Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Не е проблем тоа, само дадоа задачи кои прво треба да ги знаеш од математичка природа ( кои прво треба така да ги поставиш и да најдеш некоја формула) па потоа да ја програмираш. Значи, повеќе време ќе утепам да најдам соодветна формула откако како да ја поставам задачата во C :)
И да, прв колоквиум, некои првпат се среќаваат со програмирање воопшто :)
И плус, во предавања и на презентации никаде не видов, ни па слушнав дека треба да знам да изведувам формули, ни па е даден никаков пример за тоа.
Така да, мислам дека треба да се земе тоа во предвид, не е се во тоа да ги заебаме студентите да полагаат во Јануари, или да презапишуваат. Сето тоа се учи да, ама не за рок од 1 месец ;)
Потполно се сложувам со ова, постот ми беше ироничен. Сега дури ќе видиш колку математика бараат во рекурзиите. Според мене непотребно форсирање на математиката, повеќето колеги што одлично ги разбираат програмирањата поради тие глупи математички задачи не можат да добијат висока оцена(и во најлош случај да положат). Ги разбирам професорите и асистентите дека треба добро да знаеме математика како инженери, но за тоа постојат посебни предмети како Дискретна, Калкулус и Веројатност. Не за друго, постојат практични испити по истите предмети каде таму пишуваме чисто математички код.
 
Го прават тоа затоа што пола од асистентите таму да не им е математичкото знаење ќе бидат exposed дека се дупки, на дело имам видено како се дупка веб програмирање двајца од нив. Да ги биваше ќе си основаа приватни фирми.
 
Па тогаш според нивна логика на ФИНКИ да посветам најмногу внимание на математика отколку на програмирање за да знам да програмирам :D
 
Што задачи ви дале структурно? Гледам многу се жалеа по групиве на фб...
 
Па тогаш според нивна логика на ФИНКИ да посветам најмногу внимание на математика отколку на програмирање за да знам да програмирам :D
Додека не се искоренат овие глупости, секогаш ќе бидам на страна на обуки + курсеви во IT сферата отколку на страната на факултетите, кога се работи за државава, затоа што и на 90 посто од кадарот што ќе искочи од таму ќе успеат да му го измоделираат мозокот да функционира така. Положиле C/C++ со десетки, бубале само задачи, да направат нешто свое нема шанси, се докопале до асистентско место и ќе дремеме сега, чест на исклучоци.
Јас кога ќе те најмам тебе (пример) и ќе ти кажам сакам ваков веб сајт, со свој CMS и ќе ти платам колку сакаш, не сакам да ми кажуваш таму математичка формула како си ми извел, сакам изработеното да функционира. Епа кога не функционираше нивното за фирмава моја, гледаа како мулиња надоле и да не грешам душа ама мислам дека не ни успеаа да најдат решение на крај, 4 години поминаа оттогаш. Знам дека читаат и знам дека ќе се пронајдат кои се ;) ама на студенти можеш да им фураш филмови дека си некој и нешто, кога ќе те побара некој на дело да покажеш што, како, ќе се изгубиш.
 
Ако чекаш ФИНКИ да те научат да програмираш. :sleep:

Толку се назад со начинот на изучувањето на програмските јазици. Никакво олеснување за почетници, а помина времето кога матаметиката беше најважна. Едни исти вежби и задачи како пред 10 години. На асистентите ако и дадеш друга задача, што прв пат ја гледаат нема да знаат да ја решат, овие напамет ги научиле. :D
 
Ако чекаш ФИНКИ да те научат да програмираш. :sleep:

Толку се назад со начинот на изучувањето на програмските јазици. Никакво олеснување за почетници, а помина времето кога матаметиката беше најважна. Едни исти вежби и задачи како пред 10 години. На асистентите ако и дадеш друга задача, што прв пат ја гледаат нема да знаат да ја решат, овие напамет ги научиле. :D

Па искрено, на кој начин сето тоа го презентираат на студентите, изгледа како да е и те како тешко. Тоа кажувам, прв колоквиум е, енос се запознаваме со јазикот на програмирање, а тие трупаат математички задачи а притоа на предавања муабетат само за каде, кога и како се користат функциите... Никаде нема формули, ни примери како да се дојде до тоа и така натаму.

Јест да е се тоа тешко и комплицирано, ама они го прават апла и затоа многу студенти се откажуваат и на крај од 700 студенти остануваат само 100...
 
Ако чекаш ФИНКИ да те научат да програмираш. :sleep:

Толку се назад со начинот на изучувањето на програмските јазици. Никакво олеснување за почетници, а помина времето кога матаметиката беше најважна. Едни исти вежби и задачи како пред 10 години. На асистентите ако и дадеш друга задача, што прв пат ја гледаат нема да знаат да ја решат, овие напамет ги научиле. :D
Баш такви се повеќето асистенти. Кога некој студент ќе пoстави "незгодно" прашање целосно се губат.
 
Лани, по дискретна, имаше една задача во дополнителни задачи на страна, што немаше решение, демек сами да решиме за дома, ок.
Ја решив некако, како што мислев дека треба, отидов кај професорот, можеби 3-4 минути таму се мислеше како да ја почне и ај демек ја реши. После тоа отидов кај асистентот на вежби, бркаше низ тоа листовите да се потсетел, ми даде сосема друго решение. :pos:
После го имав моето, она на профосорот и она на асистентот. Искрено нема да ме чуди и моено да беше точно. :ROFLMAO: Океј, да не се преценувам сеа и јас, ама на финкиво... :icon_mrgr:

А и пошто ми е презапишана дискретна, веќе буквално сите можни примери ко брзозборки ги знам од презентациите. Веќе и досадни ми се предавањата, пошто пак истите и истите примери ги дава и истите ги решава на табла. Годинава ако не ја положам, ќе идам да се фрлам више. :ROFLMAO:

П.С. а за ова што утре имаме колоквиум, а уште немаме распоред кога и каде, шу праиме? :D
 
И ќе ги затворат материјалите да не учиме:pos::tapp:
 
А бе и пола саат пред колоквиум да е, нема врска. Ќе си праам ја рефреш на меилон на секои две минути, за секој случај... шо ми е работа мене? И одма орелски крилја ќе си метнех и в наши бараки ќе си прелетнех.
 
Голема разлика. :D И вака и така треба да сум 24/7 прилепена до мобилен/компјутер за случајно нешто да не стигне... во последен момент. Ко по обичај.
 
Лани пола саат пред да треба да имаме колоквиум според распоредот, ни пишаа дека немало да имаме колоквиум, само на втор ќе полагаме :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom