Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали е на ФИНКИ исто, на машински можеш 5 предмета на една смс порака за административна такса. Ем да не пишуваш 5 различни пораки, ем ако ти е 5 денари порака да платиш уше 25 денари џабе :D
 
Епа еве, го завршува мојот прв семестар на факултетов и сакав да си оставам некое свое мислење за него тука, бидејќи кога се запишував многу ги читав и стварно ми помогнаа во изборот..ама како и да е..
Да го оставам на страна тоа што си ја имав среќата да ми се паднат професори со, да кажам, не толку добра репутација..Наташа знае како да чита, тоа го научивме од предавањата по Дискретна Математика, Миле, неговите игри и dad jokes многу не “забавуваа„ на предавањата по Структурно Програмирање, а за човек како Панче жал ми е да кажам ама за Вовед во Информатика стварно не ми требаше, супер му одговара Професионални Вештини и мене ми е топ за тоа :icon_mrgr: ама за уште еден предмет кај него како Вовед во Информатика што добиваш 800 прашања да бубаш за електронски тест на колоквиум, па и не ми годеше баш...
Океј (пошто ќе го оставев тоа на страна) да преминам на начинот и програмата на предавање.
СП. Цел прв семестар, те тупат со како мудроста е главно нешто за програмирање, операции,услови и циклуси, за во втор семестар во рок од две предавања да треба да научиш уште 3 нови библиотеки на команди, низи, матрици, стрингови, фунцкии, рекурзија и датотеки.....
Сега го сваќам ова додека пишувам дека уствари незнам ни што вистински позитивно да кажам за факултетов..
Може некој да ми каже дали некој друг во светов освен ние Финкашите знаеме за легендарната и ПРЕМНОГУ корисна програма позната како ImageMagick? ... Шала на страна, која е нејзината примена денешно време, пошто ич не ми е јасно.
:bravobe:за тој што му текнало да ја стај во програмата на релативно нов факултет како што е Финки.
Следно нешто...Лабораториски вежби.. Океј еве, СП лабораториските се стварно корисни, дефинитивно ако немаш проблем со нив на колоквиум си вадиш висока оцена. Ама вреди на недела пред колоквиум да те замараат и да те тераат да им правиш Diorama Effect во Gimp? И ме интересира, дали е политика на цел факултет или само мислење на Миле дека покажувачите не се битни во СП за на крај да излезе дека ги користиш во секоја втора функција :tapp:?
Сега идеш на колоквиум ВВИнфо и имаш прашања од типот, од што е кратенка WYSIWYG (What you see is what you get..). Одлично, уште нешто корисно што ке ми помогне во мојата идна кариера како компијутерски инженер :ROFLMAO:.
И така.. прв колоквиум си ги положив сите, со релативно високи поени, ама незнам дали ми е до среќата или самиот факултет наоѓа толку ефикасен начин да те демотивира од нештата. Саботата полагав ВВИнфо, не чепнав ништо, си кажувам. Си ја паднав теоријата фино со 36 поени. Јануари не ми бега ;). СП, денес... од прв колоквиум 100/100 дојдов до степен каде што не можев да извадам ниту еден точен излез... Ај, можеби Емил ке ми се смилува за тоа дека (со надеж) ми се како што треба поставени и ќе ми пушти нешто за минимум... Утре ВВИнтернет, во петок ДМ, ќе видиме како ќе се одвива..Ама бујрум. Втор семестар си имам некаква листа на професори од кои треба да се бега како од ѓавол..
:angel:
 
@Core_2 Не може да очекуваш по предмет како СП во прв семестар да ви дадат посложени работи, кога 70% прв пат се среќаваат воопшто со програмирањето, нормално е да се почне од основите и пред се да се обрнува внимание на развивање на логиката и прости ствари како услови и циклуси. Тие услови и циклуси ако ги сфатиш како што треба, нема ништо ново учење за матрици на пример, затоа што истите се решаваат со баратање со условите и циклусите, само треба логички да размислиш и да сфатиш што се бара во задачата. Истото горе доле важи и за датотеките, со тоа што таму има нови работи за читање и запишување во датотеки, ама не е нешто прекомплицирано. Иначе, за професор, слободно може да одиш во друга група кај друг професор, присуство не бараат така да ако сметаш дека друг професор подобро предава оди кај него на часови, поготово за предмети како СП каде материјалот и колоквиумите се исти кај сите професори и групи
 
Дојди до трета година, верувам дека само на првите предавања ќе се појавиш. Ситуацијата е да ние студентите може да ги учиме асистентите како треба да се решава задачата.
 
