Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Да кажам нешто во врска со Озил и критиките кон него. Озил не треба да е имун на критики, но не треба ние фановите на Арсенал да претеруваме со истите, ова особено важи за домашните навивачи во Лондон. Минува низ тежок период и публиката мора да биде со него, кога публиката се свртува кон свој играч ништо добро не носи. Ова го зборувам оти минатите недели, а особено синоќа се изначитав на интернет (низ повеќе странски медиуми и форуми) одвратни и гнасни работи што повеќе прилегаат ривалски навивачи да ги напишат а на фанови на Арсенал. Да, гневот од синоќа беше голем, и ние и тој знае дека заеба голема работа, но клучни пенали промашувале и многу други играчи од врвна класа, не треба да набројувам, сигрно ќе ви текнат неколку одма.

Англиските медиуми исто сносат голем дел од вината, буквално секој втор ден сите таблоиди се преполни со критики, нереални анализи и срамни текстови за Арсенал и особено за Озил. Затоа барем ние навивачите треба да го поштедиме од тоа. Медиумите знаеле многу пати така да заебат многу кариери на играчи, Фернандо Торес е еден таков пример, да не беше целиот тој притисок од медиумите прашање е дали ќе беше толку лош во Челзи.

Озил има само 25 години, и прва сезона во Англија, не можеме да претпоставиме што може да биде со него во наредните три сезони, затоа Венгер внимателен со него и има трпение. Оти што би добил Арсенал од целиот овој линч против еден играч, ништо само би изгубил, 40 и кусур милиони не се мали пари за Арсенал, истите не му паѓаат на клубот од небо како на Сити и Челзи, и овој клуб не може да си дозволи 50 милионски флопови кои ќе може да ги менува на секои три месеци.

https://www.facebook.com/mesutoezil

За играч кој е платен 40 и кусур милиони не треба да му е гајле што мислат медиумите. Хинт: Ибрахимович. Не е до медиумите, до карактерот на играчот е. Не е роден шампион. Можиме да дискутираме до сабајле на оваа тема. Се сложувам дека не треба да ги омаловажуваме и во право си за тој дел, но и не треба да некоментираме кога нештото не е како што треба. Се плашам дека ваков играч како Озил, со многу малку самодоверба моментално и со начинот на игра како што го игра сега не би ме чудело новинарите да му ја завршат кариерата, како што на пример тоа му го направија во најнов случај, на Керол.
 
Е па медиумите може да влијаат различно на секој играч, до карактерот е, затоа треба барем неговата публика да му даде подршка. Пак ќе напоменам нема ни цела сезона изиграно во клубот, да не одам сега со клише муабети ама морам, кој од нашите легенди од пред 10-тина години веднаш блесна за пола сезона?
 
https://v.cdn.vine.co/r/videos/D6E1...p4?versionId=K2OHK.MRUAM87NL0XxIuRksYPw_4SjGm

Кој од легендите го има направено ова ? И она на Етихад ? И она со Росицки ? Кој ?
 
У Фламини, големата легенда на клубот, да не потсетувам кој е и што направи истиот пред неколку години? Секоја чест на неговата бобеност и агресивност но и самиот е виновен за неколку крупни грешки во неколку натпревари.
 
те цитирав и во УЕФА и не планирам поќе и тука да го трубиме за истото. Не ти зборам за Фламини, али ти се прајш дека си бука и дека не сфаќаш други работи. Јас ти викам дека со вакви постапки неможи да стани легенда ти ми викаш Фламини бил легенда.

Јас те цитирам за тоа кога Анри или Пирес направиле вакви потези кон свои играчи ? Како Озил против Пер на Еитхад, како против Росицки и сега со Фламини ? Ако немаш контраагрументи не ме цитирај само хипотетички колку да се кажи нешто.
 
Значи факт е дека Озил последниве 2 месеца игра слабо,само незнам зошто сите очекувате он да игра како во Реал што играше.Таму играше со Роналдо му пушта една топка како што му пушти на Чемберлејн и роналдо даваше гол, а кај нас нема таков играч.
Втора работа не му замерувајте што незнае да покрива во одбрана AMF е човекот.
И не се секирајте нема да испадне фолп,Венгер ке ја среди работата.

