Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Pocetocite na jQuery se ucat vo predmetov ili e kako prodolzenie na nekoj drug predmet pr( oop e vo konteks na sp)
 
Луѓе, гледам 6ти семестар на ПЕТ задолжителен предмет е Електронска и Мобилна Трговија. Сега, пишува предуслов дека е Интернет Програмирање - изборен од 3ти семестар.
Ова е точно? Сите препорачуваат да не се зема ИП, но испаѓа дека ќе морам?

Ако може некој што знае побрзо да ми каже, електронската пријава морам да ја пуштам а сега приметив за предметов. :(:(
 
Нема врска Електронска и Мобилна Трговија со Интернет Програмирање, ако ти треба некакво пред знаење за предметот би ти рекол дека е Веб Програмирање. Условот им е погрешен, ништо страшно на финки студираш :D
 
Луѓе, гледам 6ти семестар на ПЕТ задолжителен предмет е Електронска и Мобилна Трговија. Сега, пишува предуслов дека е Интернет Програмирање - изборен од 3ти семестар.
Ова е точно? Сите препорачуваат да не се зема ИП, но испаѓа дека ќе морам?

Ако може некој што знае побрзо да ми каже, електронската пријава морам да ја пуштам а сега приметив за предметов. :(:(
Немој да запишуваш ип, ке те пуштат без исполнет услов. Несмее услов за задолжителен да биде изборен предмет.
 
Дали има ограничување колку изборни предмети смее највеќе да се земат од останатите студиски програми во текот на студиите?
 
Дали има ограничување колку изборни предмети смее највеќе да се земат од останатите студиски програми во текот на студиите?
Нема ограничување, истово прашање го имав поставено и неколку колеги ми потврдија дека нема ограничување. Има само ограничување во изборните предмети, мислам, значи не сум сигурен, може да избереш 3 предмети надвор од ФИНКИ т.е. во рамките на УКИМ (пр. ФЕИТ, Економски, Градежен ... итн.).
 
За веб програмирање гледам пишува предуслов Интернет технологии, а тој е изборен предмет. На iknow ми вика невалиден, т.е. не се исполнети предусловите, ама чудно ми е изборен предмет да биде предуслов за некој друг предмет.. Можам да го запишам предметов без да го имам слушано интернет технологии, и ако да, што треба да пишам како молба/коментар ?
 
Администрација на мрежни сервиси, со среќа на тие шо ќе го запишат, ќе се скапате бркање со Панче по факултет.
 
Некој да каже за Иновации во ИКТ каков е проектот што треба да се изработи и дали е задолжителен?
 
Хелоу од новопримена колешка :pipi: на прв поглед многу неорганизирано ми изгледа се на факсов, ваљда ќе учиме владеење со хаосот. Материјали, скрипти, испитни претпоставувам се набавуваат у копирницата (има ли некој информација дали ги имаат материјалите од прв семестар)? Зашо не ми влева доверба ни таа. :toe:

У секој случај, лукинг форвард то старт стадинг. Веќе се наоружав со тетратки и нерви, ми се чини тоа е императив за добро дадена сесија.
 
Последно уредено:
Хелоу од новопримена колешка :pipi: на прв поглед многу неорганизирано ми изгледа се на факсов, ваљда ќе учиме владеење со хаосот. Материјали, скрипти, испитни претпоставувам се набавуваат у копирницата (има ли некој информација дали ги имаат материјалите од прв семестар)? Зашо не ми влева доверба ни таа. :toe:

У секој случај, локинг форвард то старт стадинг. Веќе се наоружав со тетратки и нерви, ми се чини тоа е императив за добро дадена сесија.

Делумно точно, книги имаш на платформата courses , таму исто така ке ви бидат ставени предавањата во вид на презентација. Системот често паѓа али вероватно ке се навикнеш и на тоа. Предавањата може да ти бидат во бош период, например од 12 до 16часот па пауза 2 саати па од 18 до 20 и слично. И да, требаат челични нерви и со среќа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom