Arsenal (from): Fabianski, Sagna, Gallas, Djourou, Gibbs, Arshavin, Denilson, Ramsey, Nasri, Vela, Bendtner, Almunia, Van Persie, Diaby, Song, Clichy, Eboue, Walcott, Eduardo.
Бидејќи после овој натпревар за три дена Арсенал треба да го одигра значајниот натпревар против Рома во Рим, Венгер подготвува состав во кој што ќе бидат вклучени неколку ротации.
Стартните 11 вака би требало да изгледаат:
Fabianski
Sagna - Gallas - Djourou - Gibbs
Arshavin - Denilson - Ramsey - Nasri
Bendtner - Vela
Клупа: Almunia, Van Persie, Diaby, Song, Clichy, Eboue, Walcott, Eduardo.
Кај Арсенал Едуардо после повредата се враќа исто и Галас и Волкот. Според изјавата на Венгер, Волкот би играл едно триесетина минути кои би му биле потребни за да се добро подготви за Рома.
Што се однесува до тимот на противникот, тие ќе бидат без стоперот Вилијамс и Мајкл Даф кој е суспенсиран. Брајан Јенсен, Кевин Мекдоналд и Мартин Патерсон се на располагање на менаџерот Овен Којл.
-Барнли оваа сезона без сомнение беа „убијците на џинови“ во куповите.
-Арсенал последен пат беше елиминиран од тим од пониска дивизија во далечната 1996 кога Шефилд Јунајтед го победи со 1-0 Арсенал на Брамл Лејн.
-Овој натпревар ќе биде 44-ти за Арсенал оваа сезона, додека пак за Барнли 48-ми.
-Арсенал е непоразен на 16 последователни натпревари во сите конкуренции, победи на 7, а играше нерешено 9 пати.
-На Емирати Арснеал има 11 натпревари без пораз откако на 15 ноември загуби со 0-2 од Астон Вила.
-Во последните две сезона Арсенал не го минувал осминафиналето откако го освои трофејот во 2005-та.
-Барнли загубиле на само 2 натпревари во последните 8 лига и куп натпревари од Арсенал.
Судија на овој натпревар ќе биде Крис Фој. Тој на 18 натпревари оваа сезона има доделено 67 жолти и само 1 црвен картон. Фој има судено само на 1 натпревар на Арсенал, на натпреварот против Болтон кој Арсенал го има добиено со 1-0.
Ова ќе биде тежок натпревар. Сметам дека овие фудбалери што ќе стартуваат имаат доволен квалитет за да закажат натпревар против Хул Сити. Сепак во Карлинг купот претходно оваа сезона Арсенал загуби на мач кој што требаше да го добие. Се надевам дека Бендтнер добро се сеќава на тој натпревар и има подготвено нешто специјално за нив.