За утакмицата јас гледам кривица во Венгер,незнам како може да му даде на Озил да пуца пенал при Казорла и Вилшер во состав.
Ако го дадевме тој пенал сигурен сум дека баер немаше да не победи.

Јас искрено сум за да ја оставиме лига шампиони и да бркаме Фа куп и ПЛ.Имаме доста големи шанси,ако венгер ги одржи психички здрави.

Позз
 
Сега сакаш да се враќам наназад 10 години кога немаше распространет интернет и снимки кои го фаќаат секој момент на теренот? Не се сеќавам на таков настан, што не значи дека немало, тоа ни ти не можеш да го поткрепиш со факти. Е вака се пумпаат медумски глупости, сега ќе се врти секаде ова снимка и одма приказните- „хаос во соблекувалната на Арсенал, „кавги меѓу играчите“, „Венгер губи контрола“ и после ќе се чудима ако од Сандерлен почнеме да губиме бодови.
 
Втор изведувач е Озил во тимот. Прв е Артета па Озил, па Сања ако не се лажам.[DOUBLEPOST=1392916261][/DOUBLEPOST]
Сега сакаш да се враќам наназад 10 години кога немаше распространет интернет и снимки кои го фаќаат секој момент на теренот? Не се сеќавам на таков настан, што не значи дека немало, тоа ни ти не можеш да го поткрепиш со факти. Е вака се пумпаат медумски глупости, сега ќе се врти секаде ова снимка и одма приказните- „хаос во соблекувалната на Арсенал, „кавги меѓу играчите“, „Венгер губи контрола“ и после ќе се чудима ако од Сандерлен почнеме да губиме бодови.

И Според тебе кој е виновен за тоа ? Пошто е многу глупо да го речиш то. Ако не го напраеше овој глуп потег, немаше ни да го има на интернет. Simple as that. Али Месутчо е нашиот Меси и мора да ќутиме за мир во куќата. Нешто како со Кире Лазаров и Обрван. Нали ? :))
 
Јас верувам дека Венгер ќе се погрижи такви инциденти да не се повторуваат, да лош е потегот на Озил, но според мене ни Фламини нема некој кредит во клубот да се понаша како шериф.
 
Како прво,не знаете што му рекол еден на друг за да расправате дука дека едниот бил во право а другиот не.Ако гледате така,Фламини беше кривецот за 2-та гола па сите по Озил плукаат што се спречкал со Фламини,и јас се сложувам дека Фламини е борбен и доста добар сезонава,ама ние си имаме и капитен а тоа е Мертесакер и ако некој требаше да го смири Озил и да зборува со него тоа е он а не Фламини.
 
Зборуваше на Етихад со него, али ѕвездата не појде да се поздрави со навивачите и не го послуша. Да не треба Исус или Алах да му ги донесиме на Месутчо ?[DOUBLEPOST=1392919042][/DOUBLEPOST]
Јас верувам дека Венгер ќе се погрижи такви инциденти да не се повторуваат, да лош е потегот на Озил, но според мене ни Фламини нема некој кредит во клубот да се понаша како шериф.

Можеби и Пер нема, кој е капитен ? Или ниту пак Росицки кој е цела вечност во клубот ? Стварно не знам зошто го браните за невовечките потези. Стварно не разбирам.
 
Зборуваше на Етихад со него, али ѕвездата не појде да се поздрави со навивачите и не го послуша. Да не треба Исус или Алах да му ги донесиме на Месутчо ?
Се извини,рече дека незнаел дека е таква традицијата во Англија,и шо сеа?Да не сакаш тебе лично да ти се извини или баклава да ти донесе?
 
Се извини,рече дека незнаел дека е таква традицијата во Англија,и шо сеа?Да не сакаш тебе лично да ти се извине или баклава да ти донесе?

Кој сум јас мене да ми се извинува ?! Никој и ништо. Баклава не јадам.[DOUBLEPOST=1392919357][/DOUBLEPOST]http://www.arsenal.com/news/features/dennis-bergkamp Е ова е легенда вистинска. :cuc:
 
Озил озил озил озил озил,ова не е Озил тим против Баерн!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom