Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Може ли да се избере изборе предмет од друг смер...? Пример ИТ системи за учење да можат да го изберат студенти на ИКИ/КНИ а е во листата изборни предмети на Е Технологии...

Мoже
 
Јас зедов ИТ Системи и Маркетинг иако сум на КНИ. :)
Си го олеснил семестарот...Инаку јас сум на ИКИ и јас го земав ИТ системи...Ако ништо друго барем 1-2 предмети полесни да не се замараме...:D
 
Зошто толку мала заинтересираност за ики?
Читајќи ги минатите постови , луѓе викаа дека бил , тежок , ама почитуван смер.
Да не направив погрешна одлука?
според предметите што се учат ми изгледа добар, да не речам интересен.
Одличен избор...ИКИ е смер со поширока теориска основа, опфаќа помал дел од дигиталната електроника и хардверското ( машинско работење а компјутерот и во останатиот ,,софтверски дел'' е сличен со КНИ. Воедно ИКИ е и хронолошки смер бидејќи почнуваш од основата па постепено се надоградуваш. Заедно со КНИ важат за двете најтешки и најобемни студики програми...Спремај се добро, прва година на ИКИ е убедливо најтешка, нема простор за маневар ( кој во втора и повисоките години го имаш со тоа што има доста изборни и можеш да бираш изборни и од други смерви), уште за прв семестар потребни ти се познавања за определени интеграли и изводи за Основи на електрични кола и Физика 1, и добра основа од Математика во 3 и 4 година средно за Калкулус 1...Од двата изборни мој совет ти е да го одбереш Вовед во Информатика...
 
Бази на податоци кај кого да слушам кој е најок
Д-р Данчо Давчев
Д-р Маргита Кон-Поповска
Д-р Горан Велинов
???
 
Дали треба да се пријават предметите на iknow, и јас не можам никако да се најавам на iknow, да не го има некој истиот проблем???
 
Дали треба да се пријават предметите на iknow, и јас не можам никако да се најавам на iknow, да не го има некој истиот проблем???
Ако си втора или поише, тогаш треба да ги пријавиш, ако мислиш на запишување предмети електронски. Дали одиш преку оваа постапка:
students.finki.ukim.mk > електронско досие > најава ?
Ако и понатаму неможеш да се логираш со твојот индекс и лозинка, тогаш прашај во студентски или пиши му меил на Боро Јакимовски.
 
Минатата година кога започнаа предавањата за втора,трета и четврта година?
 
Hello World. Оформивме и страна на фб за подобра комуникација, часовите ќе започнат за 2-3 недели, па до тогаш мавнете еден лајк :) И среќно на сите бруцоши. https://www.facebook.com/privatniCasoviProgramiranje
 
Знае некој како се мења група на финки за прва год? :D
 
Еве и јас сакам да сменам група од 4-та на 1-ва на ПЕТ затоа што не ми одговара распоредот на часовите и нема да можам да си идам во Петок дома а и цимерот е во 1-ва група. Прочитав на страната на ФИНКИ „НАПОМЕНА: Промена на група е дозволена само доколку постои преклопување со друг предмет (изборен или предмет од друга студиска година). Молба за промена се доставува во студентски прашања.“ ама не сфаќам баш добро, распоредот на часови на 4-та и 1-ва група е различен, дали можам да се префрлам?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom