Фан Клуб: Англија

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Е ако му е на Џерард што промаши, и така не беше центаршутот за него наменет.
 
Како можеше Стиви тоа на крајот да го утне.Ајде важно тепаа сега идеме на Украина мора 3 бода :coffee:
 
Добро е, "куртулисаа" :D. Битно не се откажаа и направија пресврт. Е се гледа колку живна играта кога влезе Волкот, брз играч добар техничат, а не Милнер да ја пимпла таму :facepalm:.

Иста е и работата со Џерард и Паркер, трчаат за трчање, но не се доволно брзи, не е Џерард тоа што беше пред некоја сезона, сепак годините го прават своето. Да им беа здрави и живи Вилшер, и Клеверли да ја изиграше цела сезона во Јунајтед без повреди ќе имаше солиден среден ред и пред се брз, во комбинација со Џерард или Паркер и ќе можеше многу сценарија да се прават, но тоа е што е. И некој заборавив само незнам кој.

Мора да игра Волкот од следната утакмица, единсвтен играч кој ја размрда играта. Исто така може и на Дефо да му се дава шанса. Со Руни од следната утакмица се очекува малку да се размрда играта повеќе да има уште еден играч да повлекува игра со оглед на тоа што Руни има далеку поголем радиус на движење од Керол или Велбек и далеку подобри плејмејкерски способности. Така да може само, а и би требало, работите да отидат едно ниво повисоко за Англија и конечно да покажат една игра со која ќе ги сметаат за фаворити.
 
Волкот го реши натпреварот , секоја чест каква свежина внесе во играта ... :)
 
Импресиониран сум од Велбек, каква фудбалска интелигенција и снаодливост покажа со голов, мислам дека го јаде и Руни, и Керол за прв тим.
Страшен осет за гол, детево има да биде поголем и од Кол во Јунајтед што беше.
 
Кога веќе Манчестерци го пофалија Керол треба и јас да го пофалам Велбек за третио гол (y). Волкот играч на натпреварот. Во овој натпревар речиси и не ја видов левата страна на тимот, ни Кол ни Јанг не покажаа ништо посебно. Керол одичен и во напад и во одбрана. Џерард на ниво како и секогаш освен во 92минута. Проблем во репрезентацијата исто е и тоа шо некако слабо стојат сите со изведувањето на слободните удари(барем во овој натпревар така се покажаа). Се на се, добар натпревар. Останува да видиме како ќе функционират со враќањето на Руни. Еден од Керол и Велбек ќе мора да биде седнат на клупа. Доколку одат понатаму очекувам дуел со Шпанија и многу тежок пласман во 1/2 финале.
 
Ги изеде Волкот !!!
наредна пак на клупа нека седи :confused:
 
Следната утакмица очекувам во напад да бидар Руни и Велбек зашто заедно одлично функционираа и во Манчестер. Керол иако изигра многу добро на овој натпревар ислам дека ќе одмори за со Украина. Милнер нека седне на клупа под итно Волкот мора да стартува! А и може Јагелка ли Џонс да добие шанса во одбрана место Лескот или Тери!
 
Како по обичај сите со коментарите влечат на своја страна :D.
 
Ај ја од тоа што изгледав:

-Милнер да се зацементира на клупа
-Волкот прва место Милнер
-Да се прави нешо да стартуваат и Керол и Велбек а Руни позади нив пошо едниот е Бог за со глава и физички е силен, Велбек е технички попоткован
-Да им се јаде шанса на Џаг, Џонс да покажат што знаат на третиов натпревар

И не знам зашто сте толку пристрасни, ок си беа дечките иако не навивам за Англија, се прашувам што ќе беше да не се исповредеше пола тим. На крај испадна му се исплатеше на Хоџо што тераше дефанзива против Франција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom