Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Да ве прашам, наредниов семестар кога ќе запишувам семестар ќе треба да го презапишам Теорија на информации со дигитални комуникации, но сакам да го сменам смерот во септември, па дали ќе може да не го ставам Теорија на информации? Знам дека лани на некои им ги враќале од студентска служба така ако има некој тргнато предмет што го слушал а да не сака да го запише повторно зошто ќе менува смер.
 
На Финки не треба да се праша што треба да се промени, туку што не треба да се промени, поедноставно ќе биде. :toe:
Студентскава служба има ново работно време, од 9 до 10. (y)
Резултати од прв колоквиум, догодина. Распоред за испитна, па и тоа догодина. Не ни се брза нигде.

Кој има вишок живци за корнење, изволте на Финки. :aplauz:
 
Мислам срамно е колку неодговорни професори и асистенти има факултетот, воопшто цела организација. Место еден факултет да те научи дека треба да бидеш секогаш навремен во извршувањето на должноста, овде важи обратното. Те учи да чекаш последен момент за да пуштиш распоред, те учи да се снаоѓаш со материјали бидејќи ги ставаат буквално ден пред испит на курсес. Има милион недостатоци, многу време ќе изгубам да ги набројам. Среќа недостигот на информатичари на пазарот ги тера студентите да студираат информатика, и со таа слава се носи факултетот дека е елитен. Да беше ФИНКИ во поразвиена држава, буквално ќе важеше за "селски" факултет.
 
Никако да не ги заборавиме презентациите преведени со гугл транслејт во 2011 година и оттогаш не чепнати. :LOL:
 
Да ве прашам, наредниов семестар кога ќе запишувам семестар ќе треба да го презапишам Теорија на информации со дигитални комуникации, но сакам да го сменам смерот во септември, па дали ќе може да не го ставам Теорија на информации? Знам дека лани на некои им ги враќале од студентска служба така ако има некој тргнато предмет што го слушал а да не сака да го запише повторно зошто ќе менува смер.
Јас требаше да запишам Калкулус 2 и Вештачка Интелигенција во летен семестар, а следниот зимски да се префрлам на ПЕТ и нели двата задолжителни на КНИ и автоматски ставени од десна страна. Ги тргнав лево дека не сакам да ги запишам и ставив други да пополнам кредити соодветно. Го запишав семестарот успешно и за некој ден ми стигна порака дека Калкулус 2 мора да го запишам бидејќи ми е за презапишување и немаше друго решение. За Вештачка Интелигенција не ми рекоја ништо и остана незапишан, бидејќи не ни беше слушан претходно. Исто знам други колеги кои не го запишаја Веројатност и статистика на истиот начин.
Сума сумарум, ќе треба да си го запишеш Теорија на информации со дигитални комуникации, но не те кошта ништо, пробај си иако системот автоматски ги рачуна кредитите од предметот за презапишување, без разлика дали е на лева или десна страна од листата на предмети во текот на запишувањето.
 
Штом не ти бил запишан Вештачка немаш гајле, ама Калкулус 2 ти бил запишан предмет што значи мора да го презапишеш...
 
Објавија ноќеска :D

Па нека пуштат објава шупаците, последно што гледам на почетна е за пријавување испити :) Треба да идеш посебно у огласна табла :) Фала.

Инаку имаат нешто сменето во начинот на полагање ОС? Гледам само во лаборатории се полага.
 
Имаше и на Courses известување.

Има. Сега теоријата се полага на етест.
 
Мислам срамно е колку неодговорни професори и асистенти има факултетот, воопшто цела организација. Место еден факултет да те научи дека треба да бидеш секогаш навремен во извршувањето на должноста, овде важи обратното. Те учи да чекаш последен момент за да пуштиш распоред, те учи да се снаоѓаш со материјали бидејќи ги ставаат буквално ден пред испит на курсес. Има милион недостатоци, многу време ќе изгубам да ги набројам. Среќа недостигот на информатичари на пазарот ги тера студентите да студираат информатика, и со таа слава се носи факултетот дека е елитен. Да беше ФИНКИ во поразвиена држава, буквално ќе важеше за "селски" факултет.
Зафатени се со приватни бизниси и проекти 90% од професорите.
 
Ај ако некој не го мрзи , нека пише кои од предметите што се на ФИНКИ се боза, онака како Професионални, Вовед во Интернет, Вовед во Информтика, Бизнис, Маркетинг....

Планирам покрај 2 или 3 од оние потешките, што стварно ме интересираат, да запишам 2-3 вакви , за повеќе време да посветам на другите .
 
Компјутерски компоненти, Медиуми и комуникации (сепак има замарање со проекти), Концепти на информатичко општество...
 
Претприемништо што го држи Трајковиќ, има некој искуство да сподели со тој предмет?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom