден играч, ништо само би изгубил, 40 и кусур милиони не се мали пари за Арсенал, истите не му паѓаат на клубот од небо како на Сити и Челзи, и овој клуб не може да си дозволи 50 милионски флопови кои ќе може да ги менува на секои три месеци.
https://www.facebook.com/mesutoezil
За играч кој е платен 40 и кусур милиони не треба да му е гајле што мислат медиумите. Хинт: Ибрахимович. Не е до медиумите, до карактерот на играчот е. Не е роден шампион. Можиме да дискутираме до сабајле на оваа тема. Се сложувам дека не треба да ги омаловажуваме и во право си за тој дел, но и не треба да некоментираме кога нештото не е како што треба. Се плашам дека ваков играч како Озил, со многу малку самодоверба моментално и со начинот на игра како што го игра сега не би ме чудело новинарите да му ја завршат кариерата, како што на пример тоа му го направија во најнов случај, на Керол.