Арсенал се тим кој сака да помине со `поефтинко..`... Стварно треба младина, ама треба и искуство.. Тимот треба да биде мешавина од една страна младост и полетност, и искуство од друга страна..Треба да се надополнуваат, а секое посебно нема шанси да профункционира, може ќе даде моментни резултати, ама константа не може да се одржи...
Тимот нема да успее ако сите се старци, искусни, прекалени во занатот, бидејќи треба свежина во тимот, некој брз, желен да се докаже, млада крв, но нема да успее ако и ако сите се млади полетни желни за да се докажат бидејќи треба и некој искусен да го води низ тоа.. Треба да се најде точката на совршен баланс..
А за трошење пари од поголеми суми за играчи, никогаш не се практикувало во Арсенал, така да мислам дека нема ни да се применува..Таква стратегија имаат разработено...