На некој начин, да, не даваат се од себе. Ама зошто е тоа така? Затоа што ептен ја имаат загубено самодовербата. Недостатокот од голови им тежи премногу. Затоа се промашуваат зицери како оној на Жервињо. Затоа Подолски промаши шанса која обично не би ја испуштил. Затоа Жиру сакаше да го изведе вториот пенал против ВБА и се кошнаа малце со Артета итн. итн.
Од друга страна, мислам дека сите имаме приметено дека се плашат да превземат ризик. Кога треба да се додаде секогаш се бира опцијата со најмал ризик. Е па така не се создаваат шанси! Многу пати сме приметиле како и Артета( никој го нема искритикувано за ова) покажува со рака кон штоперите за кон нив да се додаде топката а не кон него, не ризикува многу во додавањата, нема продори напред... Разбирам јас дека тој во ваква формација има најмалку право да згреши, али јбг мора со муда малце да се игра. Дури и Сонг со неговото круто движење и послаба техника знаеше да направи по некој продор.
Артета го искритикував за да укажам дека сите потфрлуваат во тимот, кој почесто, кој поретко. Така евентуалните засилувања нема да ја променат многу ситуацијата доколку не се реши проблемот со стравот. Мислам дека и затоа Венгер го извади тој состав против Брадфорд. Обично без размислување ќе ги пуштење во игра младинците, али ги извади најјаките само за да издвојуваат една убедлива победа и да си ја кренат самодовербата. Али за несреќа му се врати од глава
Проблемот со Арсенал е што нема ѕвезди кои во секој момент ке преземат одговорност и ке можат добро да се справат со неа. Подобро Венгер да шитне 5-6 души и да добие некое милионче и со тие пари да купи некои 3 ѕверки а не да замара за играчи како Ба, Нани и Хунтелар (макар што Хунтелар добро ке дојде во тимот, такви играчи има и кипуваше во минатото и се виде каков резултат се доби затоа што реално овој состав максикум што може да извади е 3-4 место во Премиер , ако и тоа успее да го направи оваа сезона со овие играчи е супер.