@Core_2 Не може да очекуваш по предмет како СП во прв семестар да ви дадат посложени работи, кога 70% прв пат се среќаваат воопшто со програмирањето, нормално е да се почне од основите и пред се да се обрнува внимание на развивање на логиката и прости ствари како услови и циклуси. Тие услови и циклуси ако ги сфатиш како што треба, нема ништо ново учење за матрици на пример, затоа што истите се решаваат со баратање со условите и циклусите, само треба логички да размислиш и да сфатиш што се бара во задачата. Истото горе доле важи и за датотеките, со тоа што таму има нови работи за читање и запишување во датотеки, ама не е нешто прекомплицирано. Иначе, за професор, слободно може да одиш во друга група кај друг професор, присуство не бараат така да ако сметаш дека друг професор подобро предава оди кај него на часови, поготово за предмети како СП каде материјалот и колоквиумите се исти кај сите професори и групи
Па и незнам баш дали се 70% што се среќаваат со програмирањето прв пат бидејќи повеќето се од гимназии, а во гимназиите се учи C++ како дел од Информатика. Основни работи најверојатно, како операции, услови и циклуси, претпоставувам, не би знаел.
Ама еве, јас прв пат се среќавам со програмирање, учев во стручно средно каде што немав ниедна година информатика па сепак мислам дека беше одземено премногу време на нив, а и не мислам дека од тие “предавања„ ако можат да се наречат, ти помагаат при развивање на логиката.
А за присуство...доволно е да кажам дека Миле собира потписи, односно сме приморани да ја следиме неговата кариера како стенд ап комедичар.
 
Ме интересира дали плука кон новата власт.. Додека одев на предавања кај него секогаш преку политички примери ни објаснуваше со плукање кон претходната власт :pos:
 
Хах, сеуште ја користи предходната за примерите :ROFLMAO:
 
Миле има страшно познавање од тоа што го предава и може многу да се научи од него, само често замара со глупости и затоа некои не го обожаваат.
 
Финкашите знаеме за легендарната и ПРЕМНОГУ корисна програма позната како ImageMagick? ... Шала на страна, која е нејзината примена денешно време, пошто ич не ми е јасно.

Ако се случи да имаш потреба да ги дотераш сите 14576 фотографии со портрети што си ги собрал минатата година, со разни фотоапарати, во разни резолуции, така што на сите ќе им наместиш подеднакво да се “кроп“-ира околу лицата со сразмерни подеднакви маргини, и воедно да ја изедначиш резолуцијата и форматот на запишување, па дури откако ќе го направиш тоа (никако пред), на тие од нив кои се сликани со Канон да им ставиш еден филтер, а на тие кои се сликани со Никон друг филтер, и да имаш само 2 часа да го средиш за да пуштиш на сајт или во весник, тогаш може многу да ти помогне ImageMagick и пар други алатки што одлично функционираат од командна линија во разни видови скрипти за автоматизација на досадни/репетитивни активности.

Се користи и од голем број веб софтвери, како библиотека за процесирање на сликите на серверска страна.

Но, да не должам на темата колку е корисна алатката, туку да реплицирам на темата за наставата.

Деновиве е во тек процесот за реакредитација на новите наставни планови за додипломски студии. Кажете ги вашите забелешки на правото место, ако сега не чини нешто, барем во иднина да не се повторува. Имате ваши претставници во факултетските тела, нека реагираат. Ако сакате нешто да се смени, инаку не мора.
 
Здраво дечки, имам едно прашање во врска со компјутерски мрежи. Дали за да биде положен предметот мора вкупно од двата колоквиуми да имам над сто проценти за задачи и теорија посебно или е доволно само да се исполни условот од вкупно се да имаме над 150 поени?
Ви благодарам
 
Деновиве е во тек процесот за реакредитација на новите наставни планови за додипломски студии. Кажете ги вашите забелешки на правото место, ако сега не чини нешто, барем во иднина да не се повторува. Имате ваши претставници во факултетските тела, нека реагираат. Ако сакате нешто да се смени, инаку не мора.
Пуштете едно известување на courses, верувам дека ке има feedback од студентите. Пуштете по некој email до дипломираните, ке има и од нив feedback.
Ако сакате да знаете што треба да се смени, инаку не мора.
 
Дали некој изработува проектни по Интернет програмирање?
 
Изводливо ли е префрлување на пет од 5 семестар(што следува у Септември) со тоа што ке си запишам предметите првин што тие ги следеле(пример вовед во интернет, па менаџмент итн). Или одново ке почнам. Не ми е важно квотата, знам дека ке е со кофинансирање.
 
Можеш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom