Ova beshe prviot del od "Dvojnata kruna"...eve go sledi i vtoriot...
....One more time....Enjoy....
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT]Мислам дека минатата сезона, Арсенал ги имаше најдобрите фудбалери на возраст од 28-35 години, но ни недостасуваше квалитет во фудбалери на возраст од 20-28 години, а според мене тие се најдобри години за некој фудбалер. Ваквите фудбалери играат во Манчестер Јунајтед или Ливерпул и затоа моравме да отидеме во странство и да пронајдеме фидбалери кои ќе ни одговараат. Тоа е и причината поради која и не потпишав договор со ниту еден фудбалер од Англија
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT]ВЕНГЕР беше запрашан и да ја објасни својата изјава: „ по квалитетни фудбалери отидовме надвор од Англија“. Тој, без да го менува тонот одговори: „ Немојте веднаш да ми се нафрлате.Немам ништо против фудбалерите од Англија,но реално сите најдобри фудбалери од 20 до 28 години се во Манчестер Јунајтед, Ливерпул или Њукасал и многу би било тешко да дојдеме до нивните услуги. Бидејќи сакаме да им бидеме конкурентни на овие тимови, ние трагаме по квалитетни фудбалери, а во моментов такви какви што нам ни одговараат има само надвор од Англија“ – заврши Венгер. Ова беше многу смела изјава за еден тренер кој не е од Англија и работи во Премиер лигата помалку од една година. Сепак, иако многумина сакаа да ги „ извртат “ неговите зборови, на сите им беше јасно која е неговата идеја – сака по секоја цена да се бори за титула против Манчестер Јунајтед. Кога ќе се собере се ова беше еден многу важен ден во историјата на Арсенал и на Арсен Венгер. Тогаш тој јавно ги постави своите принципи на работа, своите гледања на фудбалот, амбициите на клубот, а беа претставени и двата нови играчи кои ке бидат главни во освојувањето на титулата
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT]ВЕШТИНАТА на Арсен Венгер најдобро се виде на дело поради фактот што успеа во еден ист тим да вконпонира тројца многу разлишни типови на фудбалери и карактери. Јан Рајт беше човекот кој во текот на сезоната рушеше рекорди и стана најдобриот стрелец во историјата на Арсенал. Човекот со големо его се претставуваше себеси каки лидер на тимот и најзалужен за сите успеси, што беше далеку од вистината. Неговото однесување беше причина за огромен број на пробели во текот на сезоната. Од друга страна, тука беше Денис Беркамп кој играше најатрактивно и постигна најмногу голови таа сезона. Тој ја добро наградата за Фудбелр на годината во Англија, но статистиката по завршувањето на сеозната велеше нешто друго. Марк Овермарс е најзаслужен за трофеите. Без него во тимот, Арсенал ги имаше најлошите резултати и падовите во текот на сезоната. Сепак, Венгер успеа во она што беше негова цел на стартот од сезоната. Кога веќе дојдоа и до финалето на ФА Купот, без разлика што тоа беше без Беркамп во тимот, сите знаеа дека самиот натпревар ќе биде само продолжување на почесниот круг кој фудбалерите на Арсенал го истрчаа по освојувањето на титлуата. Противник на Венгер беше Њукасал кој заврши на 13-то место во Премиер Лигата со 40 бодови помалку од Арсенал. Со или без Беркамп, Арсенал секако ќе победеше. Арсен Венгер се запиша во историјата на Арсенал и историјата на Англискиот фудбал. Стана првиот менаџер, па досега и единствен менаџер надвор од Велика Британија кој успеал да дојде до двојната круна – Најценетото Првенствено Натпреварување и Најценетото Куп Натпреварување, ФА Купот, Купот на Кралицата.