Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Има некој искуство да не отиде во предвидениот рок што му е даден да однесе документи заради ХХ причини? Што се дешава после? Казна има и колкава е ?
 
Има некој искуство да не отиде во предвидениот рок што му е даден да однесе документи заради ХХ причини? Што се дешава после? Казна има и колкава е ?
Исто и јас не однесов документи во предвидениот рок за документи и сега знам дека има казна 500 ден. али на официјалното соопштение од финки пишува и да се поднесе молба (за административно внесување на упис). И сега незнам каде да ја напишам таа молба ако знае некој нека каже. На molbi.finki.ukim.mk нема таква молба.
 
Ја бев денес однесов документи, ништо не ми кажаа, нити казна нити молба ми бараа, така да пробај си ја среќата додека уште има студенти што носат.
 
Некој љубезен да сподели материјали предавања/аудиториски од АПС/Напредно програмирање?
 
Мислење за Игор Мишковски ?
Треба да ми предава Мрежи , па да знам дали на време да го сменам
 
Ми се допаѓа како предава, но јас кога го слушав мрежи полесно положуваа тие кај Спасов/Гушев/Ристов. Полагаа на е-тест и имаа база со прашања.
Кај Мишковски/Мишев/Филипска се полагаше на хартија и имаше и задачи.

Не знам дали сеуште е така. Прочитај во 5та генерација групата, или компјутерски мрежи ако има група на ФБ.

Ако те интересираат мрежи и сакаш повеќе да научиш, остани кај Мишковски, ако сакаш полесно да поминеш смени.
 
Теоријата се полага на хартија кај Мишев, Соња, Мирчев, Мишковски и Граматиков, а пак кај Спасов и Гyшев на е-тест. Тие што се на Е-тест теорија многу полесно го положуваат предметот, ама од друга страна се со многу посиромашно знаење во областа на мрежните технологии. Можеби ќе се намачиш ако полагаш на лист, но знаењето што ќе го стекнеш ќе вреди за целиот вложен труд.
Е-тест се спрема буквално за 1 саат, ја набубуваш базата (како АОК теоретски тест), а од друга страна ако полагаш на лист ќе мора убаво да се прочитат презентациите и секој дел да го разбираш бидејќи се' може да падне. Задачите се прелесни, се спремаат за максимално 2 дена, затоа ставај фокус на теорија по предметот (најдобро комбинирано и тоа и тоа учи бидејќи се надополнува материјалот).
 
Прва година Калкулус и Структурно кај кои професори е најдобро? Може да сменам група?
 
Прва година Калкулус и Структурно кај кои професори е најдобро? Може да сменам група?
Група може да смениш, а можеш и само професор по предемт .
За Калкулус Александра мене ми држеше, не е лоша , добро објаснува ама за поени плус на увид малце ке се изнамачите.

Структурно Ѓорѓи Маџаров или Ивица Димитровски, дефинитивно. И двајцата предобро објаснуваат.
 
Мене Калкулус ми е Весна, структурно Иван(деканот), дискретна Наташа и вовед у информатика Билјана. Да ги мењам боље?
 
Мене Калкулус ми е Весна, структурно Иван(деканот), дискретна Наташа и вовед у информатика Билјана. Да ги мењам боље?

И мене ми предаваше Чорбев во прва, добро објаснува, ама каснеше по пола саат, па и повеќе некогаш.. Асистент би требало да е Бобан, ја бев презадоволен, на сите аудиториски му бев, добро предаваше. Иначе, не мора да менувате група или професор, можете слободно да одите со друга група да слушате одреден предмет ако не ви одговара терминот или професорот..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom