Истото тоа го викам и јас , значи ако не дојде Усманов барем некој друг ако треба и Арап некој ко на Портсмут и Манчестер Сити шо им доаѓаат таквите.... значи да има доволно пари да не извлече од сите Долгови после ќе бидеме еден од нај добро финансираните клубови

Зашто кога имаме шанса таква да не ја искориситме а веќе еднаш пропуштивме таква шанса :nesum:
Ќе дојде, и што после? Ќе донесе преплатени “ѕвезди“ од типот на Роналдо, Кака, Робињо... кои ќе се лигават по теренот. Еве погледни го Реал Мадрид. Перез кога дојде пред 9 години во тимот ги донесе Зидан, Роберто Карлос, Фиго, Роналдо, Бекам уште многу други. И што направи? 4 години не можеше да освои голем трофеј. Со спуштена глава си замина во 2006-та после неуспешниот негов проект. Сега после три години се враќа и ги купува Роналдо, Кака, Бензема, Албиол... сите знаеме до што води тоа.
Арсенал нема купено фудбалер за повеќе од 15 милони фунти (Аршавин), а предтоа и Вилторд за 13 милиони фунти и успеја да освои многу трофеи и да одигра 49 последователни натпревари без пораз. Прашање е кога ќе му успее тоа на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити...
Не е потребен доминантен сопственик. Арсенал ги има потребните пари за засилувања. Финтата е во тоа да се задржи истиот состав подолго време, да нема заминувања од тимот и во менаџерот. До 2006-та во тимот имаше голем број на искусни фудбалери, фудбалери кои поминале многу години во Арсенал и освоиле многу. Потоа се пристапи кон реновирање и подмладувње на тимот и префрлање на новиот стадион (прекрасна градба, нешто што никогаш ќе го немаат Ливерпул, Челзи...). Оттогаш поминаа три години, голем дел од фудбалерите поминаа низ секакви сценарија и сега конечно се спремни и гладни за нови успеси.
Политиката на Венгер е да се задржи моменталниот тим, а откако заврши сезоната нови долгорочни договори потпишаа Волкот, Фабијански, Ремзи, Вилшер, Гибс, Ван Перси. Фабрегас, Алмунија, Сања, Клиши, Аршавин, Насри, Сонг, Џуру, Вермален имаат постоечки договори кои се валидни уште 3/4 години. Тоа значи дека овој млад состав може многу години да опстане заедно и да се круниса со награда каква што заслужува.