КвикСилвер
Модератор
- Член од
- 28 март 2010
- Мислења
- 4.547
- Поени од реакции
- 5.856
- Локација
- Haunted Hayride
- Веб-сајт
- misterijamk.blogspot.com

Поставување на Fallout:New Vegas
- Настаните ке се одвиваат во 2280, 3 години по Fallout 3 и 203 години по Големата Војна во 2077. Играта е сетирана во Лас Вегас, Невада и пустината Мохаве. Не е како во другите серии на Fallout, а тоа значи дека Лас Вегас не е директно погоден од нуклеарка. Зградите се сеуште во употреба и не се срушена, додека мутациите се помали.
- Градот е поделен помеѓу банди кои го контролираат градот. New California Republic(NCR), Caesar's Legion и New Vegas водат постојана војна. Во Лас Вегас ке се наоѓа Hoover Dam што дава струја на градот и има соларни плантажи.
Приказна
- Играчот е ставен во улога на службеник кој превезува мистериозна торба во која не се знае што има внатре. По пат го пречекуваат непознати и по неуспешен обид за убиство му ја крадат торбата. Раните му се лечат со помош на локалниот доктор Мишел, каде што карактерот се обликува како во сите серии на Fallout( возраст, боја, име, пол и слично). По ова твојата мисија е да пронајдеш кој те нападнал, да ја повратиш торбата со што ке патуваш по светот.
Оружја
- Добро познатата V.A.T.S. ке има можност за нови моќи и оружја. Ке се зголеми бројот на сите видови оружја, некои ке бидат од Fallout 3 само со нов скин, а некој ке бидат нови. Ново е тоа што ке може да се додаваат алатки на оружјата, на пр. ласери, светла, ножеви, нишан, зум и слично.
Репутација и дијалог
- Репутацијата ке си остане иста како и Fallout 3, а тоа значи дека не ке може да се краде од други со што се намалува репутацијата, а спротивно од ова е ако вршиш мисии и помагаш на луѓето добиваш солидна репутација.
- Дијалогот е како кај сите верзии на Fallout. Си бираш што сакаш да кажеш и добиваш одговори на тоа.
Хардкор
- Интересно е тоа што играта останува реалистична како и Fallout 3. Еве примери:
- лекување кај докотор(лекувањето ке биде споро, а ке мора и многу да платиш)
- можеш да си купиш торба со лекарства, ако далеку е докторот
- Оружјата ке тежат, а тоа покажува ограничено носење партали и оружја
- Пиење вода да не дехидрираш( но со усул, затоа што ке станеш радиоактивен)
- Хранење и спиење да не умреш од глад и да не бидеш изморен
Музика
- Музиката ке ја изработи Inon Zun
Според мене играва ке биде изгласана како најдобра, а има и зашто. Ако Fallout 3 беше супер и дремев цел ден на нејзе тогаш New Vegas ке биде гром. Ваши мислења?