- Член од
- 8 октомври 2008
- Мислења
- 1.686
- Поени од реакции
- 20
Не само што одбраната не е воиграна, туку и во последно време неможе да се најде решение во нападот. Аршавин и Ван Перси фалат многу, а Фабрегас упорно се форсира како полушпиц. Адебајор не излегува во офсајт, а Насри игра поповлечено во средината, заморот го стигна, а и неможе да се снајде. Диаби не се научи дека треба да подава, а не да дрибла тројца, четворица па после да му ја земат топката.Повреди не мачат, и тоа е факт по кој нема кај да се бега. Нити Венгер е крив, нити никој од Арсенал.
И тие неискусни, и не уиграни играчи како што се во моментов Џуру и Гибс имаат свои моменти, и желба за докажување како што тоа го направи Гибс против Јунајтед. Јас се надевам дека Џуру и Гибс ќе го покажат најдоброто, и ќе бидат претпазливи како и сите 11 што ќе бидат избрани од Венгер.
Ги натеравме да шутираат, пошто немаат избор... во првото полувреме не начекаа, и од кога го примивме голот малце се освестија. Освен оној еден меастрален шшут на Роналдо, другото све беше преку стадион. И овој пат треба од почетокот да ја умртвиме нивната игра.
И пак ќе кажам, ни треба брз гол.... па потоа се ќе биде подруго, макар и да примиме(не први) пак ќе има шанси... а ако ја тупат до 60/70 минута е ондак веќе е завршена приказна.
Се немаат опции, а незнам зошто, но некако имам предчуство дека денеска Венгер ќе извади многу различен состав, ќе им даде шанси на Вела (ако нема ризик од ова свинскиот грип), Ремзи, Ебуе, можеби и Бендтнер. Нешто слично како кога минатата сезона игравме против Ливерпул три натпревари за една недела. Се гледа дека Фабрегас чуствува замор во второто полувреме кога игра, па така сметам дека денеска нема ниту да стартува.
Ако се триумфира во Лигата на шампионите, следната сезона ќе може да се игра директно во групната фаза, а не во квалификации.