Фамилијата Марковски

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Микиќ се направил вреќа. Ко он да ги роди близнаците.
 
Серијава каква и да е, добро проаѓа. Само првата епизода на Јутуб е изгледана 32.000 пати и тоа за два дена:)

Покрај серијава имаат и нешто додатно како интервјуа на кој разговараат за темите кој се обработуваат во серијата.
 
Вчера изгледав две епизоди во еден здив и сум задоволен. Особено од кастингот, глумата и кинематографијата.
Владимир (Мали) Петровиќ (y)
Сашко Коцев (y)
Девојка му (и го заборавив името) (y)

Единствено ми гази по нерви оној типот што повремено пее глупи песни и што водеше емисија на МС на времето. Будалиот комшија. :гомце:

Со Преспав мрднавме од место, ама ова ми е повеќе нивоа над Преспав.

Приказната ми е предвидлива (како што пиша некој погоре), ама да видиме како точно ќе се одвиваат работите. Колку епизоди има сезонава?
 
Прееска ги изгледав првите две епизоди и сасвим океј е серијата. Го отсликува животот и дешавките кај нас, лесна за гледање и тепање време... Единствено малку ме нервираат дешавките малиот кога снима на час, али за се друго (y)

Новата ја испуштив, ама претпоставувам за брзо ќе ја има во видеотеката на Макс Тв? Има некој инфо дали одма ја ажурираат содржината таму?
 
Не знам за Макс, али на Јутјуб докај 00.00 би требало да ја имаш новата епизода.
 
Малку им е глупо што имаат не толку реални компјутерски ефекти. Кога правеше лајв на фејсбук детево летаа еден куп како река срција, смајлиња, лајкови, тоа не е до толку баш исто на фејсбук како што е направено на серијава. Друго кога даваа вестите на телевизорот не беше реално исто како на нашиве телевизии и најбитното ниедна телевизија нема да ја пушти таа цела снимка како му се дере професор на ученик освен ако не е тоа емисија на Јанко Јади Бурек.
 
Еве само што ја изгледав и 4тата епизода и доста солидно делува. Нека заврши цела сезона па ќе се пише нешто повеќе. @Acid искрено не знам како се вика тој (од Пеперминт и на времето што водеше емисии на МС), ама знам дека боледува од мултиплекс склероза (колку што иам разбрано).
 
Малку им е глупо што имаат не толку реални компјутерски ефекти. Кога правеше лајв на фејсбук детево летаа еден куп како река срција, смајлиња, лајкови, тоа не е до толку баш исто на фејсбук како што е направено на серијава. Друго кога даваа вестите на телевизорот не беше реално исто како на нашиве телевизии и најбитното ниедна телевизија нема да ја пушти таа цела снимка како му се дере професор на ученик освен ако не е тоа емисија на Јанко Јади Бурек.
Се согласувам посебно за вестите можеа со Канал 5 да се договорат поинтересно и повистинито ќе беше
 
Ja гледаше некој епизодата од вчера.
Испадна дека на Бојан брат му е геј.
 
Последно уредено:
А ти си се изгубил со спојлерите во темава, припазувај малку, не сите ја гледале. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom