Па добро и јас реков дека нема ни малку слична игра за во Арсенал, поради тоа што не придонесува ама ич за играта освен секако головите кои ги имаме многу сезонава.
Па тоа е работата на напаѓачите, да даваат голови, и кога ќе примат топка да се ослободат и да постигнат гол. Ни треба таков играч. затоа тука се другитењ од тимот да го изиграат тоа што е потребно за да се направи добра акција за класичниот напаѓач. Доста се муки во нападот со Бентнер кој дава еден гол од десет шанси. Време е да се смени малку нешто, доста се бескрајните комбинирања во шеснаесетникот кои немаат завршница. Нека си продолжи ваквата стратегија на Венгер, со градење на играта со многу подавања, но да се има барем еден класичен голгетер и не е така лошо, особено ако имаме средтсва да стигнеме до него :smir: