-=
Арсенал и Тотенхем во битка за Робињо Арсенал и Тотенхем се заинтересирани за Асот на Реал
Двата Лондонски тима имаат подготвено понуди за јануарскиот преоден рок кои ќе му бидат доставени на Реал. Спортскиот директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатович, е нестрплив да се ослободи од Робињо, кој на неколку наврати покажал недисциплина и контраверзно однесување надвор од фудбалските терени.
Како и да е, формата во која игра Бразилецот, се очекува да ги разубеди челниците на Реал, и да ги оневозможи Спарси и Топџиите да дојдат до него.