Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво дечки!! Имам прашање за полагање на колоквиуми / испити и дали ке може некој детално да ми објасни како оди сето тоа. На кој агол се мести камерата од телефонот, колку луѓе сме заедно одеднаш, дали се слушаме меѓу себе, како изгледа сето тоа, или ако има некој видео или нешто слично каде можам да разгледам зошо многу ми е страв да не се избрукам :(
 
Совет: Кога ќе уплаќаш семестар, отвори си во iknow, ти пишува колку треба да платиш. Претпоставувам си во државна квота, семестарот чини 6150 денари (доколку запишуваш 5 предмети, инаку сумата варира во зависност од предметите и кредитите што ги запишуваш). Гледам имаш платено 50 денари фазла. Да знаеш за следен пат :)
Ми го зеде зборот од уста :LOL:. Кога се запишував на ФИНКИ баш памтам потенцираа 6150ден.(толку и си уплатив). Но кога пријавував 2ри семестар не ми ни текна на таа сума, отварав на Google да видам колку е точно 100€(пишуваше ~6200ден) демек за 50ден. да се цинцарам па да не ми напраат некој проблем. 15мин подоцна кога гледам, точно колку што кажуваш ти, али јбг за друг пат ќе си знам. Нареден семестар ќе си имам за еден бурек да се почестам.
Автоматски споено мислење:

Здраво дечки!! Имам прашање за полагање на колоквиуми / испити и дали ке може некој детално да ми објасни како оди сето тоа. На кој агол се мести камерата од телефонот, колку луѓе сме заедно одеднаш, дали се слушаме меѓу себе, како изгледа сето тоа, или ако има некој видео или нешто слично каде можам да разгледам зошо многу ми е страв да не се избрукам :(
Нема од што да се плашиш друже.
Малце процедурата е чудна во споредба со другите факултети, но не е до толку страшно.
Варира начинот од предмет до предмет, но во глобала е слично. Камерата ќе ја ставиш повисоко да се гледа компјутерот и ти на бирото(купи си еден дрон :LOL:). Во собата пола саат ќе ве замараат за лични карти, али уживај нема да можете меѓусебно колеги да се гледате, само професорот ќе ве манијачи. Но затоа па ќе морате сите микрофоните да ги уклучите(тогаш моли шумот да не е прегласен).
Инч уживај и да се обрукаш нема да си ни прв ни последен.
 
Последно уредено:
Nekoj shto ja imat lab5 za grupite 1,2,3, 4,11,12,14 da prati ako saka
 
Дали може некој што бил на увид на Александар Тенев може да сподели искуство?
Дали е строг, дали додава поени или е од оние што не додаваат ниту 0.5 поени ?
 
Дали може некој што бил на увид на Александар Тенев може да сподели искуство?
Дали е строг, дали додава поени или е од оние што не додаваат ниту 0.5 поени ?
Не е строг.
 
Дали може некој што бил на увид на Александар Тенев може да сподели искуство?
Дали е строг, дали додава поени или е од оние што не додаваат ниту 0.5 поени ?
Он е од тие што даваат 0.5x100
Ептен беше лабав на увиди. Е сега може во меѓувреме се променил [emoji16]

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Дечки да не имате нешто Сензорски Системи од минати години материјали,прашања,лабораториски вежби , ако има некој нека пушти у порака :cool:
 
Зборот ми беше дека нема причина доколку некој отиде утре да го подигне индексот, истиот да не му биде вратен. Не знам зошто отвараме дискусија за нешто што може да се отиде и да се провери на лице место. Во најмала рака да се јави на студентска служба и да се добие информација од прва рака.
Инаку мене ми е јасно.
Бев и не ми го дадоа, да знае некој ако планира да оди да не оди за џабе.
 
Zdravo kolegi, dali slucajno nekoj sto slusa Kriptografija ja ima domasnata 4? da razgledam samo
 
Здраво колеги, некој да препорача проф. што оддржува индивидуални часови по Алгоритми и податочни структури ? Пишете повеќе препораки ако има и пишете ми за начинот на одвивање на часовите.
 
Ми прати некој информација дека при пресметување на средниот успех(од сите 4 години од средно) се обврнува внимание на математика каде што ако си немал математика во 3та и 4та година во школото(како што е во некои стручни училишта) тогаш го вметнуваат предметот како 0 за тие години каде што немало математика и ти се намалуваат поените при упус поради тоа, има ли некоја вистиноста во врска со ова?
 
Здраво дечки.
Дали може некој постар колега што преживеал испрашување кај Сашо Граматиков(по предмет АОК) во 2ри колоквиум, за што испрашува, какви примери и прашања дава ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom