Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да препорача предмети од 3та и 4та година за зимски семестар без некои обемни проекти?
 
Некој што полагал Дискретна Математика онлајн во претходниве сесии и положил ако може да ми каже што прашуваат на усмениот испит? Дали се истите прашања од задачите кои се точно решени? И дали попуштаат за поен два ако фали?
 
Даваат поени, барем кај Методија Јанчевски, тој ми даде 10 бода плус, иако не ги ни барав, ама јас имав веќе 6ка, па ми ги даде за 7 дека се му одговорив како што треба и тој така увиде. А за увид не знам дали даваат исто толку поени, најверојатно би ти дале еден поен или два, ако се само толку што ти фалат. А за испрашувањето, го отвараат испитот твој, во мојот случај ги отвараше тие задачите шо ми се точно решени и за нив ме прашуваше како ми се решени, зошто сум напишал така, исто и кај грешните пак ме прашуваше истите прашања, зошто сум го напишал тоа иако е грешно. Како проверка за дали преипишуваш е, ако не препишуваше таман си. Препорака моја, не знам кај кој си, гледај да објаснуваш подетално да видат дека имаш знаење. Good luck :)
 
Како да уплатиме за семестар кога сеуште има испитна сесија бидејќи е дупла?
Дали треба да уплатиме онолку колку што е квотата во која сме или ќе треба да се доплаќа за некој предмет кој што ќе го презапишуваме?
 
За презапишување не се доплаќа туку ако земеш 6ти предмет доплаќаш, можеш да видиш во iknow колку пари треба да платиш за семестар. Инаку од студентска ќе ти пратат мејл откако ќе заврши рокот за уписи во iknow, кога да доставиш уплатници и дополнителни документи така што сеа не мораш да плаќаш.
 
20200918_201503.jpg
Од кога е ова вака? Лани пуштаа студенти од новите програми да запишат АПС без положено СП.
 
Тежина и начин на полагање бази на податоци?
Кај секој професор е различно. За тежината мислам дека е индивидуално за секој, предметот бара доста учење, ама е исто така многу важно да се научи затоа што бази на податоци се користат секаде. Професорот Ајановски @ajan e член на форумот, може да ти објасни кај него како е. Може да има и измени со пандемијава сега кај сите професори.
 
Колку што знам услов за предмет од зимски семестар е од зимски семестар, за летен од летен.
И ја така знам, ама и на предмето пишува предуслов:ооп и колеги од втора година ми кажаа дека требало да имаш ислушано ооп за да га запишеш.
 
И ја така знам, ама и на предмето пишува предуслов:ооп и колеги од втора година ми кажаа дека требало да имаш ислушано ооп за да га запишеш.
Па сите го слушаат ООП во втор семестар. Така иди да нема услов за запишување на АПС.
 
Некој да сподели искуство што има запишувано 6ти предмет а исто презапишувано предмети..
1600456203803.png
Бидејќи префрлив смер имам 3 неположени од 1виот семестар ( Структурно, Дискретна , Бизнис )

Е сега прашањето мое е дали е изводлив следниоит план кој го мислам, бидејќи некаде во фуромов читав неважење на кредити ... нешто Н1 Н2 Н3 предмети и малце се бунам..Немие јасен системот. Значит ја сакам да го имам следниот состав:
  1. Структурно ( на местото од АПС, а да не го земам АПС воопшто, бидејќи сметам нема да може да се постигне )
  2. Бизнис
  3. Дискретна Математика
  4. Компјутерски Мрежи и безбедност
  5. Изборен
  6. Изборен
Дали вака би прифатиле да го запишам семестарот?
Дали можам АПС да не го запишувам воопшто, иако имам положено ООП?
Дали прават проблем ако 6тиот предмет е изборен?

Фала ви однапред
 
Прегледај го приврзокот 267055
Од кога е ова вака? Лани пуштаа студенти од новите програми да запишат АПС без положено СП.
Ти ако не можеш СП да положиш, ич не се надевај на АПС. Убаво ако им текнало да не пуштаат, нема никаква логика да не знаеш матрица да транспонираш, а да слушаш предмет за покомплексни алгоритми и дата структури. Сметај дека вака си заштедил пари.

Иначе сега читам надоле, ако ви е предуслов предмет од семестар со различна парност, значи дека треба потпис да имате.
 
Не ми беше муабетот тоа, сакав да запишам Вовед во науката за податоци без положено ВИС, но не знаев дека не одобрувале молби за студентите од новите програми, прашањето ми беше дали е од годинава вака бидејќи знам колеги кои лани запишаа АПС без положено СП, ама ете било предуслов ООП.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom